Ем прашуваш ем се противиш. На крај краева, кои сме ние да ти кажуваме, ионака си имаш замисли во главата веќе, како ќе постапиш.
Одложување на судење е возможно само со лекарска потврда, да не речам ко оправдание у школо. Твојот адвокат ја приложува таа белешка на судот и со тоа го одложува судењето или сослушувањето. Бидејќи твојот процес се уште не е стигнат до суд, немаш како да го избегнеш, односно не можеш да одложуваш до бескрај зошто ќе ги исцрпиш сите болести најверојатно. Прочитав дека имаш адвокат, консултирај се и слушај го, ако не те бендисува тој најди друг, не се понашај ко нисам одавде коа знаеш како ќе заврши. За твое добро е да соработувааш со адвокатот и да ги слушаш советите зошто ако некој може да ти помогне тогаш е само тој/таа.
@Lana Girl ако не појдеш 2 или 3 пат може да те приведат. Нема ништо да се одложива ке ти поднесе ојо кривична за што мисли дека треба па потоа ќе добиеш покана од суд, и таму ако не се појавиш ќе ти пуштат полиција да те однесе, ако не те најде полиција ќе те осудат во отсуство. Така да и без осомниченио/ обвинитиот може да се одвива судскиот процес, ако истиот не е достапен на органите за прогон, т.е не доаѓа на рочишта а полицијата не може да го најде во неговиот дом. Нема ништо да решиш со тоа што нема да појдеш. Докази имаат сигурно, т.е да си зборуваш со адвокат па ако можеш да се спогодиш со ојо да признаеш ако навистина си корисник на опојни дроги, да бараш казната да ти биде задолжително лекување, наместо затворска казна. Бидејќи на суд ќе го изгубиш делото, плус имаш многу отежнителни околности, разводот е минимална олеснителна, бидејќи и пред разводот ти си осудувана. Друга олеснителна околност нема.
Е така гледај примери и ти од нив Браво Дупла казна од таа шо ти следува не за друго за тоа шо уште не ти де памет како треба
Адвокатката ми дава некоја надеж дека ќе добиеме, ми дава надеж ама во очите и читам дека ќе има неуспех, утре сум на состанок кај друг адвокат се надевам на подобро.
Наместо да се фокусираш на туѓото искуство, преземи лична одговорност за своето и направи сѐ што е во твоја моќ, да не се ставиш повторно во с*ања.
Спремај си торбицата ке си полежиш и овој пат и секој нареден пат имаш ли досие нема мир за тебе цел живот
Не можеш да го добиеш случајот сигурно има лекарско, има сведоци за настанот . А дека ќе добиеш условна а не ефективна затворска казна ниту еден адвокат не може да ти гарантира.
Не сакам да ми гарантира, само сакам да видам дека мисли дека има шанси за условна. Кога ќе појдам кај обвинителот може во притвор да ме стави ?Така нешто ми зборуваше адвокатот на оштетената уште вечерта во станица.
Адвокатот од спротивната страна може да ти каже сенешто. Ако имало потреба до сега ќе си била веќе во притвор. Такво нешто нема да има. Кај обвинителот ќе ти кажат за што те теретат и ти треба да дадеш изјава. Мој совет ти е да признеш, да бидеш понизна, од срце да се извиниш на девојката пред сите таму, ќе пролееш некоја солза и ќе пробаш да ги купиш сите таму на патетика. Гледаш на форумот само какви реакции доби поради неколку реченици што ги пиша. Мора да изјавиш каење и да признаеш грешка, да молиш за уште една шанса за условна. Разговарај со адвокат и ангажирај задолжително адв, ама не верувај на некој што ти ветува ослободителна пресуда.
Ти благодарам, озбилен адвокат закажува состанок во неработен ден ? како мојов што го контактирав или е неозбилен. Има добар успех на вакви случи.
Не работам кривично, но ќе ти одговорам општо (мојот одговор земи го со резерва) и нека ти потврди кривичар. Според мене најдобро е да се јавиш за да се слушне и твојата страна, да се споредат доказите, да се види опширно зошто се случило тоа што се случило, ако не се појавиш може само да изгубиш и тоа слободата, ако се појавиш може да добиеш споразум за условна осуда со признавање на вина, и да се согласиш да ја обештетиш оштетената страна, или ако обвинителот утврди дека не се исполнети елементите на кривичното дело ќе се отфрли пријавата, и може постапката да заврши како прекршочна постапка, се' зависи од фактичката состојба тоест од сериозноста на повредите кај оштетената страна и степенот на твојата намера да ја повредиш оштетената страна.
Ќе се согласам со @Forca, задолжително јави се во ОЈО, во спротивно ризикуваш да бидеш приведена за изјава и плус и тоа ќе ти се рачуна како отежнителна околност. Секако, оди со адвокат.
Ако ја ослободат,ништо чудно да си земе сила и да отепа некој во иднина. Гајле ми е ако го избришат коментаров.
Нека остани коментарот еве ако јас се прашувам, сама пишав секаков коментар е добредојден позитивен/негативен без разлика дали мене ми одговара, а нема навреди.
Не се противев и немав одлучено како ќе постапам ги разгледував сите можни опции и која ќе е највише во моја корист, од тие причини го пишав и тоа искуство на други.
Што викаш дека ќе платиш оштета, знаеш колку мнолгу ќе треба? Мнолгу пари може да ти земе поради фактот дека си била во алкохолизирана состојба и под дејство на дрога.