1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Затвор и затворски казни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од velesanka, 25 јануари 2011.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    Што мислите за правниот систем во РМ?
    Kолку е најголемата казна затвор кај нас?
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да прашам...?

    Најголема-доживотно.
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Сакам да прашам...?

    Кај нас доживотниот затвор е реток колку хаилевата комета, а и од пракса после 15-20 години отслужено добиваат помилување.Инаку за едно убиство незнам колку би добиле доживотна овде,за жал. :hai:
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да прашам...?

    Ретко ???????????? Информирај се добро, ич не се ретки таквите случаеви.
    Едит: барем не толку ретки ко што ги опиша ти.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Сакам да прашам...?

    Буквално може не до толку ,но блонд имав тематско истражување на факултет баш за оваа тема така да верувај во пракса ретко кој отслужува доживотна овде.Пак ќе кажам за жал.
     
  6. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Сакам да прашам...?

    Ако имаш пари ,пријатели и адвокат не постои нити едно злосторство што можеш да го направиш за кое би добил доживотна казна затвор (за жал) кај нас така е...

    Јас лично познавам човек што има извршено две убиства (првата казна 10 а втората 7 години)и сега е на слобода .Ама човекот и самиот незнае колку пари има и плус со јавниот обвинител се роднини.

    Што би рекол Калимеро:- Нема правда!
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да прашам...?

    До некаде си во право, но се зависи од начинот на убиството и ред други околности. А МОРА да одлежи минимум пола казна од целата, па потоа некако можеби да се разгледува за помилување.
    Јас лично познавам најмалце 500 лица што имат извршено различни злосторства, од кражби до убиства и тероризам, и доживотни казни !!! Затоа мене не можете да ме убедите ништо што се однесува до казните и лежењето затвор.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Сакам да прашам...?

    Може да е донесена пресуда,но потоа после половина отслужена казна(па ни толку,имам слушано дека со дупки во закон може комотно и со петинка отслужена казна да се ослоботи врз основа на некои нешта) обично ги помилуваат.Такви сме си ние Македонците,меки на срце,жалостлив народ за 300 000 евра па нагоре...жал те фаќа,што да ти кажам,солзи капат ко кромид да лупиш.Тешко ти паѓа и ајде...земи си ги парите и помилувај го.
    Блонд,претпоставувам ти учиш тоа,но...и прирачникот кој што самите судии го напишале не го применуваат у пракса. :D
    Абе што државиче сме...мерак.
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да прашам...?

    А бе остај што тоа ми е моментално на читање (законот за извршување на санкции) и плус полицајче сум, па сеа видете си сами што знам и колку знам :wasntme:
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Сакам да прашам...?

    Блонд и мојата струка е во овие води и тоа шо ти го кажувам е баш од искуство, кое за жал се покажа во голема спротивност од тоа што го велат нашите закони. ;)
    Ама и се запнавме на темава..ова е the last од мене! :worried:ilent:
     
  11. deluxe

    deluxe Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Сакам да прашам...?

    кај нас ништо не се знае,закони се менуваат како чорапите!
    хехеххехехех
    затоа не се базирајте толку на законите тие се променливи!!
     
  12. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Сакам да прашам...?

    Мислам дека максимална за едно убиство е 12 години и за силување 10, тие две се најголеми. Ама ова само за едно убиство на пример, за повеќе се собираат. Така ми кажа дечко ми он право студира, ако ме излажал и јас ве лажам :?:
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сакам да прашам...?

    До 21 година на осуденото лице, не може да се даде единечна казна затвор-доживотно.
    Инаку во сите други случаи-може за ЕДНО убиство да се даде доживотна казна.
    Сакате пример да се уверите ? Не спомнувам имиња, ништо, туку само дека неколку луѓе извршија убиство на жена и притоа ја силуваа и некои од нив добија доживотна казна затвор.
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека имаме главни казни(затвор и парична казна), споредни казни(забрана на вршење на професија, дејност или должност, забрана за управвање со моторно возило и протерување на странец од земјата), имаме алтернативни мерки(условна осуда, условна осуда со заштитен надзор, условно прекинување на казнената постапка, општокорисна работа, судка опомена и куќен затвор),во законот предвидени се и мерки на безбедност(задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, задолжително психијатриско лекување на слобода и задолжително лекување на алкохоличари и наркомани), мислам дека имаме широк спектар на казни за престапниците. Но, едно е да постојат во законот, а нешто сосема друго е како се применуваат во праксата.

    Конкретно казната затвор како главна и најтешка казна во нашиот казнен систем, не одговара на целта заради која е пропишана. Основна цел на казната затвор треба да биде ресоцијализацијата која опфаќа превоспитување на затвореникот и негова социјална адаптација, односно подготвување на осуденото лице за општествено прифатливо однесување на слобода. Во нашата држава, во нашите затвори неверувам дека постои и најмал степен на ресоцијализирање на осудениот.

