1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Засолниште за Судниот ден (Doomsday Castle) [2013]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од corto.maltese, 13 февруари 2014.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Во еден куп теми отворени за Ѓумуши, мали невести, султани и слични турско-индиско мизерии и глупости, не е на одмет и тема за нешто што според квалитетот по малку се одвојува од погоре споменативе (не дека ми се гледани), поинтересно е од нив, а доаѓа од западот.

    Doomsday Castle е еден вид реално ТВ шоу кое се емитува на National Geographic. Со оглед на тоа дека на Нешнал Џ. даваат неколку типови на вакви ТВ серии со подготовка за апокалипса, зомби напади, магнетни бури, економски колапси и слични ситуации кои би довеле до крај на светот, масовно лудило, потрага и желба за храна, вода, потреба за жени (да, и ова го имаше!) и ваквите емисии имаат гледаност, очигледно е дека Н.Џ. барем привремено најде златен рудник и "чешма за крстење" во овој жанр. Нешто слично на Дискавери пред некоја година со преживувањата на Беар Грилс, шоу после кое се изнагледавме и уште гледаме секакви преживувачи.

    Да се вратиме на Doomsday Castle.
    Главниот на овој проект е Брентон Брунс, будалетинка со начукани одприлика негде 60 години, кој опседнат дека кога-тогаш ќе дојде крај на светот (преку магнетна бура), започнува да гради замок-тврдина на едно ридиште во Јужна Каролина, САД. Во реализацијата му помагаат неговите 5 деца-синовите Брентон Двојката и Мајкл и трите ќерки Ешли, Линдзи и Доун-Мари. Нормално, татко им е па и овие се метнати на него, т.е. малоумни, па со цел памет се впуштаат во изградба на замокот за успешно да го дочекаат Судниот ден.
    Старово ги учи да пукаат со вистинско оружје, им создава работни навики на 5-те мрзи, поалениве често се караат, дури и се тепаат па мора да интервенира, ги учи одбрамбени вештини, преживување во одредени ситуации и што све не. Го градат замокот. Градат катапулт. Обезбедуваат извор на чиста вода. Решаваат проблеми со обновливи извори на храна, така што девојките набутаа 3-4 кокошки без петел во кафез и обезбедија јајца за до крај на светот :D . Браќава утепаа во стапица домашна свиња од 50 кг, па мислат дека сите гледачи се мутави како Американците и ќе им поверуваат на продуцентите дека тоа е див вепар од преку 100 кг.

    Се на се, шоу правено по интелектуален стандард за гледачите во САД, а кога веќе се дава и кај нас не е лошо за тепање време и фаќање сеир. Интересно е тоа што иако е само еден вид наместено и по претходно сценарио снимено ТВ шоу, сепак буди фантазија што би било кога би биле во таква ситуација и кои би биле нашите постапки. Каде семејството Брунс греши, што треба да промени и што може да се научи од нивниот проект.
     

    Прикачени фајлови:

    • doomsday c.jpg
      doomsday c.jpg
      Големина на фајлот:
      37,6 KB
      Прегледи:
      53