Ај те молам, ама те молам, направи ми проста пресметка ако една кладилница или казино месечно зеле десет милиони денари а дале данок сто илјади денари плус два милиони за сметки кирија и плати за десет вработени, каде е народски кажано, ќарот тука? Баш сакам да знам...
Мрзливост, точно. За пет шест години дремење по пет шест часа на ден во кладилница, можеа два јазици да научат до Б1 плус некој курс да завршат. За помалку, за далеку помалку од дадените пари во коцкање.
А? Самоубиство секаде можеш да извршиш, нема потреба од кабина. А за да се коцкаат луѓето легално постојак казина, ако ги затвориме само ќе биде полошо како порано, ќе се коцкаат нелегално. И не заборавај дека никој никого не тера со сила да влезе во казино.
Исто како што никој никого не тера да пие, да се дрогира, да се самоубие, да краде и други легални или нелегални пороци. Во Албанија читав превзеле мерки во врска со кладилниците и казината, ма да како што знам сѐ уште постојат и работат само што голем дел од нив си плаќаат високи казни, така да, економски нема да издржат и ќе се затворат следните неколку месеци. Дајбоже исти закони и кај нас.
Ајде објасни зошто сакаш да се затворат? Никој никого не тера со сила да се коцка како што веќе еднаш кажав. Ако некој легално си отворил казино, плаќа данок која е поентата да му го уништиш бизнисот? Како што гледаш Македонија е преполна со казина и тоа поради што народот сака да се коцка своеволно. Да не оди никој таму газдата сам ќе го затвори казиното. Проблемот е во луѓето а не во казината. Ако некој е малоумен и неписмен да го стави сиот имот на коцка не го барај проблемот во казината. Сега ќе речеш па ако немаше казина тој немаше да го изгуби сиот имот или уништи животот таму, па логично ама и ако не постоеја автомобили никој немаше да загине во сообраќајна несреќа нели?
Значи некој ако не плаќа данок, треба да му се затвори бизнисот така? Тогаш треба црквите да се затворат и поповите да немаат право да работат.
Точно, и најобична продавница да е ако работи на црно треба да се затвори па така и со казината. Црквата не е бизнис. Црквата постои од пред десетици векови и се создадена за друга намена а не за бизнис. А тоа што некој ја злоупотребува треба да се сакнционира а не да бараш црквата да плаќа даноци бидејќи државата не вложува во цркви туку самиот народ своеволно.
Нека биде само казина, бордели и банки, бесцаринска зона за Европски богаташи, нешто измеѓу Монте Карло и Амстердам. Земја на гревот. Ама па и за така предиспозиции си треба, сигурна земја за туристи да си, стабилна економија. Бар ќар да се види од нив. Вака само пропаст за граѓаните кои излез гледаат во слот машина.
Не сум за целосно затворање, само поради луѓето за кои истите се работни места и некаков извор на егзистенција. Ама дефинитивно треба да се крева бројот на објекти од кои има едукативна корист (библиотеки, книжарници), а обложувалниците и казината да се проретчат. Редуцирање, повисоки цени, да се применува строга забрана за влез на малолетници (а не како што памтам уште од 7-8 одделение дека мои врсници - мачо сељачиња во развој киснеа секој ден уште на таа возраст со ливчиња спортска, а и во средно веќе некои посетуваа казина без проблем) и нивна едукација околу зависноста од игри на среќа - исто како и за сексот, дрогата и сл. „табу“ теми. Инаку, воопшто не го оправдувам коцкањето и го сметам за појава негативна за општеството, но се согласувам дека зависниците и без легални објекти - пак би нашле место и прилика да се уништуваат со својот порок.
i so ko ke gi zatvorat? Toj so se kocka i online ke se kocka , ima dosta internet sajtovi za igri na sreka
Абе вака да се бунеше народот за библиотеки,ке бевме најучен народ во светот,а не како што сме најнеписмен народ.
Човек што оди во библиотека а не оди во казино секогаш ќе биде поедуциран од човек кој оди во казино а не оди во библиотека.
Човек кој се коцка во казино,не го интересира светот,ни фамилијата,освен парите,и бројките во казиното.Во Мк има повеќе казина и кладилница,од било што друго.
