Ама и да се договорите вие две за одредена сума да не тера делото самата полиција самата држава ке те гони тука на овој случај може да тера и државата и деојката со приватна тужба
Она знае дека и да си во затвор секако ќе и платиш оштета.Нема да се откаже ,и јас да сум нема да се откажам од тужба ако некоја пијана и дрогирана ми скрши нос.И да се откаже самата држава ќе те гони. Овој пат ќе јадеш затворска помија.
Сигурно ваквите како неа насилници се уште од мали, уште во основно малтретираат други дечиња. Совет од мене: консултирај се со психијатар за зависностите кои ги имаш и психотерапевт за да живееш нормален, функционален живот без да нанесуваш штети на други!
А дали тие двајца досега се сретнале? Си им кажала дека се консултираш со друг? Нема што да оставиш лошо мислење, одбраната и кој ќе те застапува е твое право. Не можам да ти кажам на кого да поклониш доверба, јас да бев бранител јас ќе те советував како вториот, ама не мора да значи дека сум во право од проста причина што ниту го знам случајот во детали, ни пак сум адвокат. Секој адвокат си има посебен начин на работа и реноме па следствено на тоа си градат и одбрана. Според ова што го кажа, докази, сведоци, јас не знам колку има простор за ослободителна пресуда, ама пак ова е теоретски, не мора да значи дека е во пракса така. Не можам да ти сугерирам ништо, особено не околу исказот тоа си е во домен на одбраната. Можам само да ти кажам да не бараш или да не се потпираш на ветување дека вака или така ќе биде пресудата, стојам на тоа дека адвокат не може да вети оти одлуката е само и само на судот. Правилно е тоа што и двајцата ти кажале што мислат, но не ти ветиле исход. Но во секој случај ако соработуваш така, тогаш треба одбраната да биде единствена.
Не мора да значи У основно ја бев малтретираната, после ми пукна филм, јас бев булито. не го санирав ко помала проблемот, и после пукав. не треба секад да се глобализира. Кај некои од нас е од трауми, и од претрпен стрес, и после и ти стануваш ѓубре.
На адвокатот кажав дека иам адвокатка која мисли дека може да добиеме ослободителна, одговорот беше не ваерувај на секого ќе ти земи само пари а ти ќе си лежиш. Му спомнав двајцата да ме бранат ми рече нека ме побара ама не знам како ќе функционираме.
Се одлучив да идам само со адвокатот па што ќе биде нека биде. Ја побарал адвокатот не сакала ни да чуе да се договориме за оштета решена е у затвор да ме стави по секоја цена Црно ми се пишува одлучна била покрај кривичната и таа да ме гони со приватна тужба. Ќе и платам ќе надоместам се , зошто сака во затвор да ме види, немало да спие мирно дури во затвор не ме ставела
Вака сега... Ја посра, шо ја посра, глеј да го истераш ова и памет за друг пат. Ако имаш проблем со контролирање гнев, ќе си посетуваш психотерапевт/психолог... ќе ти поможи. Главата горе. Сите 'плаќаме' нешто.
Е ако де, таман памет да ти дојде. И јас ќе го направев истото на нејзино место. Некои работи не се надоместуваат со пари а оваа е една од нив. Му е гајле, егото му е полно дека се степале за него
@SeaMermaid @violetblue @Forca @Luciferka Адвокатот денеска разговарал со јавниот обвинител, обвинителот се согласил ако ги признаам делата да бара алтернативна мерка казна затвор во траење од 2 години со некаков надзор, заштита како помлада полнолетничка така нешто во траење од 1 годнина Со три услови 1 Забрана за употреба на дрога 2 забрана да се дружам со друштво кое негативно ми влијае. 3 Адвокатот спомнал за мојата желба да запишам факултет, и обвинителот ќе барал задолжително да запишам факултет идната академска година. Ако не сум го испоштовала тоа да идам у затвор 2 години. Според вас дали е добро да ја прифатам понудава или да идеме на судење па судијата да одлучува? Кој ќе ми го контролира понашањето ? Страв ми е некако од условите надзор и заштита ако прекршам ќе идам 2 години сигурно а ако не признаам може ќе добијам некоја условна со помала затворска. Адвокатот ми кажува ова е обична условна која ја посакуваме и треба да ја прифатам плус со ова имам шанса навистина да се тргнам од лош пат а ако и ова не сум го искористила и продолжам по старо стварно сум за у затвор, ако идеме понатака не знае дали и ова ќе го добиеме во судската постапка. Ова е обична условна или е нешто друго ? Дали да ја прифатам со две раце како што ми кажа адвокатот ? Исто се плашам пак да не завршам у затвор и покрај ова со приватна тужба, како да постапам.
Да бе женска,ајде сега оди на некоја нозете искрши и ги ,не се плаши пак условна ќе ти дадат . Ебати закониве ,државава ,обвинителиве..Не си ти крива, си спаси жива глава
Како што си имала муда за да тепаш, имај муда и сега признај и опрај се у животот. Во спротивно Шутка или Гевгелија ќе треба да бираш. Ако одбереш затвор наместо слобода, нема човек да биде од тебе. Сега ако легаш 3 години, следниот пат ќе лежиш 10-15, и толку е. Ако идеш у затвор, губиш дечко, фамилија, другарки, пријатели. За надзор ќе имаш одредени, кои кога ќе те побараат, ако не се појавиш, ќе те најдат со потерница и пак ќе го јадеш. Ако се појавуваш секој пат, ќе те измочкаат да видат дали си чиста. Ако не си, ќе биде Ајде Сашко свири весело да биде. Со една реченица, прифати слобода и научи се на ред, дисциплина и почит.
Никој не се учи на ред и дисциплина со условни .Ќе и помине условната и пак на стара песна,оти нормално знае дека пак ќе има условна наместо затвор.Денеска скршила нос,по 2 /3 години нозе и раце,оти никој ношто не е може.