1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Засрамени пред наставник/професор

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од hristinnnna, 19 ноември 2013.

  1. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Разгледвав теми и имаше теми, кога и како општо сте се засрамиле, пред родителите и сл, ама не најдов никаде ваква тема за брука пред професори.
    Па затоа ајде да споделеме некоја засрамувачка случка хаха

    Ајде јас прва да почнам.
    Изборен час, правиме проекти и нешо се зезавме во мојата група и јас ја прашав другарка ми што брич користи, а наставникот до мене да бил, па кое намрави една кисела фаца, свест да ти се земе, ко кизнеј што да прашав. :^)
    На час кај најлошата наставничка, по географија, прашува дали можеме да најдеме смокви во Битола, а тоа нормално нема бидејки немаме соодветна клима и јас ни пет ни шест и викам да можиме на пазар.Коа ми текна што реков ќе пропаднев в земја, ама добро барем добро се насмеавме. :$
    Друго читавме на глас еротски коледарски песни демек, а зад нас да ти бил наставникот и се изнасмеа. :x
    По историја наместо градот на јаболката ресен, реков градот на јаболката Велес.
    И уште мноогу други, бидејки константно си лупам безвезе работи заборавајќи каде се наоѓам и пред кого. :worried: :emo:
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Избрукани пред наставник/професор.

    Ехее...колку такви моменти има... :lol:
    Овие се тазе:
    -За време на часот на друграка ми и ги превтев очите, а наставничката помисли дека неа и ги вртам очите.
    -На математика еднаш на мојата тогашна другарка и реков дека ме боли газот од седење а наставничката ме слушна
    -
     
  3. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Денеска мавтав на едни деца, ама пред нив идеше наставничката. Жената си помисли дека на неа и мавтам :D
    Еднаш и поткажував на една другарка на тестот математика, а таа не ме разбрала и се погрешно напишала. И ние онакви: ооо јес, овој наставников ништо не гледа! Нареден час гледам кај другарката на тестот напишано: ЛОШО ЧУЕНО (со големи црвени букви). Брука невидена.
    Исто така кога со другарките оговараме некој наставник/наставничка, ќе се свртиме и тој/таа да биле позади нас :D
     
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Хм, чекајте да размислам.
    Многу се.

    Пример се имам сопнато пред професори (читај цела група професори). :$
    Имам и некои бисери, ама не ги кажувам срам ми е.
    Имам згазнато неколку професорки на нога.
    Си правев балон на часот и пукна силоо и ми се залепи на носот. :lol:
     
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Е па имавме час кај класната и ја прашав дали можи да појдам да се напијам вода и ме пушти :rofl: , појдов и кога се вратив ме праша дали не ми студи (бидејќи бев по куси ракави, а надвор дуваше ветер) и јас одговорив со „ЦУК“ :lol: . После класната ми вели на кој јазик е овај одговор и јас реков дека незнам :?: и после ми беше малку страм :$ , ама помина :rofl: . ахаххахахах :P
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Си го обожавав професорот по хемија,и на крајот на еден час мојата другарка му рече дека ми бил симпатија.Посакав да имаше некоја дупка,да се закопам и да не излезам никогаш :D После настанов ми беше ептен непријатно,башка и на прва клупа седев,а професорот секогаш ми викаше по име,и од тогаш почна по презиме.Кој знае што си помислил :D
     
  7. Yea

    Yea Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Минатата година бев дежурна и еден човек ми донесе писма кои требаше да ги раздадам на професорите. Ама кога стигнавме на ред да му дадеме на професотот германски (со кој цело време се шегуваме) една другарка стоеше пред мене и од неа се сопнав и се залепив пред цело осмо одделение.хахаххахха. Одвај станав и избегав одма во тоалет за да не ме видат :(
     
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Тоа беше во средно, класната ме избрука баш убаво.
    Доаѓам јас на школо со пирс, и кога ме виде целата изнервирана ми рече - Стави си пирсови по цело лице и на носот стави слонова коска и оди во Африка :worried:hock: :rofl:
     
  9. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Кога бев на основно училиште имавме час по О.Т.П и наставничката не седна по групи и другарми вика леле овде мириса на пиво а јас му викам мириса на пи*ка а не ни заприметив дека наставничката е зас мене живи страмој :lol:

    Имавме час по ликовно ама наставникот не веше сеуште влезен и другарми кој седеше две клупи пред мене нацртал к*р и ми го покажува јас наместо да го фрлам кај другарми незаприметив дека влегол наставникот му го фрлив него пред нозе ... уф кога ми текнува зини земјо голтни ме :worried:
     
  10. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    многу ми е гајле ако бидам засрамена пред наставник!
    :wasntme: :devil: :wasntme:
     
  11. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Еднаш многу јако се изглупирав,не ни сакам да кажувам за тоа :D Срам ми е.
     
