А, забрана за цигари и алкохол кога? Кај се видело тоа во секоја коперација цели фрижидери пива и толкави сталаци цигари на каса.....
И казината да ги стаат и кладилниците на излазите од градот коцкарите и пешки ке одат никој нема да ги спречи. Инаку против коцкање сум знам дека тоа расипало многу фамилии.
Коцкање е едно, обложување е друго. Зошто сакаш да се ограничат само овие „пороци“, а други да си останат нечепнати? Можеме да мериме кој порок е полош?
Јас сум за исти ограничувања, и за едните и за другите. Не целосни забрани Никогаш целосни забрани, ама ограничувања.. како и на сите други бизниси впрочем (според анализа на потребите на граѓаните).. како што се прави во цел свет.. И бутици на секои 3 метра ме нервираат... посебно ако нема ни едно кино во градот... пример..
Ако ги затворат ќе дојде до самоубиство на "заразените" или големата преселба на народите. Така да и да ги затворат човекот нема да се смени, ќе отиде во соседниот град или држава. Тешка болест е тоа. Најтешка кога едно семејство пати од заболен од таква болест.
Да се намали бројот на постоечкиве. А не уште да се отвараат. Нека се стават некаде на не толку населено па тие 'тешките коцкари' нека идат. Јас имам работено во казино, да убави плати имаат ама знаете ли колку деца се лажат да доаѓаат..се заразуваат и се претвораат во тие 'тешките коцкари' утре можат и вашите деца таму да завршат. Ако го измаваат од едно казино он одма до него оди во друго.. и овие обложувалници до училишта а демек неможат малолетни да уплаќаат, сите се малолетни тука, место да јаде кифла се лаже ги пушта таму, пкус и апарати ставиле во обложувалници, катастрофа е за малолетните..
Не сум за нивно затварање, но за дислокација дефинитивно. Не може во радиус од 100 метара да има три кладилници, на секој чекор ги има буквално, на најубавите локации во градот. Наместо да се отвори некоја библиотека, книжара, кафуле било што убаво во мојот град се отвараат само кладилници и казина. Жално. А за луѓето што се коцкаат ич не ми е жал, нити гледам потреба да бидат спречени, никој не им ставил нож под грло. Си сакаат, си се коцкаат. Кој е зависен коцкар ке запали авто и ке помине и 100км за да се коцка. Нив семејството не успеало да ги спречи, закон ке ги спречи... Ке си најдат пак начин да се коцкаат, а работа ке изгубат многу луѓе. Така да за затварање не, но промена на локацијата дефинитивно мора да се направи нешто.
За затварање. Околу секое средно школо има обложувалници наместо книжари.Кога и да поминам покрај некоја,преполна е со луѓе од различна возраст. Што паметно и општествено корисно може да произлезе од обложувалници???
Во Скопје поготово на секој чекор има кладилници и казина, треба да се поднамали веќе. Место библиотеки да затвораа, да се затвораа кладилници и обложувалници попаметен народ ќе бевме.
Можеби не целосно да се затворат, но барем да се минимализираат. Све е тоа "лоповска работа" што би рекол татко ми. Никој не видел добро од казино и кладилница. Можеби еднаш, два пати па еве и три пати да ќариш нешто, но тоа е тешка опсесија и болест, едноставно те завлекува, не можеш да сопреш и на крај у бездна ти, твојата фамилија, имотот, све.
Јас не сум против затварање. Како сектор вработуваат доста луѓе, со данокот што го плаќаат имаат доста голем удел во финансирањето на јавните расходи, полнат државна каса. Ако се затворат карти и коцки нема да се забрани да се продава. Јас бев запрепастена скоро коа дознав колку коцкање има по биртии. Страствен коцкар нема да прекине да се коцка, само ќе смени тип на игра. Тоа што луѓето се коцкаат, не им е крива државата, самите не се ценат, колку работни саата треба да одработат за едно ,,ливче'' или за еден клик на слот машина... Тие кладилници што никнаа ко печурки после дожд, не се ради немање интерес за нив. А се додека има интерес за некој ,,производ'', ќе има и понуда за него, ако расти побарувачката и понудата ќе расти... Јесте влијаат лошо на граѓаните, посебно на младата популација, ама ако таа популација има свесни родители, кои се први што треба да им кажат дали нешто чини ил не, мање битно колку ги има и кај се лоцирани. Каков пример гледа дете од татко што си иди со билтен дома?
Абе зами,ација на мрзливиот и сиромашниот е коцка и криминал... Плус тоа, може во болест да премине. 'Страсното' коцкање, е всушност болест на зависност.
Гласав за ДА.Од причина што е тежок порок и влече.Како дрога е.Знам деца моја генерација што се длабоко ,,заглавени” на коцка, и не ја сфаќам поентата на коцкањето. Од алчност за пари да вложувам знаејќи дека можам и да изгубам.