Не само пред наставничката, туку пред сите... Се случи во основно, не се сеќавам кое одделение, можеби шесто. Имавме час по англиски и наставничката ни даде да обработиме вежба. И така ние си пишуваме и во тишината многу гласно се слушна мојот стомак... Онолку силно кркорење никогаш не прозилегло, но најтрагично е што звучеше како прдеж... Луѓе мои, до крајот на часот не можев да погледнам никој, со наведната глава во тетратката седев.
Еднаш си отидовме со една другарка од физичко, досадно ни беше и таман излеговме на улица, класниот не’ виде, се извадивме нешо смисливме, ама ми беше многу незгодно.
Во основно , кога ме залепија на турнир во ракомет за бетон. Па кога отеков во муцките ка Мели со ботоксот . Наставникот ме однесе со кола до дома .
Бев дежурна и ме прати една професорка по дневник да и барам. Таман шо тргнав да идам, паднав по скали, ем ноктот го скршив, ем маската на телефонот ја пукнав. И дур станувам, да и речам на другарката, мислев оваа професорката отишла, викам "аман, ради оваа сега се испоутепав, кај да и го најдам тој дневник " и оваа позади мене да ти била. Која брука...
Во основно еден ден ја немаше наставничката по биологија и на место биологија ни заменија да имаме француски. А наставничката по француски ни беше класна. И сега на сите од класот не им се држело француски пошо не го сакаа тој предмет и рекоа сите ќе избегаме од час ќе отидеме во дворот кај фонтаната. Јас велам дека не можам пошто наставничката мене многу ме сакаше а бев една од најдобрите ученици. Па ќе ми се налутеа другите ако останев и ајде и јас отидов со нив. А бев претседател на класот. И наставничката кога виде дека не нема ниту еден во училницата излезе надвор не виде и одма ми рече на мене пошто бев претседател ми вели како можев јас тоа да го направам и ми рече другите треба да одат по твојот пат а не ти по нивниот и ми рече нели ти е срам? Тогаш се засрамив мноооогу но ете помина некако и после им бев лута на другите од класот пошто јас настрадав за сите.
На часот по физичко налета класната да ми каже да останам после часовите да земам нешто а тогаш јас и една друга другарка се каравме со наставникот бидејќи не ни дозволуваше да правиме вежби на кариоките а на другите деца им даваше. А на наш час по физичко у салата е како у штала буквално кој што си сакаше правеше и што сакавме му кажувавме на наставникот, еднаш едно дете го испцува пред него. И така јас и другарка ми се каравме со наставникот, класната доаѓа дека она е многу строга жена сите имаме страв од неа, и она влегува никој не ја приметува дека дошла пошто секој си прави она што си сака и не гледа нас две како се караме со наставникот и другарка ми, ми вели ај заврти ја главата накај вратата види кој дојде. Леле кога видов..... Многу ми падна срам пошто наставничката ми кажа дека се изначудила од мене и дека тоа не го очекувала дека сум одлична ученичка.... Леле колку ми падна срам
Во средно бегавме со другарки од час и се прекачувавме од оградата и оп, класната одма од другата страна. Не праша само дали ќе се вратиме за нејзиниот час и си отиде. Пропаднавме во земја.