Затвор и затворски казни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од velesanka, 25 јануари 2011.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Не е "кај нас" туку така е исправно, тој некој утре треба да излезе надвор, не може после "е сега ај ресоцијализирај се".
    Не иде баш така.

    Зошто да не споредувам со норвешки затвор? Сè споредувам со скандинавски земји, генерално мислам дека се најдобри за живот, а богами и статистиките се на нивна страна.
     
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.270
    Допаѓања:
    57.721
    Пол:
    Женски
    Тоа е, повеќе сочувствувам со жртвите наместо со злосторниците. Сметам дека во прв план е казна (не награда, на што повеќе наликува норвешки затвор) и задоволување на правдата, пред реинтеграција.
     
    На fbaby, SummerGirl, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Значи некој е наркоман, да речеме, ограбил трафика, да речеме.
    Како е жртвата толку пожртвувана, што овој треба да го отсечеме од општеството, а потоа, еднаков или полош него кога сме го ставиле во институција, го пуштаме и надвор и очекуваме магично да се смени сè?

    Премногу tone deaf размислување.

    Правда не се задоволува со измачување никого. Каква е таа правда?
     
    На M&M, potatoface и Srckata28 им се допаѓа ова.
  4. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    98
    Реинтеграција на социопати. Лол, tell me more...
     
    На Gosh, nextredstyle, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.421
    Допаѓања:
    190.665
    Со име и презиме, Александар Пандов сега ќе го ре-измисли, односно ќе измислел служење затвор од дома. Нешто као хоум офис за осуденици

    Некогаш, криминалците што не направиле насилни акти ги направиле многу намерно, ама некогаш не се викаат криминалци, ги викаат ,,господине,, а и во затвор не завршуваат. Не знам што со нив, ама ради нив сме сиромашни, гладни, бесни, исфрустрирани. Ваљда да се воведе дело ,,злосторство против човештвото,, и аи да тужи и суди]:). Море, ќе почне ова аи да ми се свиѓа:smirk:... А, и голи оток да се врати:!:
     
    На LiquidLuna и Gosh им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.270
    Допаѓања:
    57.721
    Пол:
    Женски
    Крадци и наркомани можат да се реинтегрираат ако сакаат, откако ќе си ја одлежат казната. Никаде не реков дека нема надеж за такви луѓе.
    Ама убијци, педофили, силувачи?
    Имав прочитано за случај каде мајката во судница го убила убиецот/силувачот на нејзината мала ќерка. Колку таа треба да има страдано и да се има борено за правда за тоа да го направи? Таа ќе беше задоволна ако него го однесеа во норвешки "затвор" за да ужива со години бесплатно? Правдата задоволена и сите среќни, нели...
    Да, за вакви тешки случаеви во казната треба да има измачување. Никогаш да не си во кожата на близок на жртва на вакви отпадоци од општеството.
    I said what I said.
     
    На Tinaaa, fbaby, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Па ај да се повторувам до бескрај, прочитај ми го првото мислење, вака како сама со себе да си зборувам е.

    Ниту можеш да зборуваш во име на сите семејства на сите жртви, повеќе од еднаш, во Америка, токму семејствата на жртвите бараат да нема смртна казна за убиецот. Кога ќе отворат тема, ако отворат, може да зборуваме подетално.
     
    На Аргентина * и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.212
    Допаѓања:
    175.968
    Пол:
    Женски
    Можам да глумам емпатија, ама неќам. Ни за наркомани шо, за да завршат во затвор не се само корисници/зависници туку се и дилери, дилери шо уништват други животи и често детски животи. Ни за тие шо прат проневери зошто туѓи деца и семејства се растурат без работа зошто некој пропаднал фирма пример, или како технолошки вишок се цели луѓе пуштени и семејства остаени на милост и немилост на живототи ради туѓо лакомење. Од луѓе шо завршват в затвор имам жал и емпатија само за тие кои уствари не треба да бидат таму. Објективно ресоцијализација оди онака како шо пиши Камелија. Субјективно? Fuck them.
     
    На senjorita-v, FridaodaMk, Munchmallow20 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    43.770
    За мене СУДИЈА, претставник на правото и правниот поредок и спроведувач на истиот, еден од најголемите државни авторитети кој е осуден за МИТО и КОРУПЦИЈА, не треба да се интегрира, туку да се отстрани од општеството.

    Како општевствен отпадок, паразит и рак рана, кој не само што ја злоупотребил својата положба, туку непосредно па и посредно со своите недела влијаел на цела една држава од 2 милона народ, од жртви, до криминалци, до идни судии и правници, па и обични голтари ко ја, треба да се ликвидира со пренос на национална фреквенција како колатерална штета и пример.

