Многу го почитувам вашиот сајт. Многу интересно ми е секојдневно да ги прелистувам скоро сите вести кои ги објавувате. Особено драго ми е зато што никогаш. ама баш никогаш не замарате со политика!!!! Ама кога ги видов рекламите за избориве ми стана мака на душава, И ВИЕ ЛИ моравте?Аман доста ни е, ова место каде што пред време рековте дека нема да објавувате политика и вести сврзани со неа? Зошто?
Што им се мешаш во маркетинг? Подобро политичка реклама ќе гледам отколку гзот како шифоњер на Кардашијан. А и не си морала да се регистрираш на форум само за да им го кажеш ова, си можела да прокоментираш под некоја од статиите.
Се мешам оти имам некој грам мозок во главата и не ми се замара со политика, не на места каде што не и е местото...И не не сум идиот да пишувам забелешки не сврзани со статиите под нив!
Епа ако не ти се пишува под статии, напиши некоја колумна во некој дневен весник, пожали се за фемина, искористи го тој грам мозок што го имаш, што друго да ти кажам.
Очигледно бавно разбираш па мора да ти објасни човек подетално... "..напиши некоја колумна во некој дневен весник, пожали се за фемина, искористи го тој грам мозок што го имаш.." А ти што мислиш зошто ја напишав темата? Ајде те молам за во иднина искористи ја таа глава што ти ја дал Господ, пред да коментираш нешто....
Мене па ми е апсолутно сеедно дали рекламата е за Кафетин менструал или Хорхе. Тотално небитно. Јас си ги читам статиите, кликам на тоа што ме интересира и готово. Сите портали имаат реклами, на крајот на краиштата како очекувате да функционираат ако некој не им плати за рекламен простор?
Да, и сега админите на сајтот веднаш ќе те послушаат и ќе ги тргнат рекламите што тебе не ти се допаѓаат, ќе изгубат профит за кој се бори секој човек, само за ти да бидеш задоволена. Не се нервирај толку, со толку остри зборови и навреди, темава и онака не ја бива за ништо.
^ Оф бреее затоа јас луѓето со многу 'мозок' неможам да ги разберам никогаш. Секогаш коментираат нешто што навистина не е за коментирање едноставно својот голем 'мозок' го користат размислувајќи за толку небитни работи ...
slavicahristova За да не се нервираш со рекламите на сајтовите има бесплатна екстензија за Google Chrome која ги блокира сите реклами. Оди на трите линии во горниот десен агол во броусерот и одбери Settings и кога ќе ти се отвори од лева страна ќе видиш пишува Extensions кликни на него и откога ќе ти се отвори оди најдолу и ќе видиш пишува Get more extensions и побарај ја екстензијата AdBlock и симни ја. Многу е ефикасна. И јас сум многу задоволна и поштедена од секакви реклами. Што се однесува со рекламирањето тоа е бизнис, секој сака да заработи. Ама за фемина мислам поубаво ќе беше или никого да нерекламира или сите. Сепак според мене вакви политички реклами се вишок и не одговараат со тематиката на сајтот.
Eј мислев дека AdBlock работи само за YouTube, ама сигурно затоа што го имам додадено само тој додаток за YouTube што е.. Благодарам за советот, врши работа..... Сепак како што и ти кажа не ми беше толку за да не ги гледам политичките реклами колку што сметам дека не одговараат на сајтов....Тоа ти е исто како да одиш у супермаркет за храна и таму рекламираат порно...не оди ))))))) До сите други....шо мајка барате да коментирате под темава ако не ја разбирате?