Го пребарав цел форум но не успеав да најдам ваква тема. Ако има некоа слична или дупла или непотребна КЛУЧ! Гласот ми се фати и едвај зборам. Но не од гласно викање туку од настинка Знае ли некој како да ми се пушти побрзо... барем до вечер?
Пробај и само со прегорен шеќер - така го вика баба ми. Го загреваш шеќерот до карамелизирање, додека не добие некоја си медова боја и внимателно додаваш вода - има вкус сличен на карамела, што знам, благичко, ама ги опушта гласните жици.
И јас го имам истиот проблем, барем неколку пати во годината. Ова време (есен) особено... Прво почнува да ме гребе грлото, па гласот ми се фаќа. За среќа, млекото со прегорен шеќер дава брзи резултати, брзо помага. А мене ми помага и било каква топла напивка.
А што мразам кога ке засипнам лелеееее, поготово што треба да надвикам голем број на ученици на работа
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Здраво феминки Баба ми имаше бронхит пред три недели.Беше во болница една недела но и се фати премногу гласот и никако не сака да и се пушти.Три недели неможи да збори.Доколку некој е запознаен со ова и доколку знае лек би го замолил да ми каже
И јас го имам истиот проблем, со тоа што ми страда и носот и гласот. Бев на преглед и ми кажаа според симптомите дека е алергија, но алерготестот не покажа на што. Сега земам препарати за имунитет и спреј за нос на природна база и чекам резултат
Здраво Феминки ! Сакам да споделам сличен проблем па се надевам ќе ми одговорите со некое решение,некој рецепт или нешто за испирање,било што затоа што ова е веќе досадно многу Веќе подолго време ме мачи,ми се фаќа гласот(т.е ми засипнува) но само онака на 2-3 секунди и морам да го направам она "кхм,хм " ако ме разбирате но тоа се случува по 200 пати во денот и тоа посебно кога правам поголема пауза од зборување...онака инстиктивно отвараш уста да кажеш нешто и звучиш како робот Значи веќе почна да ме нервира многу,неможам нормално да зборувам бидејќи на секои 10 минути треба да се поткашлам,и трае многу долго време(со месеци). Инаку не сум настината моментално и се чувствувам добро,но се мислам да не е можеби последица од некоја недолечена настинка проследена со кашлица,бидејки имам слушнато дека длабока кашлица која не е долечена остава"дамка" на плуќата. Ве молам за некој совет или рецепт да споделите иако гледам дека темава е почната многу одамна но сепак да не отворам нова.Ве молам,затоа што веќе многу ми пречи,а освен тоа имам и интервјуа каде што треба да изгледам сигурна и спремна,а на последното не се чувствував баш најпријатно со кхмкање на секои 5 минути .Затоа ве молам заа совет,ако не конечно да се јавам на доктор Благодарам,се надевам ке ми одговори некој најбрзо што може
Здраво феминки , доколку сте имале сличен проблем со мојот ве молам споделете искуство и решение бидејки ова е неподонсливо. Значи не сум настината , ниту пак во скоро време ме болело грло или слично, но после секое излегување па дури и на кафе да отидам се враќам дома со граздав глас и едвај зборувам , овој проблем ми трае веќе подолго време а на лекар ми кажаа дека е од прегласно зборување. Проблемот е тоа што дури и кога не зборувам воопшто мене ми е фатен. Моментално не можам да зборувам, како да ми се отпушти најбрзо? (повторувам НЕ Е ПОСЛЕДИЦА НА НАСТИНКА.)
Мирувај.Не го користи гласот многу.Пиј топли чаеви од нане и од камилица(со малку лимон). Ама,најдобро ќе ти биде да одиш и кај друг лекар.
Одите на лекар со време , мојата братучетка имаше ваков проблем и мислеше дека е настината цела година , и на крај се испостави дека има полилипи и се праеше операција и супер е сега Проверете ја и тероидната жлезда
И јас мислам дека се полипи , бидејки подолго време трае ова, ќе треба да посетам друг доктор дефинитивно. Сепак ви благодарам
Не мисли многу )))) Опушти се. Може едноставно имаш задебелување на гласилките/една гласилка. Отиди, нека те провери лекар ОРЛ. Процедурата, иако изгледа страшна, верувај ми дека не е воопшто.
Девојки некое чаре? Ми се фати гласот зборувам онака, се гледа дека е малце зарипнат, ама проблем е тоа што не можам да пеам, а сепак петок имам важен настап во Хрватска како солист. Некое чаре да се пушти шо побрзо до петок цел.
Да пиеш компот од модри сливи, помага за гласот. И никако топли напитоци, само ладно за да не се влоши ларингитот.