    Па потоа неговите наследници по дифолт ќе си се интегрираат од старт у општеството, за да не го јадат стапот. Стравот лозјето го чува, колку и да живеете во светот на бајките.

    За други криминали не зборам, ама ќе земам само случајот од овој дебилот што го прегази девојчето на Партизанска на пешачки.
    Ќе лежи неколку години, и ќе излезе ќе си го лади, а она скапува под црна земја.
    Око за око, заб за заб.
    Она е УБИЕНА и нема да се врати, нема да живее, нема да јаде, да се смее, да има маж, деца, да седи на маса со нејзините.
    А волот треба никогаш од самица да не излезе, едино на бетон по едно кругче сонце да го фати, се додека не скапе како куче. Ни мајка му ни татко му да не смее да ги види, ништо. Да моли Бога да го земе, да го колне секој ден што е жив.
    Е тоа е правда.

    Ги решивме сите криминали, ги интегриравме сите жртви, па сеа до криминалците ни дојде. Нашле, па зашле.
     
    Последна измена: 2 јуни 2025
    На LiquidLuna, Feniksgirl, Miss666 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    23.868
    И зашо ондак казни ако не те казнува?
    Не е казна да те искара, да се осетиш криво оти ти викале и демек аа нема пак така. Туку да ти каже дека од некои работи има НЕПОВРАТНИ последици.
    Ова ко да направам грешка на работа, ми кратат плата, и после кратеното ми го враќаат. И како ме казниле?
    Или ајде ќе ограбам банка од очај, ги скријам парите, у меѓувреме играм на карта на сожалување, 5 години живеам топ, дење дома, ноќе у затвор, само не смеам од градот да излезам. Завршува казната и си терам богат живот со парите, као да никад се није десило.

    Освен тоа, Норвешка? Која го поштеди терористот што го изведе најкрвавиот масакр во модерната нивна историја? Не знам како човеков доби такви услови и никогаш нема да сфатам. Ајде ако не други, ама за јебени терористи треба смртна казна. Затоа не би ја земала како пример.
    И Холандија дозволи СИЛУВАЧ да учествува на Олимпијада лани, па не значи ако е во Европа, оти е правилно.

    Убаво кажаа некои, и криминални дела од финансиска природа не се така лесни.
    Ајде овие од ТАТ ако ги фатеа да ги реинтегриравме, а маме им ебаа на илјадници души.
     
    Последна измена: 2 јуни 2025
    На senjorita-v, Gosh, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Казните се различни за различни типови на криминалци и дела.
    Не се исти и не можат да бидат исти насилни и ненасилни дела.

    Не е исто тој што ограбил трафика и тој што силувал жена.

    Тоа (треба) да се рефлектира и преку самата казна и преку начинот на ресоцијализација.

    Зборуваме за луѓе кои не се осудени доживотно (за нив е различна приказна) туку за такви што евентуално ќе излезат меѓу нас, за 2 или 20 години. Најмалку што на сите нас ни треба е да излезат исти или полоши од тоа што влегле. Суров затворски систем НИКОГО не одвратил од дело, едноставно постојат истражувања, кој го интересира нека ѕирне. Америка има смртна казна, па не ги одвраќа од убивање едноставно.

    Ресоцијализацијата служи за тој некој да го научиме како да се однесува понатаму. Ресоцијализација е болен и конфликтен процес, а и ние што не сме криминалци сме биле изложени во животот на ресоцијализација, оти и кај некриминални дејствија за да се справиме со животот и нови ситуации поминуваме низ процес кај што одучуваме некое однесување и учиме ново.

    Едноставен и непатолошки пример е тоа што детето учи дека на 4 години е нормално да трча кај мајка му во скут да плаче кога е фрустрирано, но на 12 години не е нормално однесување. За детето ова е болен и конфликтен процес кој потоа му станува новото нормално.

    За некој кој цел живот живеел дисфункционално, казната затвор е овој процес. Ја губи слободата сам да одлучува за својот живот и добива структура која мора да ја почитува. Целта е кога ќе излезе, повеќе да не се врати во затвор, да научи "ново нормално".

    Во око за око, заб за заб не верувам, а и не мислам дека било кому тоа му носи правда, всушност, тоа е одмазда, не е правда. А тие две не се исти.

    @theowndemon многу јасно дека не секој може да чувствува емпатија кон секого, ниту може да работи со секого. За мене би било ужасно да треба да работам со мали деца, ниту ги доживувам со толкава емпатија, ниту имам трпение, ниту ми се драги, едноставно не сум за таква работа и со тие личности. Исто така, ова за кое јас зборувам, секако дека не го може секој, затоа што не секој може да чувствува емпатија и да сака активно да помогне на овие луѓе. И двете се потполно валидни.
     
