Спојлер Да до крај ќе е тука Саша. Искрено незнам што да кажам за последната епизода. Имало простор да продолжи, ама ја прекинаа. Ама и разбирам зошто падна гледаноста. Кога некој ќе најди доказ одма е убиен. Глупости. Преубава замислам за серија според мене, ама не баш добра реализација.
Спојлер Тој со лузната е дел од картел и таму е главен Синјор. Ќе се појави и тој лик за скоро. Саваш бил дел од тој картел. Синјор ги користел бродовите на фирмата на Саваш за превоз на оружје, дрога.. А Ферда тие знаат дека е убиена, ќе дознаат каде е телото, ќе го земат и ќе се заборави на неа.
Спојлер А зошто Саваш бил дел од тој картел да не крие уште нешто, не бил ни тој некоја китка? А Ферда како е поврзана со тој картел?
Спојлер: Таткото Стариот е во затвор за убиство на бебе, барем така се знае и тој така мисли. Ама вистина е дека Захид Јесари имал љубовница која била бремена и требало да се земат. Арно ама Бариш тогаш бил дете и имал психички проблеми па жената го напуштила Захид. Затоа толку го мрази Бариш. Жената била мајката на Џемре. Џемре е ќерка на Захид. Мајка и нашла друг човек и побегнала со него. Арно ама Захид ги пронашол, ја убил мајката а Џемре ја прогласил за мртва, т.е. дека е убиено бебе од страна на полициски службеник т.е. таткото од затворот. Захид нашол жена која што ќе се грижи за Џемре и ќе се претстави како нејзина тетка. Џемре ќе дознае се ама ќе ја убијат и неа и тетката. Се надевам убаво објаснив
Спојлер Ферда му била љубовница на Саваш и таа го внесла во картелот. Саваш мател и тој многу работи.
Да ти благодарам. Спојлер А, Захид дали ја сака Џемре. Леле зошто ќе ја убијат што ќе е серијата без неа? А и овој Захид знае дека е тоа Бариш, а не Саваш?
Спојлер Да ја сака и многу ќе тагува по нејзината смрт. Искрено и мене ми беше глупаво што ја убија Џемре. Џемре како што пишав ќе дознае се, ќе има документи а и плус ќе има и докази дека Фират е невин, па затоа ќе ја убијат. Да да знае тој уште на почеток.
Спојлер Фират и целата екипа од затворот ќе побегнат, планот ќе го прават овие епизоди мислам, вчера видов дека ја бараа мапата на затворот. Долго време ќе бидат бегалци и ќе бараат докази. Девојчето со него ќе е после некое време од бегството и до крај ќе е со него. Фират од Бариш нормално ќе биде спречен во секоја постапка да ја докажи својата невиност(што е преглупаво, само Саша е најпаметна цело време). Онај пријателот, заборавив како се викаше, другар му обвинителот што го осуди, ќе работи некое време за Бариш но потоа ќе поверува дека Фират е невин, па тој ќе ја превземи вината дека ја убил Зејнеп и ќе оди во затвор по договор со Фират, дека Фират само ако е на слобода може да го затвори Бариш. Фират тогаш конечно ќе го прогласат за невин, ќе е повторно обвинител и ќе бара докази за себе и за другарите. Ќе ги ослободи сите еден по еден.
Спојлер со право им се намалила гледаноста и ја прекинаа втората сезона. Саша најпаметна од сите е ма нема грешка
Спојлер Да, повеќе немаше смисла да продолжи искрено, не водеше никаде. Разбирам дека се моќно семејство ама не разбирам како можи кој посакаа го убија. Некој му смета одма убиваат. И најдосадното од се, тие за се имаат план како да се ослободат. Ко ќе дознаат се сите за Бариш, пак Саша има план за се, глупостии.