1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Затворање на обложувалниците и казината

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 2 јануари 2019.

?

Дали би го поддржале затворањето на обложувалниците?

  1. Да

    95 глас(а)
    67,4%
  2. Не

    28 глас(а)
    19,9%
  3. Сеедно ми е

    18 глас(а)
    12,8%
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Со почетокот на новата година во Албанија стапи на сила нов закон според кој беа затворени 4300 кладилници. Според овој закон забрнети се не само кладилниците и казината туку и онлајн обложувањето. Дозволено е коцкање/кладење само во елитни хотели со пет ѕвездички и само ако се надвор од урбано подрачје.

    Кога се појави веста на социјалните мрежи во Македонија, многу граѓани избраа силно да ја поздрават одлуката со која според нив се прави чекор напред во сузбивањето на негативните општествени практики на опседнатост со обложувалници и казина – која не ретко прераснува во проблем за многу граѓани кои потоа се задолжуваат и стануваат проблем за своите семејства и целата заедница.

    Од друга страна, еден од секторите кој најмногу позитивно влијаел врз порастот на македонскиот БДП од 3% се токму обложувалниците, казината и трговијата, што сигнализира дека овие дејности и понатаму се значајни за развојот на економијата.

    Кој е вашиот став за затварањето на кладилниците и казината во Македонија?
     
    На referentka, mari_sa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Мојот став е дека треба значително да се намалат, по број на жители. Ова не е нормално колку има, на секој чекор.
     
    На blackwave, Mr. Right, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  3. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Заради тие кладилници и тој комар дали знаете дека еден наш сосед е во бегство и дека станот му го запалија?
    Јас не знам како се опседнати, буквално непотребна беља работа, мислат дека ќе се обогатат со тоа.
     
    На candy.cane и worrieddd им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Кај мене преку улица се една до друга Моцарт, Спорт Лајф и Копачка, а до нив одма Астра значи ова во радиус од 300 метри, настрана од цела населба што има уште едно казино и сигурно 7-8 кладилници...од младо до старо се е навлечено на комар почнувајќи од тие што играат за "забава" до оние ептен навлечени што изгубиле куќи, коли и станови.
    Дефинитивно треба да се ограничи бројот и да се едуцираат помладите околу оваа проблематика, зашто ова почнува уште во основно (поготово кај машките) иако не смеат да влезат во кладилница наоѓаат начини а и да се стави некој поголем минимален влог зашто со 20, 30 50 денари се почнува, после е касно...мислам дека ни дрога ни алкохол не растуриле толку животи и фамилии како коцката...
     
    На Mr. Right, Belgin1, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  5. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Кај нас што е уште полошо татковциве си одат таму со малите деца, еден го слушнав баш еднаш на син му 5-6 годинки имаше,земал го носи во кладилница и му вика-сега тато ќе те научи на добар живот, и ти вака ќе правиш а не да бидеш прост како другите (n):puke:
    А сосед наш стан има сега запален и е во бегство заради тој комар.
     
    На Mr. Right, Eni.r, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Го поддржувам законот во Албанија. И тука има повеќе обложувалници од колку што треба. Не дека ми сметаат мене лично, но што е многу, многу е. Нема потреба од две обложувалници една спроти друга. Или на три метри раздалеченост. :^)
     
    На Mr. Right, candy.cane, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Да се затворат.
    Тоа е скапа забава за сиромашен народ.

    Доволно е да постои Лотарија на Македонија како државна лотарија и толку.
    Многу се накотија, на една улица има три кладилници и една коцкарница.

    Јас би го поддржала затварањето.
     
    На crimson, Mr. Right, Belgin1 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Да се затворат.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не сум за нивно затварање, држат многу работни места, и во држава како нашата, влијаат позитивно врз економијата. И да се донесе законов, нема да се затворат сите. Одбраните пак ќе постојат, а тој што се коцка пак ќе се коцка, макар на друг крај на градот било.
    Едино според мене, не знам дали е регулирано со закон, треба да се обрне внимание на кои локации може да се постави објектот. Ептен е грда сликата, на пример до училиште да стои казино/обложувалница.
     
    На P.S.love, Bender Rodriguez, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Еве, во право си...ама нека бидат надвор од населени места.
    На пример на пола пат Струмица -Штип.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не му го запалиле заради кладилниците и комарот, заради него му го запалиле.
    Мислите коцкање и комар не постоело уште од среден век?
    Да, премногу се, ама премногу се затоа што има кој да ги полни.
    Не да се затворат, туку да се работи на закони за нивната работа.
    Едукација од најмлада возраст дека коцката е зависност, или барем основна математика/статистика. Многумина очигледно освен коефициентите немаат појма за ништо повеќе од математика, чим зборат за начини на сигурна добивка, а не гледаат дека куќата си има осигурано статистички да не е никако во загуба.
    Поголеми почетни влогови, за да не може секој да си дозволи да се коцка. Поголеми даноци за да не ти се исплати да добиеш.
    Ако се затворат, со ангажираноста на нашите власти, знаете што ќе се случи? Ќе пркнат нелегални казина по подруми преку ноќ. Кој е зависник пак ќе најде како. Кој сака да се коцка ќе успее. Вака барем и оние што не се коцкаме да видиме аир од глупавоста на другите.
    За растурени фамилии од коцка знам и јас, ама знам и за такви што коцка ги растурила уште од пред да има казина и кладилници на секој чекор.
    Едукација, само тоа му е мајката.
     
