Досега никогаш не ми стигнала толку брзо , вчера нарачав денес испратена и денес подигната од курир, сигурно ги имале во магацин во Скопје , буквално за два дена и тоа за време на попуст.
Ми треба помош ако знае некој да ми каже. Нарачував онлајн од Зара- Германија,плајкав преку paypal само што ја направив нарачката сите производи беа распродадени,парите се повлечени од paypal,ама јас на апликацијата ја немам нарачката,ни пак добив маил,стално ми праќаат дека нарачката е примена. И сега не можам да си ја видам нарачката не знаѓ дали ке стигне или не дали некој имал сличен проблем?
Ако немаш мејл и ја нема нарачката а и сите работи биле распоредадени тоа значи дека нема да ја добиеш. Е сега да им пишеш на Зара на четот онлајн да им ја објасниш ситуацијата за да ти ги рефундираат с-вата.
Добро шо к*р и на апликацијава за Андроид? Пробувам да се логирам, лозинката ја знам и нејќе, вика дека не постои таков корисник, не ме препознава, а на веб сајтот без проблем се најавувам. На апликацијата попрегледно ми е, на сајтот многу споро ми отвара. @IRBBB смени лозинка ти? Дека нели имаше проблем. И ја викам ај да сменам директно на сајтот и нејќе ни така. Се изнервирав, ми се одмилија и попусти и се, па нека ја средат апликацијата нема смисла вака. Цело време ова го дава, а лозинката е точна.
Не успеав никако. Ниту ми стигна меил за промена на лозинка, ниту ме регистрираше на апликацијата, ниту пак откако направив нов акаунт на веб страната можев да се најавам на апп. Среќа мм има регистриран профил на апп одамна, па од кај него порачав. Катастрофа е апликацијата и јас многу се изнервирав.
Абе ужас, искрено океј си беше апликацијава си работеше супер, што се деси сеа и тоа баш за време на попусти не ми е јасно, ваљда се трудат да ги средат баговиве што се појавуваат.. Иначе мене ми стига на мејл за промена на лозинка ако поднесам барање за нова лозинка преку сајтото но кога одам во мејлот да пристапам до линкот што го дава за промена, пишува дека е истечено времето и не може да се смени, а нема везе, не е можно за неколку секунди да истече. Абе они губат, додека не си ја средат апликацијата нема да порачувам, ме фати инат. Па мислам дека од Мк се најавувам, ај ќе проверам пак.
Што се случува со достапноста на некои артикли? Додавам во кошничка со бр што ми одговара кој е достапен и тоа после 00часот,одам да направам порачка немаат повеќе на залиха,потоа пак се враќа и е достапно и пак го нема и цело време во круг...
Тоа е зара на попуст. Нонстоп треба да се проверува за да се начека нешто. Во еден момент го има, па го нема. Па утре го има пак и така
Да ве прашам, дали некој има нарачувано или купено од зара детско ама за себе? Ми се допаѓа една маичка од детското пишува дека има величона 13-14 (164cm) а ја сум висока 155-157cm, (55кг) па дали би ми била точна што мислите?
Искрено не знам баш дали се исплати попустов, од неколку работи што планираме да ги порачаме дали едно ќе биде достапно, плус рачунајте 240 ден. за сите и која е фората, што сме заштедиле? Ништо. У продавница да идеш и да имаш среќа да начекаш работи што ти се свиѓаат да ама вака, не баш. Којзнае, ризик е, вака слабичка си или не толку? Според висината и тежината не би требало да си ептен слаба, да беше 45 кг можеби ама вака шо знам. Иако зависи и до моделот, има широчки модели што и мене може ќе ме фатат, не пак тебе. Ама има и ептен тесни минијатурни. Ако си ситна градба можеби и ќе ти биде точно. Пробај ако толку имаш мерак па можеш да го вратиш ако не одговара секако.