Spoiler Човек на Сињор, односно Јадигар. Тој работи за Сињор и тој го уби и главниот обвинител. Јадигар секогаш бил човек на Сињор и по негова наредба им помага на затворениците. Таткото му кажуваше се на Јадигар а тој на Сињор и така имаше тој информации за сите.
А од каде се знаат Јадигар и таткото, зошто таткото имаше доверба во него? И нели не зборуваше Јадигар?
И ја кажа на Џемре целата вистина веќе тетката. Татко и е Захид. Ако добро се сеќавам не уби никој, ја киднапираше Саша.
Ја ја изгледав до 1ва сезона. Ептен е испомешана. Spoiler: Продолжение Овој новиот што е главен јавен обвинител, нема да му верува на Фират прво. Вината ќе ја превземе Тахир дека ја убил Зејно(сопругата на Фират). Фират со пријателите и ќерка му ќе живеат заедно. Фират иако новиот главен јо ќе нема да му дозволи да отвара стари дела, тој сепак ќе работи на случаите на неговите пријатели. Ќе ѓи ослободи сите. Новиот главен јо ќе почне да му ооди во трага на Фират, ќе го следи итн. Ништо нема да најде. Братот на Зејно, шурата на Фират ќе работи кај Фират во обвинителството. Бариш ќе почне да го гледа брат му. Ќе се почне постапка за апсење на Бариш. Прво ќе ја приведат Буге пооради тоа што Саваш црните работи ѓи перел преку неа. Буге ке биде приведена и психични малтертирана од страна на Фират да го предаде Бариш. После тоа татко му на Бариш ќе сака да го предаде Бариш, но нема да го стори тоа. Бариш ќе биде ослободен и ќе направи план да побегне со Буге и син му (секако и Саша) но на аеродромот ќе биде приведен.(во меѓувреме Буге одлучува да оди и да признае дека Бариш е убиец). Дерија ќе ја уапси Саша, сенјор ќе биде убиен од страна на тој со лузната, Рафи мислам се викаше. Бариш ќе се прави луд и нема да лежи во затвор туку ќе биде затворен во психијатриска болница поради тоа што тој го гледа Саваш. На крај на сезоната бега од болница и бега заедно со Саша(Саша бега од затвор) и Рафи некаде далеку. Сезоната завршува со тоа што тој е некаде на море на плажа не знам точно каде и тука во овој момент сите во Турција носат маски со ликот на Бариш.(украден дел од Money Heist). Фират се жени со Буге.
Што се случува денес, не го фатив од почеток, која е оваа што танцуваше додека обвинителот седеше во кафана?