Не знам како адвокатката ми кажа така, ќе го користела за лоша психичка состојба причина развод, депресија и така нешто. јас сум веќе осудувана и порано за друго, бегање од место на настан ( ме задржа обезбедувањето ) не укажување на прва помош, недолично однесување кон полицајците, Обезбедувањето имаше право да ме задржи и да чека да дојди полиција ?
@buba4e89 те читaв еднаш мислам обезбедување си ? Смееше обезбедувањето да не ме пушти да „ побегнам “ а да ме држи дури не дојде полицијата? Има такво овластување ? @Forca
Ти колку дела имаш ние влакна на косата немаш. Ти реков не знаеш да расудуваш, а проблемот е дрогата (не мислам на трева)
Обезбедувањето смее да те задржи само во објектот за кој се ангажирани да го обезбедуваат. Колку што разбрав инцидентот се случил на јавна површина што значи немале никакво овластување да те задржат. ( Имаш можност да поднесеш тужба против обезбедувачите за неовластено лишување од слобода ) Ова нема да ти биди во никаква корист за инцидентот, барем имаш законска можност да извлечиш и некаква оштета од целата ситуација.
На јавна површина било значи парк или нешто слично или пред некој кафич, дискотека како што пиша ти, но сеедно штом е јавна површина има право да си ги тужи.
За кривично дело психолог /психијатар може да прогласи нарушена психички состојба не адвокат.Со овие глупости не можеш да се извлечеш .
Читам, за тоа што сторила она ќе си одговара она, за стореното на Security треба да си одговараат они, превзеле дејство кое што не смееле противправно ја лишиле од слобода. Да интервенирале во инцидентот ок ајде тоа е од човечки аспект но штом ја лишиле од слобода не може да биде ок во никој случај.
Море јас да сум и орден ќе им дадам на обезбедувањето, не да одговараат. Како, да остават некое лудо, надрогирано, пијано да ремети луѓе наоколу? Ако вистина се толку заебани законите, тогаш тешко нас, не тераме далеку. Јас да сум како нив макар и нека одговарам, ќе го/ја задржам насилникот. Поарно нека ме судат за глупости (ако е вистина тоа), отколку на душа заради глуп закон да носам луѓе.
Најчесто Security се тоа лудо, надрогирано, пијано. Дали знаеш само кој се е обезбедување ќе ти се стемни пред очи. Секоја чест на исклучоци кои се премногу ретки верувај. Поддржувам и јас да му се зголемат ингеренциите но прво да се направи добра добра чистка секој кој сака мафијаш да стани се вработува како обезбедување и лечи комплекси јер је пропали мафијаш. За обезбедување треба луѓе со интегритет и чисто досие а не како сега.
Moже и така да е... не велам не кога не сум во тек. На времето поквалитетни луѓе беа обезбедувањето, не се земаше туку така лиценца... сега може е подруго.
Денеска ми дојде покана да се јавам во обвинителство во својство на осомничена што ќе се случи ако не појдам ќе ме приведат, ќе ме стават во притвор или ? Основно Јавно Обвинителство ХХХХ Скопје ХХ.ХХ.ХХХХ Покана Се повикува лицето ХХХХХ од Скопје, да се јави на ден ХХ.ХХ.ХХХХ во 13,30 часот во просториите на основно јавно обвинителство во Скопје Лицето се повикува во својство на осомничена, а во врска со постапка која се води по поднесена кривична пријава за повеќе кривични дела од кривичниот законик. Поука Осомничениот има право да земе бранител по свој избор кој може да присуствува за време на испитувањето. Напомена Ако уредно повиканиот осомничен не дојде а не го оправда својот изостанок може да биде приведен. Јавен Обвинител ХХХХХХХХХХХ Зошто не ги пишува делата за кои сум сомничена ? @Forca , @SeaMermaid , @Luciferka, @pravnicka_2604
Ако не се појавиш еднаш два пати третиот пат те зема полиција од дома и тоа се ти е плус за поголема казна Вака како шо си тргната дури имам впечаток дека провоцираш и гледаш шо е можно по да усереш