Епа ете ти го бе девојче одговорот,значи све е јасно.Брат ти има досие и секое дело што ке го направи ке лежи затвор.Така да ке си го осудуваат цело време зависно од делото што го прави,отвори го законот и прочитај го за делото што го направил и ке видиш.
Јас не реков дека нема да лежи,само посочив какви се казните дека за многу поголеми дела лежат и помалку тоа ми беше муабетот,затоа што човек исто така повратник рани човек со нелегален пиштол и доби 4,5 години,тоа сакав да кажам дека ако важи за еден нека важи за сите,а не дека не треба да лежи или дека е невин.А не е исто кога ќе има ранет.
Гледај јас немам ништо против брат ти а ни пртоив никој,да не се сватиме погрешно.Секој различно го осудуваат според постапките на претходните дела,така да неможе нормално на секој иста казна да му дадат за исто дело.
Таман работа не е за сфаќање погрешно не пишувам јас тука да се контрам само некои работи што ги гледам од ај да не речам лично искуство туку од близина,баш затоа прокоментирав,човекот лежеше со брат ми за исто дело во Германија,а тука различно ги судат,тоа ми беше поентата.А не дека имаш против брат ми не сфаќам јас така,секој кој си е крив нека си одговара за постапките не бранам јас никого,па ниту брат ми.
Така е сепак јас сакав да се искажам за да не ме сватиш погрешно.Секој во животот (недај боже),може да згреши на законот,на било каков начин.Но законите кај се такви,и политиката на судење е таква каква што е.Некој за убиство лежи 3-4 год,а некој 8-10 год,све зависи од ситуацијата,претходните дела,дали е со умисла без умисла и итн итн.
Најголемата казна е доживотен затвор, казнената легислатива е добро поставена, но прашање е колку се применува во пракса. Мислам дека во голем дел се изрекуваат благи казни.
Мислам дека кај нас на затворите од тоа КПД им фали Пто Треба да им се организираат сеанси на покомплицирани затвореници, некои катчиња за рекреација, да се подобрат условите внатре итн @BrokenWings16 се надевам не пишувам препрекасно хахахах.Над 6 грама ако ти фатат те носат во станица, а од 10 нагоре веќе мислам летаат казни затвор. До 10 е парична казна
Зависи за што е изречена казна, колку години е првостепената, претходна Осудуваност и тн ? Пиши ми слободно тука или во ЛП.
Нашиве затвори се како и сѐ друго у државава. За некого мајка, за некого маќеа Далеку сме ние од вистинското значење на КПД/КПУ
Беше мој близок познаник 13 години затвор ( не за убиство, ниту силување таква работа некоја ….) дечкото е ок сеа се промени. Само што му отидоа 13 години од животот така… од тоа што му се случуваше таму може книга да напише .
Затворските казни кај нас се уникатни. Ќе прегазиш некој на улица и добиваш казна од 3 години. А ако украдеш ќебапи добиваш поголема казна. Да не пишувам за педофилите. Коса ми се крева. Банана држава. За некои дела треба доживотна робија. Убиваш со умисла и судијата ти дава помала казна заради олеснителни околности. Кои се тие околности? Нема правда.
Кој дебил го измислил нашиов затворски систем? Али стварно, со име и презиме. И зашо на никој не му смета, никад не се побунил и не му е чудно оти затвореници имаат право викенд дома да одат, да одат да акаат и скитаат, али на спиење да се вратат? Се дебатира ли ова у правни кругови пример на Правен факултет? Значи кради, убивај, силовај и жени и деца, а после лежи у ол инклузив на сметка да државата плус дрви си го, па и право на излез имај. Уште и џепарац да им дадеме, ако и тоа до сеа не добиваат... Абе ваа држава треба да се распушти, кој црн пиреј, кои бакрачи. Паразити. Модератор: Преместена дискусија од темата Сакам да кажам...
Не знам дали имаш прочитано за тој судијата, што е во затвор а работи како магационер??? Значи искача да работи магационер, а после тоа се враќа во затвор, секој ден така.
Тоа и ме испровоцира. Знаев ја за викенди, али ова прв пат слушам. А тој не дека работи, иде лежи дома си го дрви. Па уште и стаж му тече, пензија да лапа. Стока бре, само гилотиња.
И мене ова од увек ме чудело. Он само не смее да иде надвор од градот иначе технички нормален живот живее. Како отслужува казна уствари?
имав јас една колешка на времето во Зегин работеше, преку ден на работа, навечер во затвор тоа и било дозволено дека има мали деца
Тој шо си барал мито и корупција, ете тој го измислил и сите други од нашава банда се согласиле. Иначе тие шо излегуваат преку ден а се враќаат навечер за спиење, си го плаќаат денот тамо на директорот или кој и да беше. Во Гевгелија заборавив колку беше еден ден, ама во Ск а и за тие поголемите криминалци, сигурно е поскап денот - шетањето.
Тоа е начин да се ресоцијализираат, како поинаку после издржување на казна би требало да се интегрираат во општествово? Нормално дека не секој треба и може да излегува за да работи, целта на затворската казна е некого да превоспита, да му го промени начинот на живот, а не да го отсече од општеството. Треба по издржување на казната тие луѓе да се продуктивни членови, а не повторно отпадници. Се подразбира дека убијци и силувачи не спаѓаат во оваа категорија, за други дела (обично од финансиска природа) добиваат ваква можност. Е сега, ако тоа се злоупотребува е веќе друг муабет, ама самото работење на затворениците не е проблемот.