За бебето искрено поделена сум Од една страна млада си, на погрешен пат со погрешни луѓе, зависник од дрога, со големо лепасе зад тебе, а не делуваш како да си сменета, немаш ниту свои пари Парадоксално, од друга страна, ти се нуди многу добра прилика а бебето можи да ти биди спас од овие гнасни работи. Исто така постои можност да останиш неплодна ако абортираш, со абортус не се знае Во секој случај ако се одлучиш да го задржиш, да го родиш и растеш самостојно без дечко ти, бидејќи "татко" од него нема да биде, а тебе ти се укажува последна шанса во буквална смисла. Неќиш да бидиш од оние трудни затворенички шо ги раѓаат бебињата во затвор, вервај ме.
Не знам искрено, нека кажи некој од познавачите на правото, меѓутоа ете и ова е олеснителна околност. Уште стварно да земи да се опрај
Во затвор нема да одам, се спогодив и со обвинителот и со девојчето, Само ми е страв да не уништам и друг живот.
Најискрено , и мене ми е страв. Не можам никаков совет да ти дадам ( ако е све ова вистина ) ама МОРА убаво да размислиш како би го израстела тоа дете. А уште поискрено Страв ми е и како ќе ја тераш и самата бременост.
Лежат мамасита. Земи ја пример Горде бркла лешинарот што скапува зад решетки. Мислеше ќе роди дете и ќе ја пуштат. Ене ја скапува и животот и е кошмар како што таа им го правеше на другите.
Искрено, не знам дали тролаш или не. Ќе сметам еве дека е вистина сето ова. Во тој случај, и треба да се плашиш. Не е должно невино суштество да плаќа за твоите грешки. Ти со сегашното однесување не си способна да изведеш на прав пат дете. А ни партнерот како што разбравме. Од корен треба да се промените и двајцата доколку решите да станете родители. Тоа е една од најголемите борби и предизвици во животот. Имај на ум дека ни одлуката за абортус и сите последици кои тој ги сноси не се ни најмалку лесни. А ни тоа дека родител не се станува само со раѓање на дете. Имаш вистинска причина да станеш многу подобра личност отколку што си сега. Верувам дека ќе имаш и помош од блиските. Ама најбитно е ти да имаш желба и максимално да се потрудиш. Доста ти е со глупостите, од нив треба да извлечеш една добра поука каква не треба да бидеш во иднина.
Исто и јас сум поделена размислувам што ако не се променам, каков живот ќе има тоа невино бебе, дали и тоа ќе страда за моите глупости, дали да ризикувам да има несреќен живот. Се плашам од самата себе колку можам да се променам, совеста ми вели да абортирам не сум сигурна во моите можности да се променам. Срцето ми вели да го родам, не можам да дозволам да си го убијам сопственото бебе како после без него што ако се каам не знам, можеби е ова знакот и шансата да се променам.
Нели "чекаа" еден период за бебето да порасте? Да не беше до година дена да е старо . Немам поима искрено , ама све ми се врти у глава дека трудници Не лежат . Лошо ако лежат . Девојчево чисто сумљам 9 м да седи Мадро
Мене чисто ме интерсира Ако мајката е наркоманка како ке се роде здраво бебе? Нешто аномали дефекти може да има?
по втор пат дај ми линк да прочитам каде децата на наркоманите се поинтелигентни Ја знам дека коа се раѓа бебето тогаш почнува да има кризи за дрога фактички одвикнување минува само шо родено
Е шо совет е на девојка од 20 г која се дрогира , има кривични дела зад себе , дечко дис дибидус , девојка која самата кажува дека не верува оти ќе се промени ...ти да и кажеш роди си , земај породилно и гушкај бебе... А тоа па дека после абортус може да се случи да Не може веќе да раѓа , тоа па врска си нема у 21 век
Седи тука , дека по воа невреме Не те напаѓаме бе друже , маабет си правеме. Ваљда Не помисли дека Лана стварно е крими Џими