    На corto.maltese, P.S.love, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Не сум за затворање , бидејки ни ја држат економијата :rofl:
    Кој им е крив на тие коцкари ?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Не сум ни јас да се затворат бидејќи никој со сила никого не тера да се коцка, а и ја држат економијата у државата. И јас знам понекогаш да пишам лифче у кладилница, знам да влезам и у казино ама на мали суми чисто од забава, некогаш таа забава те занесува и сум претерала малце не за цабе рекле коцката е курва, ќе фатиш еднаш и после цело време те лаже. Доколку секој си има ставено црвена линија до каде може да оди, колку му дозволува џебот мислам дека нема место за грижи, но за жал има доста хронично болни коцкари што од сабајле до вечер се у кладилница или казино ама за тоа мислам дека нема лек, и не е решение да се затворат обложувалниците зошто тој што е научен ќе најде начин и ќе почне да се шири тоа нелегално и ќе се кријат по некок дупки, подруми гаражи и пак ќе се коцкаат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Ако се затворат казината и обложувалниците, луѓето пак ќе најдат начин да се коцкаат. Тоа е исто како дрогата - не е легална, па пак има еден куп наркомани.
     
    На PaLaVa, Sesil, Viki693 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Живеам во мал град и моментално има 3 казина и 3 или 4 обложувалници не знам баш точно.
    Двете казина се ептен блиску само улица ги дели.
    Според мене не би требало да има толку многу, доволно е по едно казино и обложувалница.
     
    На candy.cane и Amellie13 им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    52.631
    Пол:
    Женски
    Што е премногу, премногу е. Јас сум за да се затворат. Или ептен да се ограничи бројот на казина/обложувалници и да биде поскапо така што да не може секој да си го дозволи тоа. Зависниците од ова, мислам на хардкор зависници а не некои што еднаш до двапати месечно одат, се паразити пред се за нивните семејства па потоа и за општеството.

    Пример: друштво од мое место студираат во главниот град и сите пари што им ги даваат родителите ги трошат на коцка најчесто, па потоа немале за да запишат семестар или пријават испити. Епа ќе немаат. Родителите нивни за тоа ли рмбаат, кои со земјоделие кои со што ќе најдат, за на крај тие да им ги коцкаат парите? И не, не верувам дека од дома ги воспитувале да ги прокоцкуваат парите со пот заработени. Само толку имаат во главата.
    Ако студенти вака прават, не можам да замислам за луѓе со створени фамилии како си ги уништуваат. И не само тие околу, најмногу себеси се уништуваат.

    Не, ова едноставно не е во ред. Казина на 300 метри и обложувалници една до друга насекаде. Не ме интересира ни економија, ни бдп, едноставно не е во ред од секаков друг аспект. Ама тоа е, прост народ.
     
    На Belgin1, PaLaVa, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. The_boy

    The_boy Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Машки
    Колку потенцијални работници а ништо чудно и потенцијални иноватори заглавиле таму, охоо...
     
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Сум против затворање, но исто така и не сакам да ги има на секој чекор, особено не покрај училишта, градинки и други места каде се движат деца. Не сакам да звучам сурово и навистина е жално што има случаи во кои луѓе губат поради тоа значајни и вредни работи но одлуката за тоа е нивна и ако биле совесни немале да отидат толку далеку туку ќе повлечеле граница. Јас на пример по казина не одам и нема ни да одам некогаш зошто тоа е моја одлука и сум доволно совесен. Други па размислуваат поинаку и треба да се почитува и нивното мислење и права. Тие што се загрижени и имаат деца треба да сфатат дека најважно е воспитувањето.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Да е ограничен бројот на кладилници и казина.. според број на жители.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Во последни две години има премногу казина. Дур одам до најблизок маркет врвам едно. Тргам накај пазарот врвам уште три. За казина ова. Спортски обложувалници поќе од дупло.

    Ама искрено, не ми смета. Кој сака да се коцка и да е надвор од град ќе се коцка, ама апсолутно би поддржала иницијатива да се намали бројот на казина и да се прелоцираат надвор од гратски средини зошто место три казина да има едно до едно и подолу уште пет обложувалници, убо би било да има уште нешто вака в центар на град, а не да е едно па исто.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.