Кратко и јасно, подобро од ова нема да добиеш, ако се направиш паметна може полошо да добиеш, имаш среќа колегава ти направил добитна комбинација и со оглед што си 19 години па те сметаат уште како постар малолетник и ти дале понуда како да си добила на бинго. Оштетената не ќе може да те тужи за иста работа ако прифатиш предметот се завршува правосилно, тужбата на оштетената ќе ја отфрлат.
Значи знаеш дека нема да се промениш и ќе продолжиш по старо, нема што да те плаши ова ако си сигурна во себе и искрена во намерата за промена. Да ова е „обична“ условна само што во периодот дури си под контрола родителите ќе добијат задача повеќе да те контролираат или евентуално надлежниот центар за социјални работи. Спогодувањето прифати го не со две раце наместо тоа со срце и душа и биди благодарна на тој што трчал за тебе да издејствува вакво нешто кое реално многу тешко се добива кога си претходно осудувана, возврати му сега на обвинителот, твојот адвокат, некоја врска што ја имаш па и судијата со твоја драстична промена и опрај се, ти сега добиваш нешто што не може секој да го добие. Да ќе заборавев, нема да има можност да те тужи приватно и да одиш во затвор, ако те тужи ќе тужи за оштета. Среќно и со памет во иднина.
Сега имаш можност да си го промениш живот, од тебе зависи што ќе превземеш и како ќе си го продолжиш твојот начин на живот.
Шо убаво Вака ако се јадело условна Ја па се прпам со години, држи раце позади. Ја и на факс идам, и не се дрогирам, не сум осудувана претходно. Значи можам нечив нос да скршам Фино шо кажа
Да си прифатиш и ова да ти е ум дека наредно нема да имаш опции за бирање. Ќе научиш да се контролираш, ќе се запишеш на факултет, ако не сакаш да си го прокоцкаш животот. Еве ти шанса да смениш се од корен, искористи ја ако не сакаш да имаш пропаднат живот и сите да бегаат од тебе. Зошто кај нас подобар човек не се станува со лежење во затвор, само полош.
Си седам и си размислувам ,ако утре некоја ваква ми дојде и ми удри бокс ,кога ќе здивам и ќе и мавнам шише во глава јас ќе одговарам..еее
Адвокатот е во право. Јас го сфатив како условна со алтернативна мерка, @Forca така ќе му дојде? Доколку прифатиш да се спогодите вака на суд ќе оди предлог спогодбата. Доколку судот донесе ваква пресуда врз основа на спогодбата, тука завршуваш. Но, тоа не го исклучува правото на оштетенатата да си бара надомест на нематеријална штета (а најверојатно и материјална како трошоци за лекување) во парнична постапка (значи граѓанска, не кривична), а претпоставувам дека ќе бара и реално е во право. Инаку не можеш за истото дело два пати да си обвинета и два пати да ти се суди. Во секој случај ова е многу подобра алтернатива и шанса да се исправиш и да продолжиш понатаму во животот по прав пат. Знаеш ли колку многу ќе ти смени ова? Добиваш можност да си го промениш животот и да станеш подобра личност. Сосема разумни се условите. Аман не отфрлај ја оваа шанса и не продолжувај по сомнителни патеки кои ќе те одведат во пропаст. Имаш само 19 години и иако не знам што те довело до овде, време е да свртиш нов лист оти допрба треба да го живееш животот. Размисли убаво што ќе биде да не прифатиш, ризикуваш да одиш во затвор, веќе си била таму и знаеш како е. За жал тие институции кај нас се повеќе ретрибутивни отколку реститутивни. Што потоа? Многу ќе биде потешко да се адаптираш назад и да се вратиш во нормала, ако биде и воопшто можно. Еве и да добиеш условна, пак прашање, што потоа? Вака ќе имаш не само морална, туку и формална обврска да се поправиш. А верувај, одејќи по овој пат пропушташ многу спрема твоите врсници. Можеби сега те плаши нештово, ама мораш да имаш цврста волја. Ќе се тргнеш од сите луѓе и сите лоши работи кои негативно ти влијаат, ќе запишеш факултет и верувај, ќе се осознаеш себе си и повеќе ќе си ја цениш иднината. Може нема да ти биде лесно да се откажеш од старите навики, ама чекор по чекор. Барај психолошка поддршка, барај поддршка од твоите родители (не знам какви ти се односите, сеедно дали се развеле пак ти се родители) и роднини, ти предложив и претходно поддршка од свештено лице доколку сакаш (по манастири како Бигорски и други им помагаат на сите буквално). Ама најважна работа, сфати дека ова ти е сламка за спас која којзнае друг пат кога и дали ќе ја добиеш. Многу си млада и работите може да се исправат, само ти ако сакаш. Не те осудувам, напротив, сакам да бидеш подобра личност оти верувам дека во тие години човек може да се смени. Тука имаше и многу осудувачки коментари што не ги поддржувам и не дека не си виновна или дека не се во право делумно, но млада си и треба да се тргнеш од лошиот пат за да не завршиш во пропаст и со себе да повлечеш и некој друг. Размисли за се убаво, најважно е ти да сакаш да се смениш, а кога ќе решиш, цврста волја ќе те држи настрана од искушенија. Размисли
Девојче тоа си е твоја одлука што и како ќе превземеш за твојот живот. Ние тука можеме до бескрај да веземе позитивни и негативни муабети но на крајот ТИ самата си одлучуваш за себе по кој пат ќе тргнеш.
@Lana Girl се согласувам дека подобро од ова нема да добиеш на суд. Надзорот не знам кој ќе го врши, ке ти објасни адвокатот во консултација за ојо. Ама навистина навистина побарај стручна помош од психолог и психијатар, лично за тебе како прво. Оштетената ќе те тужи за надомест на штета. Ќе мора да и исплатиш парично за тоа не можеш да лежиш затвор. Тоа е посебна постапка, таму ќе се одредува само колку пари ќе треба да и платиш.
Надзорот ќе ти го врши центар за социјални работа имаат оддел за малолетничка деликвенција(психолози, педагози и што уште не) најверојатно таму ќе те пратат да ти држат предавања, ќе одиш таму еднаш или два пати месечно на советување, ама пази, ако не одиш на советување, на самото ливче(покана) пишува дека ако не се одзваш на поканата или не известиш за причината за недоаѓање ќе сносиш кривична одговорност што во твојов случај значи правец Идризово.. Ќе ја најдам поканата утре ќе ти ја сликам како изгледа да видиш..
Наравоучение на приказнава... Тепајте се луѓе и запишувајте факултет. Со среќа @Lana Girl ти падна лажичката у медот, се надевам нема да ја фрлиш у кал.
Знам дека мн касно реплицирам бокс под дејство на супстанца не мора да значи тродупло, бар наротив ( да не и давам надеж на девојката). Мислам дека наркоманите баш поради дејството под супстанца не ги осудуваат за делата мн.