Засекогаш твоја (Елизабет Гилберт)

Дискусија во 'Книги' започната од Cakica, 25 октомври 2012.

  1. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    На крајот од најпродаваното нејзино дело Јади моли се уживај , Елизабет Гилберт се вљубува во Фелипе, Бразилец со австралиско државјанство. Заминувајќи во Америка двојката се колне на вечна верност но истовремено се заветува дека никогаш во животот , под никакви услови нема легално да се венчаат . Сепак , еден ден се вмешува судбината олицетворена во Владата на САД која откако неочекувано ќе го притвори Фелипе на американската граница ќе и даде избор на двојката - или ќе се венчаат или на Фелипе нема да му биде дозволено да влезе во земјата . Откако ќе се венчаат , Гилберт ќе почне отворено да зборува за своите стравови од бракот така што целосно ја обработува оваа тема , обидувајќи се со сите сили да открие преку историски истражувања , интервјуа и многи лични искуства што претставува оваа тврдоглава древна институција . Раскажана со нејзината позната досетливост интелегенција и страст, Елизабет Гилберт прави обид да ги вклучи сите светла кога станува збор за бракот така што искрено ги преиспитува прашањата поврзани со меѓусебната подносливост, залуденоста , верноста, семејната традиција, општествените очекувања, ризиците од развод и понизното однесување. Ова дело претставува прослава на љубовта со нејзините сложености и последици кои ги носи со себе вистинската љубов во вистинскиот реален свет .