    На Cutiepie1 и senjorita-v им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.421
    Допаѓања:
    190.665
    Од тие од Тат маче, жими Соња лежеше во затвор. А где су паре? :^)
    Обештетени од државата. Ок, ние сите сме платиле. Ама пак, где су паре?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    43.770
    @CameliaMiller, казната Е одмазда кон криминалецот, а правда за оштетениот.

    И како немаш емпатија и не ти се драги (невини) деца, а криминалци браниш?

    Значи ти имаш savior complex или нешто слично, а не емпатија...
     
    На MacenceEna, Amellie13, Feniksgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.212
    Допаѓања:
    175.968
    Пол:
    Женски
    Girl. Реков те разбирам шо збораш иако субјективно не се согласувам. Не можиш да ми споредиш емпатија кон деца (работа со нив ми е нерелевантна во муабетот, можиш да имаш емпатија и без да работиш со некој, like what), и емпатија кон штетници, ова... криминалци. Мене ми е срам од споредбава зошто ја спомнувам тука, не па да ја напрам.

    Јас знам дека затвореници и криминалци се комплексни суштества и има корен од шо иди то однесување и честопати ме интересира. Ама одлучвам дека ми се коси со моралниот компас да бидам Devil's advocate.

    И последно, ненасилен криминал пак е на штета на некој. Не можи да гледаме само убијци и силовачи како единствено лошо. Тие се на дното во секој случај и најгној на општеството, ама и тој шо кради штети на друго живо суштество, веќе кажав за дилерите по затворите или тие со проневери. Па особено за дилерите. Колку животи згаснуват од дрогата шо ќе ја продај? Ама ај грефчето достае затвор. Го нагласвам ова зошто на сите реплицираше да те дочитале дека мислиш на овие со полесни дела. Јас велам, fuck them too.
     
    На fbaby, Amellie13, Feniksgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Ја направив споредбата од очигледна причина, луѓе работат со нив затоа што очигледно имаат желба и емпатија за истото. Секако не мораш, ама ваљда сите (би требало) да сме свесни и да не преземаме улоги во кои не се пронаоѓаме.

    Не како луѓе, како човек имам емпатија кон сè што диши, тоа воопшто и не беше смислата.
    Не, не е одмазда. Тоа ти така си го перцепираш можеби, ама не е.

    Можеби јас лошо се изразив, како психолог пре би да работам со криминалци, отколку со деца.
     
    Последна измена: 3 јуни 2025
  16. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    11.161
    Пол:
    Женски
    За ова се согласувам со тебе
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Не можам да редактирам, па ново мислење да се дополнам.

    Субјективно, лично, во секојдневен живот, ниту јас немам жал/желба да се дружам со криминалци, кој ме чита доволно долго многу добро знае дека и "прифатлив криминал" ми е неприфатлив за лично себе (ни "подароци" од пациенти не можев да примам со мирна совест), а не па да се дружам со било какви криминалци.

    Емпатијата е нешто различно, или ја имаш, или ја немаш, не можеш на сила да ја развиеш кон некого кон кого ја немаш. Но, ако веќе ја немаш, нема да се занимаваш со таа проблематика. Апсолутно чувствувам емпатија и мислам дека тие луѓе треба да се третираат како луѓе, да им се пружи помош и да се даде максимум да се реинтегрираат.

    Лично може да се чувствувате како што се чувствувате, не е мое да ви кажам како треба да се чувствувате, но фактите укажуваат дека колку сме похумани и повеќе работиме со престапниците, толку се поголеми шансите утре да не го повторат делото, што е нашата крајна цел како општество.

    На нивна ресоцијализација не можат да работат луѓе кои не чувствуваат емпатија кон нив. Не сум само јас и не сме малку по светов, и океј е да не може секој.

    Но еве ви ја моралната дилема и зошто "скокнавте". Постојат малолетни деликвенти, некои млади по 12 и 13 години. Тие СЕ деца. И веројатно мојата омилена категорија (12-18 годишни престапници). И тие се деца, но во оној момент кога 13 годишно дете ќе направи криминал, престанувате да го гледате како дете. А дете е и понатаму. Не престанало да биде дете.

    Едноставно да имам прилика (лично) не би "дигнала раце" од овие луѓе. Луѓето, генерално, можат да се превоспитаат.

    Се подразбира дека не секој и се подразбира не секое дело.

    Но од она што ни е достапно како истражувања, луѓето кои се третирани како луѓе во затворите и општо, земјите во кои целокупната социјална заштита е на високо ниво, имаат прво најмали стапки на криминал, а второ, нивните затвореници се со најмала стапка на повторување на делата. Што всушност е и крајната цел на казната. Суровоста не ги прави помалку криминалци, емпатијата и работата со нив - да.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.