    Во врска со должината односно времетраењето на казната затвор, со оглед на тоа што сме се приклониле кон хуманистичка ориентација на казнување, се избегнува долготрајно лишување од слобода, но се избегнува и сосема кратко затварање кое е неопходно за ресоцијализација. Така да казната доживотен затвор е исклучителна казна која може да се пропише за тешки форми на умислени кривични дела, за кои е пропишана казна затвор во траење од 15 години. Но казната доживотен затвор, не може да се пропише како единствена казна.
    Сметам дека треба да се зголемат казните за кривичните дела против животот и телото(убиства, телесни повреди, наведување на самоубиство идр) и кривичните дела против половата слобода и морал(силување, полов напад врз дете и др). А треба да се намалат казните и да се регулира некако со кривичните дела клевета и навреда, посебно во сличаите кога навредени и наклеветени се некои политичари, па најчесто настрадуваат новинари или обични луѓе кој покажале незадоволство кон нив.

    Исто така морам да напоменам дека денеска сме сведоци и на злоупотреба на мерката притвор, која е мерка за обезбедување на присуство и која се изрекува под определени услови предвидени во законот. За жал денеска мерката притвор се изрекува за се, на секого и за секакви дела, без разлика дали постојат услови за нејзино изрекување.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Општ заклучок ти е ова за неверувањето или имаш некакви поблиски контакти со лица со ограничена слобода ?
    А што е со човековите права ? Порано биле малтретирани на секаков начин. Денес тоа е строго забрането, освен во случаи на општ бунт од група осуденици, напад врз службено лице и сл.
    Дали ова се почитува ?
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Не, немам контакт со осудени лица, ваков впечаток имам од неколкуте посети во Идризово(од факултет не носеа), од она што го слушам од ТВ, читам во дневни весници и така. Условите во затворите се никакви, впрочем тоа е и најголема поплака во годинешните извештаи од ЕУ. Иако несакаме да си признаеме сепак ние сеуште не сме ја напуштиле репресивната концепција на издржување на казната затвот. А репресијата се коси со ресоцијализацијата во секој поглед. Конкретно истражниот затвор Шутка е пример за крајно нехуман однос кон притворениците, кои да напоменеме дека сеуште не се осуденици.
    Како и да е, мислам дека уште многу време треба да помине, додека се поправат работите во нашите затвори.
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.099
    Пол:
    Женски
    Правниот систем во Р.М. е катастрофа. Можеби првичната намена да била добра, меѓутоа се почесто има дупки во законот. Сведоци сме дека некои престапници имаат преголема казна, а некои премала. Очигледно е дека законот не е за сите ист. Ако некој не знае каква поделба има меѓу престапниците може да го посети затворот во Индризово за да се увери. Ајде тоа и не е толку битно. Би сакала да дадм два примери за тоа колку е праведен законот.
    1. Во сообраќајна несреќа се удираат две коли, во едната полицаец, а во другата дечко и девојка. По сообраќајната дечко и девојката во болница, девојката умира. Нормално семејствата на двајцата покренуваат случај против полицаецот и тој со јаки врски се ослободи. Само плати оштета за колата и за погребот на девојката. Каде е тука законот?
    2. Човек со камион враќајки се во рикверц, прегазува бездомник. на бездомникот ништо не му е, освен мали телесни повреди. Го пуштаат од болница, нормално камионџијата си плаќа се, но по 3 месеца умира бездомникот. Според некој закон ако на некој му се случи сообраќајна несреќа, а после 3 месеци умре, другиот е виновен. Мене овој закон не ми е јасен. Човеков е осуден на 3 години затвор или да плати околу 5000 евра и три месеци да лежи затвор, па да го пуштат.
    Можеби не го знам премногу правото, но има големи дупки во законот. Затворските казни не се за секого исти, па и да биде прекршокот идентичен.

    Боа очигледно не сте ги погледнале сите келии, за да видите како законот е неправеден кон некои затвореници.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Марама јас воопшто не спомнав за праведноста на примената на законите. И повеќе од јасно ми е дека законите се применуваат селективно. Јас пишував за тоа дека во нашите затвори нема услови за ресоцијализација ;)
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дали сеуште постои казна затвор за неплатени парични казни?
    Нели доколку не ги испалтиш паричните средства, излежуваш затвор, зависно од сумата која ја должиш?
     
  20. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Факт е дека кај нас ништо не функционира па така и судството и затворите.Се согласувам со Бависта дека шансите за ресоцијализација во затворите се речиси минимални ако не и никакви.Неретко обичен крадец после лежење во нашиве затвори излегува како професионален крадец со уште поголеми финти за крадење и слично,плус и наркоман .Во поглед на казните пак, ете пример за убиецот на татко и на другарка ми. Го уби со пушка за некој си долг, доби 15 години, а одлежа 8 и неколку месеци.За такво ѕверство 8 години се шала. A што да се каже за случајот Таневски, се самоубил во кофа вода...ајде бееее :?: Ни се смеат меѓународните институции со вакви глупости.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.