Оштетата ја пржалав нека оди. Не дај боже можно е и повеќе од 3 години затвор, уште ако и помини и кривичната приватна ако ја пушти да ме судат обид за убиство, сум јадела некои говна пред полицијата на тоа малку се сеќавам како на флешови се, и некој камен сум земала пред нив. Ако го прифати ова ЈО ова во затвор ќе скапам, како куче, без работа ќе останам никогаш нема да бидам среќна. Адвокатот вели обид за убиство нема да помини сигурно ама се плашам.
@SeaMermaid , @violetblue , ако одам кај обвинител и на суд со 2 адвоката можност има да остави лошо мислење кај обвинителот ? Адвокатката е пре оптимистична мисли и ослободителна да добиеме Адвокатот вели ќе се бориме за условна но ако добиеш до 6 месеци биди благодарна. Многу разлика меѓу двајца професионалци не знам по кој пат да идам дали со еден или со двајца. На кој да верувам од нив?
машкото звучи каде-каде пореално ја би ишла со него оваа првава освен ако не се издупи со судијата, не знам као ќе ти среди на се` тоа ослободителна нека си ја скине дипломата
@Lana Girl Ах бре девојче. Знам дека моиве зборови веројатно ништо нема да ти значат, ама ти нема навистина да се промениш и да си го средиш животот се дури не смениш некои работи. Претпоставувам заедно со дечкото ги консумирате опоидните супстанции, и дека заедно се дрогирате. Ако е така, мој најтопол совет ти е да го оставиш. Се дури не го оставиш него, нема да ја оставиш ни дрогата. Од зависност се искача само ако навистина го сакаш тоа и ако навистина сакаш радикално да си го промениш животот. Кога сме веќе кај дрога, не знам што си зела таа вечер, претпоставувам некој стимуланс на централен нервен систем. Кога го имаш тоа ѓубре во тебе, контролата врз твоето тело ја немаш ти, туку ја има тоа. Една секунда може да биде кобна, дури да се освестиш што се случува, веќе биднало. Доволно е некој лошо да го удриш, да падне и да се удри од нешто и да си замине човекот. Е после нема назад. Од дрога има. Од убиство нема. Најтопло ти препорачувам да посетиш центар за одвикнување од зависност, да почнеш со терапија за одвикнување и лека полека да го тргнеш стариот живот. Што довело до тоа, не знам. Разводот на родителите можам да замислам колку ти има влијаено тешко и кај мене дома ситуацијата е иста, со тоа што јас имам 30 години и веќе имам формирано карактер и став за некои работи. Да сум имала и јас 19 кога тоа се случувало и јас не знам каква ќе искочев. Ти си многу помлада од мене, ама не смееш да си дозволиш нивното толку силно да се рефлектира врз тебе. Знам дека е преболно, знам дека ти се чини дека светот се распаѓа, ама верувај дека утре сонцето пак ќе огрее и дека и тоа ќе помине. Девојчето е целосно во право, дури и да флертувала со дечко ти, не смее никој носот и забите да и ги искрши. Си ја удрила во лице, кај што болката е речиси најголема и си и го нарушила надворешниот изглед целосно. Биди човек и застани си зад делото што си го направила. Тоа е, 1000 адвокати да најмиш, ништо не те пере. Се надевам дека мојот совет ќе го примениш и дека ќе пробаш да си го смениш начинот на живот, затоа што гледаш како репетитивно и циклично ти се случуваат работите. Еднаш во затвор, сега можеби втор пат, нареден пат ќе удриш некој што ќе помине многу потешко од скршен нос и заби и следниот ден ќе те чекаат 15+ години во затвор. Освести се.
Па искрено, ако те пушти, е будала Ја не би. Сеа не викам да лежиш со години, ама досеа ти пуштале парични казни, или испод година дена, и тебе памет очигледно не ти дошло. А за твое добро, мора да се изгориш сеа убаво, за да си ја чукнеш главата. Пошо сеа ако ти премижат, следно може некого со флаша да го опалиш. а има и опција за приватна тужба, мене фала Богу жена не успеала у животов да ме удри, ама се ставам на нејзино место, да ми скршиш нос, има да те соголам у најмала рака.Точно дека и нејзиното е безобразно, и ја би се напнала не викам не, си можела да ја понижиш со зборови, ти да искочиш госпоѓа. она простакуша, нападна особа. Ти шо си и` напраила? ќе и` поклониш илјадници евра
Јас би ја одбрал жената. Познавам и мажи и жени адвокати. Мажите се подли играчи, а жените се поспособни во вакви деликатни ситуации. Ти си млада како што кажа, ова нека ти биде лекција. Одбери ја адвокатката, знае што зборува. Адвокат не зборува на празно. И дечко ти да го смениш. Ти да се тепаш за него, а тој на шанк пиво да пие, да се мочам јас на него. Извини однапред. Позз
Следно ќе убие некого, и ќе стане Клементина два, другарки ќе бидат во затвор.. Ако има 5000€ за оштета да плаќа, плус пари дрога да купува, плус двајца адвокати да плаќа, значи дека нејзините и ги толерираат сите глупости и и даваат пари.. Значи извор на сите проблеми, и е тоа што родителите ја толерираат и издржуваат, наместо да ја остават сама да го научи животот, со 20 илјади плата ќе размисли два пати дали ќе тепа некого и со години ќе плаќа оштета и адвокати..
Не знам каков впечаток ќе има обвинителот, се зависи од самата личност. Ама ако адвокатите немаат исти ставови и мислења не знам како заедно ќе градат одбрана. Единствено да побараш и трето мислење, бидејќи овие две се спротивни.
Не знам што да правам што и да одлучам ми изгледа и како правилно и како грешка. Во ред е 3 адвокати да се прашаат не е премногу. Адвокатката до сега цело време ме застапуваше ама сепак.
А во полиција ти го призна делото или? Бидејќи имаш дадено изјава во полиција. Јас не гледам некаква можност за ослободителна. За условна можеби.
Кажав ја удрив во нога не во лице, ништо немам признаето, веројатно ќе мора да се кажи кај обвинителот реално како беше ? Адвокатот ме советува се да признаам, ќе имам многу поголеми шанси за помала казна.
Сигурно девојката на лекар извадила ренген слика за тужбата..не си прави проблеми ,не се губи..и така си во тесно. И пази се од алчни адвокати кои гледаат парите да ти ги земат,да те мотаат.
Значи си признала физички контакт, а она има доказ дека е лице, затоа што има лекарско што е веднаш однесена на лекар и таму се детално наведени повредите. Сведоци сигурно има.
Има и лекарско и сведоци и камера, не знам навистина не знам што да правам и како да се извлечам од г****ва до гуша.
Значи кој и да ти ветува ослободителна пресуда те мафта дебело. Тука можеш само да гледаш како можеш да добиеш некоја условна.
Ова да го направиш. Никој не сака да лежи во затвор, ама треба да признаеш што си направила. Со тоа што ја излажа полицијата не доби ништо. Постојат докази дека си ѝ нанела тешки повреди на девојката и таа има право да те тужи. @Lana Girl
Да се согласам адвокатот да ја контактира уште утре и да се договори за вонсудско порамнување на штета, а кај обвинителот да признаам?
Според мене тоа би било најдобро. Они го имаат сите докази признала или не. Само ќе ги изиритираш уште повеќе ако лажеш и не признаеш.