Навистина зошто мислиш дека не се каам ? Уште имам мака условна казна од 2 години затвор ако во рок од 1 една година сторам ново кривично дело или не ги испочитувам алтернативните мерки.
Можеби поради претходните постови. Јас разбирам дека ти олесна, иако не мораше ни до ова да дојде, но ете помина некако, само искрено се надевам дека ова ќе е поука. Иначе општо и не само за тебе, скоро повеќето луѓе сме такви, се молиме и каеме додека се среди нешто.
Според мене поголеми се шансите да продолжи со насилно однесување ако полежи две години во затвор и излезе отколку со оваа втора шанса што ѝ е дадена. Да, можеби би било праведно поради физичката штета која ја нанела да лежи во затвор ама што е поентата ако таму стане полошо? А ќе стане, сигурно, прво зашто затворите се ужасни, второ зашто после нив нема да ги има шансите што ѝ се пружаат сега и многу е поверојатно да се врати на истото старо однесување. Ако е паметна да го сфати ова многу сериозно, верувам дека може да успее.
Ако не затвор, барем во соодветна институција да се лечи од зависност. Оти моментално особа која конзумира дрога и не може разумно да размислува и може да ни бапне една од чиста мира шета меѓу нас. И многу такви ги има де. Пошто туку така "Ај шетај и крши глава" не треба со вакви.
Во целост се согласувам со тебе, имаме и забелешка за тоа од страна на европската комисија дека ефективната затворска казна ја користиме многу често пред да бидат исцрпени сите други можности. Исто и јас сум сигурна дека ќе излезе бетер од затвор, посебно што е судена за дрога е таму ќе најде добри конекции за „бизнисот“ и со тоа ништо не постигнуваме само правиме уште по криминогена особа. Само едно ме плаши во конкретниов случај што не гледам никаква промена кај неа туку баш напротив продолжува со такво однесување ( читај и ги последните неколку мислења ) се ќе ти стане јасно. Она ја користи сега ама буквално последната шанса за слобода, јавниот обвинител сметал дека само мерка условна осуда нема да биде доволно за да не го повтори делото затоа одредил покрај тоа и алтернативна мерка согласно член 55,56 од КЗ со што тим од МЦСР психолог, педагог, социолог ќе работат со неа и ќе даваат квартален извештај на судот за напредокот, доколку забележат дека не се постигнати целите можат да побараат условната да се отповика или некоја од мерките да се промени со друга ако има потреба од тоа. Не сум ни во институција да биде испратена се дури не се исцрпат сите други можности ако влезе таму ќе ја сметаат за опасна ( што и е ) кога ќе излезе и уште полошо ќе стане нејзиното однесување поради отфрлање од општеството. Ваква како што се однесува ем шуто ем боде нема да истера долго на слобода. @Lana Girl немој ова што сме остри вака кон тебе да го разбереш за нешто лошо дека ти мислиме баш напротив. Буквално ја имаш последната шанса за да си го промениш животот, секој следен кикс ќе значи затвор од 2 години може и повеќе а секој нареден 8+ Имаш шанса која многумина не ја добиле, биди благодарна и искористи ја. Ќе запишеш факс и се ќе се смени буквално ќе се движиш во нови кругови со нормален свет. Ако немаш одлучено кој факс ти го предлагам еве правото дојди од другава страна на обвинителната клупа, биди ти таа која ќе помогне на другите како твојот адвокат, обвинител што ти помогнале тебе, аман не се уништувај сама себе искористи шанса.
Ти си загрижена што нема да можеш да правиш проблеми во таа една година? Потруди се да испочитуваш се што е потребно затоа што тоа е за твое добро. Треба да си среќна со исходот. Редно време е да станеш подобар човек наместо да заглавиш или по затвори или на крај некој тебе нешто да ти направи.
Како е можно сите проблеми да ми доаѓаат мене еден ден решавам еден другиот ден се појавува друг, можеби и не чини да го наречам проблем не ми е таа мала душа што почнала да се развива во мене за ништо во животот крива. Тага/среќа измешани чувства не знам.
Врати се Тито со поправните домови како во серијана Сиви дом, и се ти е простено. Ова се е отидено у неповрат, 20 години има а досие машала.. Еххх еве ги Европските вредности.
Можеби затоа што нешто правиш како шо не треба Да трудна е Дечко ти очигледно те влечи назад во животот. Требало да ти поднесат забрана да останиш во сегашната врска, немаше ни до тепачката ни до бременоста да дојдиш. Башка дрогата. Без разлика дали ќе го задржиш бебето, следен пат заштита. Да не речиш после дека си закачила спб