  12. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Еии да, еднаш ептен се засрамив пред класната и тоа колку сум била глупава, само за да го видам симпатијата.Оваа по физика секогаш не пушта да си одиме по веце кога ќе ѕвони и не не запишува и поради тоа ние си се опуштивме и си шетаме по училиште.Ама овојпат стварно ми се одеше во це не беше шала и ајде да не одам сама скоро сите девојчиња од класот ги викнав со мене.Излегувам од училницата и има што да видам, класната стои надвор со некои нејзини ученици за 8 Март.Таа им беше порано класна на тиа, а меѓу нив беше и мојата симпатија.Ич несакав да го видам, ама ете.Си отидовме до веце, се вративме.Ама јас, ај пак да одиме.И влегуваме и и викам на наставничката дека имам женски проблеми (а навистина имав во моментот).Таа ме праша дали имам потреба да си одам дома, а јас и велам не, имам потреба да одам во веце.И тогаш еден школски се развика на цел глас пред цел клас менструација.Хахаха, ама воопшто не се посрамив ни пред наставничката ни пред класот бидејќи сешто се збори во наш клас.И да не одам сама, пак си зедов другарка со мене.Излеговме и класната не прашува кај ќе одите и ние викаме во веце, таа не праша па нели сега бевме ние си продолживме и не и ни одговоривме.Потоа кога се враќавме назад во училница гледам си отишле бившите ученици на класната.Ми олесна тогаш.Ама сметам дека повеќе се засрамивме пред симпатијата и неговите соученици отколку пред наставничката.И само тој засрамувачки момент го имам.Да бе веше симпатијата немаше ни тој засрамувачки момент да го има, ама ете сега кога ќе се сетам се смеам на тоа, :lol: ама добро сме се обрукале. :x :emo:
     
  13. ivchee.ivche

    ivchee.ivche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Кога реков дека гусарство е ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ГУСКИ ХАХАХХАХАХАХАХ :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На buba4e89 и tessie им се допаѓа ова.
  14. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Ова во осмо, на македонски нешто шепоти другаров " Милица да п*шиш к*р" И ја заборавив дека сум на час , си се изразив слободно , со нормален глас " Да Милица, да п*шиш к*р" И тогаш ама ептен се засрамив иако мислам дека не ме ни слушна наставничката. И сега во прва година , се карав со еден Мартин иии нешто му викам еее болно дете од кај да знам јас, ии географија ми вика лелел како така на другарчето види што е убав. иии уште едно , во петто со другарот цело време ломотевме на час, иии историја , цитирам: " Битанго, сврти се напред" ( ова на другаров) , овде не се засрамив , ама жал ми беше за другарчево хаха
    Ги имало многу вакви слични, ама овие ми се онака нај.
    Поздрав
     
  15. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Се засрамив еднаш во осмо, кога на наставничката по ликовно и се обратив „МАМИЧКО ДОЈДИ МАЛКУ„ тогаш изработувавме фигури од сапун :$
     
  16. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Охх κолκу пати сум се засρамила, не саκам да пишувам :tmi:.
     
  17. SouthParkFan

    SouthParkFan Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    кога ме фати еднап наставничката како препишувам а имам петка ауу срамм
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Во 1 година тој професорот што ми беше технологија на конфекционирање не собра сите околу една клупа да се договориме кој за што ќе прави проект. И таа една другарка Сенѓул зад мене стоеше и цело време нешто ми се смешка и ме зафракава а јас си ќутам си ќутам си ќутам а таа без осет и наеднаш ми преќисна и на цел глас се издрав на турски јади г***а :o а професорот разбираше така по некој збор турски и ми вика ким - кој :o а другите околе мене гласно се исмеаа. :tmi: Верувале или не ми идеше во земја да пропаднам!
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Сигурно се случило повеќе пати, зашто си трескав јас често. :lol: Но во моментов ми текнува во втора година кога по историја почнав да раскажувам нешто иако бев далееееку од спремна за тоа и нормално се укочив, не знаев да продолжам. И си гледам ја у плафон, тој ми вика седи кец. И јас си се изнасмеав не знам што ми дојде од внатре ама баш како човек кога ќе се израдува нешто. :rofl: Знам да бидам налудничава на моменти и да реагирам чудно. :lol: И тогаш и тој ме погледна чудно и сите од клас и мислам дека до крај на средно ми го спомнуваа тоа: еј памтиш кога ти стави професорот по историја кец а ти му се изнасмеа?? Хаха лудница. :rofl: Ако ми текне уште нешто ќе пишам. :D

    Па не за џабе ме викаа Смајли, све насмеана. :wasntme: Дури и кога не треба очигледно. :rofl: Епа сеа.... со плачење нема да ги смениме работите, шта је ту је, порано требало да се мисли. :lol:

    Аииии за малку да заборавам. Во прва година ми се допаѓаше заменик директорот и детиште ненормално на заебанција заедно со другарките му пикнавме под вратата од канцеларија од оние моливчињата што ги имаше знаете со текст „ми се допаѓаш“ и мојот број на него. :$ Најзасрамена бев кога класната ми го врати моливчето назад хахаха, бидејќи има камери баш пред канцеларијата (а јас не ни знаев, нели новајлија) и веројатно тој ја викнал неа. Ми се насмеа додека ми го враќаше изговорувајќи: ах бе деца бе деца. :rofl:
     
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Леле кога сум паднала пред наставничката по историја, ми рече аман мори Ангела пази малку ќе се искршиш.
    Заради Бојан беше тоа.
     
    На Polumaturantite му/ѝ се допаѓа ова.