Да прашам, дали ваш роднина или пријател игра спортска или иде во казино? Ако одговорот е да, да прашам: дали ќе има ефект игнорирање на тие луѓе?
Ако коцкањето е порок, цигарите се порок, алкохолот е порок, и ако се бориме против пороците, треба се` да се забрани: и алкохол, и цигари, и дрога, и коцкање... само така ќе имаме здрава нација... Ова последново ме потсеќа на еден со бркчиња од Националсоцијалистичка партија
Адолф застранил малку, наместо да изгради своја нација тој уништувал друга. Не научил на Тибет дека уништување носи уништување... Да се вратиме на реалноста. Единствен начин да се бори човек против кладилници е со игнорирање на коцкарите. Па можеби ќе се промени нешто...
Мојот чичко пред скоро 12 години почна од досада да игра кладилница,почна со 50 ден,стигна до 300 ден ливце,заглави до Шутка 3 години затвор.И он викаше не бе ова е занимација,интересно е,тепаш време,не се големи пари,али сите коцкари така се лажат,дека све е забава,додека не уништат и фамилија,и разболат родители и све да отиде во неповрат. Коцката друже не е порок,коцката е болест и завист,од кое лечење нема,цигарите неможат да го расипат семејството,браќата,сестрите,роднините,коцката растура све што постои на светов,исто и алкохолот(пијаниците) растураат све за 1-2 чашки ракија. Имам уште еден пример за коцкачње,имав порано другар кој никогаш не играше кладилница,ама влезе во казино и се зарази,неговите враќаа лихаврски долгови од 30 илјади евра,заглавени се 20 год во кредити,се ожени пријателов со цел дека ке тргне од коцката,дете му се роди он си продолжи по старо,све продаде од свадбата,бурми,облека све,и цел кеш што го собраа го искоцка,за 2 год се разведе,не плаќаше алиментација,беше 6 месеци во затвор во Охрид,и сега е уличар,без дете,без жена,без татко мајка,го избркаа.
Малце е траги-комично да се фалиме со трите проценти од БДП-то кога се збори за кладилници и казина, затоа што поимот „бруто домашен производ“ препоставува дека нешто се произведува, а реално кладилниците освен зависност и продлабочување на сиромаштијата не знам што друго би произведувале. Да не се лажеме, не сме ние Лас Вегас, не правиме пари од туристи кои доѓаат да се коцкаат – најголемиот дел од „посетителите“ се веќе сиромашни граѓани на државава. Точно е дека кој сака да се коцка, ќе најде начин – макар да фрла пари на Камени мост кај чичето што врти топче под кутии од кибритчиња, ама и точно е дека државата може да преземе чекори за максимално да се обесхрабрат оние кои сакаат да се коцкаат и да се спречи регрутирање на млади луѓе во овој начин на „заработка“. Кога Шведска може да ја регулира продажбата на алкохол за обесхрабрување на алкохолизмот, не гледам зошто ние како држава не би можеле построго да ги регулираме кладилниците и казината, особено ако сакаме да имаме „убао опшество“, како што милува да каже сегашниов ни премиер. Да се намали бројот на кладилници по жител, да се дислоцираат од централните градски подрачја, да има огромни казни за оние кои ќе дозволат обложување на малолетници (или воопшто малолетик да влезе во такво место), да се забрани нивно рекламирање – ништо од ова нема целосно да го искорени коцкањето, но е добар чекор во правата насока. И точно е дека коцката отсекогаш постоела и ќе постои, но и факт е дека сѐ поголемата достапност на кладилниците резултираше со нивна општествена прифатеност и дека бројот на луѓе кои ги посетуваат се зголемува, а нивната просечна возраст се намалува. Не би ја ставил вината целосно на родителите за порастот на млади луѓе кои си го арчат времето и парите по кладилници – општествената прифатеност на оваа појава, широката распространетост и peer pressure-от од средината исто така имаат огромна улога. Конечно, не верувам дека никој дома не го воспитале да пуши и дека цигарите се добри, ама колку луѓе пропушеле како млади само поради лесната достапност на цигарите, тоа што сите го правеле тоа или за да бидат прифатени во друштвото? Има многу работи што можат да се преземат, а да не биде тоа нешто радикално како целосна забрана – жалното е тоа што никој не презема ништо.