Се разведоа пред 2 месеци, мислам дека и тоа ќе ми помогни на суд, стрес, несигурност заради развод на родителите дете на разведени родители, ако полнолетна судот посебно за полесно да поминам ќе го земел и тоа во превид за казната барем според адвокатката. Дечко ми скоро веднаш изреагира и ме тргна само што ја удрив со бокс во лице.
На ова мислев кога пишав дека е отежнувачка околност, зашто едно е да си непресметлив поради надворешен фактор кој не зависи од тебе, а друго е сам да се доведеш во состојба на непресметливост. Во таков случај се смета дека си бил свесен дека се доведуваш во состојба на непресметливост и се согласуваш со последиците кои може да настанат ако сториш нешто. Друга приказна е ако некој друг те довел во таа состојба, но сам ако се доведеш тоа не ја намалува вината, напротив.
А дечко ти да те тргне? Девојко ако не тролаш Под ИТНО да си го смениш дечкото. Прво едно нешто да се разбереме доволно сме сите тука возрасни почнувајки од тебе за да поверуваме дека ти све ова си го направила затоа што твојте се развеле. Имаш пример дома ко што прочитав бивши алхохоличар е татко ти. Пробуваш да го замениш? Да го надминеш во самоуништување? Никој тебе во околината не ти мисли добро ако те гледаат како тонеш и те тапшаат по рамо и ти бараат оправдувања. Покажи одговорност за постапките и делата и психолог најди си батали тие алхохоли, дроги, заврши некое школо вработи се и живеј си го животот без овие драми и циркузи. Ако можеш да искочиш од државава уште поубаво. Мој совет ти е тоа.
Мееех јак дечко Да изреагирал стварно како што треба немало да се деси. Освен ако дечко ти не е некое дете од 7 год па си го фрлила уконтињер.
Вработена сум, секогаш си велам сакам да се средам да биди човек од мене. Знам колку си штетам сама на себе, периодот дури бев во затвор 3 месеци не платив кредит и ми го раскинаја договорот платив дупла сума после, знам сама себе се уништувам морам да побарам и професионална помош.
Тоа што ти си платила дупла сума во целиов овој муабет е најмалку битно. Ти веќе еднаш си била во затвор и дозволуваш да ако не сега мн брзо се вратиш таму не дај Боже за нешто посериозно. Свести се дур ти е време. Пошто еден ден ќе сакаш а ќе нема назад.
Му штетиш и на другите, тешко на родителите, дечкото другарите рандом женски во кафич далеку ќе стигниш, зошто воопшто се браниш си сторила нешто лошо така и за тоа треба да се плати во затвор на психијатар како и да одлучат. Кога ќе отслужиш казна тогаш ќе сватиш дека си згрешила не вака само брани се себе, дете си била на разведени родители бла бла може прва си за да се однесуваш вака.
Леле за дечко бе се степала ќе си пукнаааам Ако беше за така јас можда ќе требаше 20 години затвор да лежам за секоја една која му се има пуштано и пишувано, башка да не ги бројам упорните бивши хахах Секогаш ми кажувал/покажувал и кога со свои очи сум гледала дека не ги ферма и игнорира што има да се замарам? Исто и мене бивши кога ми јавуваат. Шала праиме од тие ситуации. Што ви е побогу? Истото за секоја една би важело: ако имате доверба, се додека сте отворени, не ви дава повод да се сомневате и се дур е насочен кон вас и на вашите чувства - немате потреба од правење драми. Ако нешто осетам дека е off - му кажувам и он има разбирање за мене и обратно. Ај поуживајте у младоста, ако сакате промени имате институции.
Не е возможно да сте биле во затвор заради неплатен кредит. Долговите (наплата на побарувањата) се од облигационен однос, а за тоа е предвидено да се остварува во граѓанска постапка, дури и ако сте платиле двојно треба да се преиспита зошто сте платиле двојно, тоа е несразмерност на давањата во двострани договори. За долг не се оди во затвор, задолжувањето само по себе не е кривично дело.
Јас сфатив дека додека била во затвор 3 месеци закаснала со плаќање на кредитот, па платила повеќе, не дека била во затвор поради неплатен кредит
Не е за правдање тоа што некоја Х особа се додворува на зафатен тип, и тоа упорно. Воопшто не сакам прикриени (латентни) к**ви и свесно додворување на тип за кој знаеш дека е зафатен-строго осудувам. Ни се има случено, некоја да му се додворува така на дечко ми, делумно ради тоа што ме мрази и сака да нѐ раскара, делумно бидејќи го бендисва. Па ене ја жива е, не ѝ ја расцепив главата, а јас и дечко ми сме и ден денес заедно и сме среќни. Тоа ѝ е казна сама по себе. Ако е доволно силна врската, само смрт може (физички) да ве раздели. АМАА..... Убаво ти рекоа погоре: -и јас се ставам во ситуација, моја ќерка да биде на местото на претепаното девојче и НЕ, не сакам да се тресам и бдеам над неа, за утре другиден некоја како тебе да ѝ го смени личниот опис -имаш проблем со агресивноста -ти си таа шо ќе има досие во полиција, ниту дечко ти, ниту чупето -смени си го дечкото -не се правдај со возраста или со разводот на твоите родители -полежи си в затвор, гаси интернетот, а ко ќе ти заврши казната право в манастир. Да ми си клиентка а јас тебе психолог, вака би те советувала. Оти за тебе друг спас НЕМА. Џабе ќе бидат и тестови и техники на тебе.
Освести се ако сеуште имаш можност за да се освестиш! И колку и да имаш помилување на казната секако неколку месеци ќе поминеш во затвор!Познавам случаеви во кој што на Лицето му се одредува казна затвор со траење од 6 месеци,Лицето во затворот продолжува со глупостите не ги почитува правилата и законите и од тој момент му ја зголемуваат казната на 1 година и добива еден воспитен ќотек од Полицијата. Со такви тешки дела и тавки играчки скапо се плаќа! Ако не ти доаѓа памет од грешките само си правиш ти полошо и ќе се доведеш до полоша ситуација
Како разводот на твоите ќе биде олеснителна околност ? Си отишла во дискотека ,и како нај голема сељанка си се степала оти некоја ти го погледнала дечкото Јас да сум како девојчето ќе те гонам додека сум жива.Додека си во затвор дечкоти ќе си ужива со типки,па кога ќе испаднеш пак мавни на некоја бокс.
Е добро де, скршени носови има секој викенд во тепачки по дискотеки, па не сум слушнала некој затвор да лежи.
Со нанесување тешки телесни повреди особено на јавно место, неукажување прва помош и претходна осудуваност, мислам дека следи затвор. Ако сум грешка нека ме исправи стручно лице.