Мене апсолутно сеедно ми е дали ќе ги затворат. Зборот ми беше дека ако се бориме против пороци треба сите да ги забраниме, бидејќи и дрогата и алкохолот уништиле луѓе и фамилии, не само кладилниците и казината.
Кој ви е крив бе што сте или живеете со лабилна, себична и егоистична личсност без самоконтрола? Не се казината и обложувачниците попрскани со крв од девици па со магија да ги залажуваат луѓето, не се криви тие кутрите посилно е од нив, не можат против. Ај ако сме дебели и не се контролираме колку јадеме, да ги затвориме сите ресторани, да нема веќе ни една слаткарница ни седнвичара, што е ова купишта холестероли донеоа по народот, ги зацрнија фамилиите... Не, никој не е крив за тие чоечињата што дремат внатре, бизнис си е бизнис, никој ни со слатко ги намамува внатре ни со лисици по подруми ги држат откако ќе влезат. Нели секој слободна волја си има, што сака нека си прави и кај сака нека се пусти, ако нема казина и обложувалници по дома ќе се собираат со спил карти и накитот ќе ви го продаваат на оној најголема карта што ќе извлече. Сакам да кажам, воспитувајте ги јагнињата, на воловите им нема веќе спас, макар и само дома од се на светов отворено да им оставите.
Не знам што ќе се постигне доколку би се затвориле казината,еве стварно не знам. Тој што е коцкар ќе најде начин да се коцка на овој или оној начин.
Пред да се појават казината каде одеа? Работа секогаш ќе има. Коцкарите да се занимаваа со трговија, е тогаш ќе цветаше бизнисот.
Па дај да се отворат уште казина ако не, десет вработени за двесте коцкари. И ММФ со Македонија под рака.
Па кога ќе земеш билтен од МВР ќе видиш дека пијан убил, пијан претепал, пијан се слекол гол, коцкар украл,.... Нека има, шо. Во името на понудата на работни места. Ќе се испотепаме за да работиме со коцкари.
Шо е разликата од секој ден уплаќање ливче во кладилница и секој ден купување грепки? Ако се затвараат кладилници и казина нека се укинат сите игри кај што постои ризик од загуба. Кафето со лажичка само нема загуба јер кафе бар имаш и да не ти се падни лажичка
Не треба ништо да се затвори,не е тоа решение за проблемите. Потребна е поголема едукација и памет у глава секако
Во мојот град од 3000 жители има над 10 кладилници, у секоја можна населба оти нели да е близу па да спаднат на по едо кафе е муабетот до кладилница, искрено не е нормално ова кладилниците, колку местенки и пари се прават тоа чудо.. Механизам за грабење на луѓето кои и те како брзо те зачудуваат на лоша навика Еднаш два пати добиеш по 1000 две и ајде толку е. Со среќа нека ти е коцкарскиот живот а се друго после фаќањето на едно ливче добитно ти е давање истите пари па и дупло на кладилницата Од кладилница немаш ќар имаш само замачкување очи и зијан голем Лоша навика е, факт е.. Ама човек кога ќе се продлабочи крај нема освен губи губи и косава му побелува од нервоза, као се тешат еве сега еве сега ама сега е на свети никад или една 1000 ка као за ќар на сите до сега изгубени ливчиња Зло е големо.. Не познавам човек кој се обогатил од вакви работи за тупавење на мозок и влегување во бубанот на коцкарство. Би било добро да се превземат мерки и кај нас бидејки е аралмантно Фамилии трпат поради овој порок а тоа не е во ред.
За казината ми е гајле што сакаат нека им прават и така не ги гледам нит посетувам, ама па обложувалници бе?, па сакам за викенди да си ставам ливче од 20че чисто од мерак и да уживам повеќе во утакмиците, зашто јас да патам заради луѓе што не можат да се контролираат и фрлаат по илјадници денари на кладилници, кај поголем данок направија да има сега ако добиеш нешто на ливче па уште и ова. Лично сум против затворање обложувалници, а и не верувам дека би ги затвориле, нити пак дека би дошло воопшто до муабет помеѓу политичариве да се направи вакво нешто у скоро време, особено во земја каде што економијата е тиња и све се обложувалници и кафичи кои просперираат. Друго немој да мислите дека ако се затворат кладилниците и казината и се отворат на пример книжари, библиотеки или слично дека таму ќе ги натераат луѓето да идат да земат да читаат и ќе станеле нешто подобри, тие не фатиле книга цел живот, сигурно нема сега да фатат, ќе си најдат начин на интернет да се кладат и да фрлаат пари.
Коцката не е порок, туку е болест што не се лечи. Луѓе од дрога и од алкохол се излечиле, ама за коцкарот нема лек.
Ajde i kaj nas neka se zatvorat... Znak za siromastija e ako vo edna drzava se otvaraat kladilnici namesto fabriki
Сакаш да зборуваме за работи кои ти не ги разбираш? Мислиш нема луѓе што спукуваат по неколку илјади евра на ден во кладилница? Пари кои ги немаат? Знаеш како иде? Ќе почне на ситно, ќе види дека може да добие некогаш. Научил како се сметаат коефициентите... Супер, не е толку тешко. Става 1000 денари на 2 коефициент, си смета ги дуплирал и за денес извадил дневница. Супер, ќе добие. Си вика можам секој ден така, 1000 денари x 30 дена, еве ми плата. Уште подобро, вика. Ако земам 10000 и ги ставам на 1.10 ќе имам пак 1000. 1.10 нема да заебе. Да, 1.10 нема да заебе, ама ќе заебат 10x1.10, затоа што 10 утакмици по 1.10 се 2.59, ги играл ти посебно или не. А кога те заебе, тогаш си во загуба. Ама просечен коцкар и на 10тиот ден да го заебе нема да мисли дека е во загуба 1000ка, ќе си рече изгубив 10000 и 1000ката што требаше да ја добијам, еве 11000. За да ги вратам ќе ставам 10000 на 2.1, уште нешто ситно ќе додадам за да имам ќар, за да не ми е за џабе нервозата. Тие 10000 утре се 20000, задутре 30000, способни се за еден ден да спукаат по неколку илјади евра. Да не зборам за кладењето во живо. Секогаш е истата шема. Кладиш да не падне гол на рандом јужноамерикански фудбал кај што паѓаат голови како сливи, ама кладиш така за побргу да знаеш дали си добил или не. Или на гемови на тенис, на пинг понг, па уште одма штом те изгори ти си спремен со друго ливче. И седиш во кладилница оти работи по цел ден и по цела вечер и вадиш ливче за ливче. Рече не е коцкање?