Дали сметате дека затворскиот систем кај нас, но и во повеќето од државите е фаличен? Јас сметам дека премногу се фокусира на казна на оние кои ги направиле кривичните дела, наместо на рехабилитација на истите. Шведска и останати напредни држави во Скандинавија имаат едни од најдобрите услови во затворите, а сепак мала криминална стапка? Зошто е тоа така? Додека пак, за разлика, Америка има едни од најлошите затвори, а сепак огромна стапка на криминал. Дали сметате дека на сите затвореници треба да им се даде право да изберат да можат да работат нешто, и секако, да си добиваат плата или некакви позитивни поени од тоа?
Мило ми е што прва одговарам Е вака сега, не знам колку сум компетентна или дали имам доволно информации за ова, но правев истражување, односно проектна на слична тема. Затворот, како и сите други облици на санкции имаат примарна цел за превоспитување на однесувањето на затворениците и нивна ресоцијализација, освен класичното одземање на слобода како казна. Овој метод има за цел затворениците да ја сфатат својата грешка, да работат на себе и во иднина да не ја повторат. Искрено кај нас не верувам дека тоа функционира така. Затворите работат без никакви средства и труд за да се примени ова, а луѓето чија слобода е лишена ја одлежуваат казната и повторно ги повторуваат кривичните дела. Нормално има исклучоци, но сметам дека затворите далеку подобро функционираат во другите поразвиени држави и дефинитивно ова е нешто на кое сериозно треба да се поработи и во иднина да се подобри. На прашањето би одговорила дека и двете, но рехабилитацијата би требало да е застапена за да може да функционира примарната цел за луѓето кои се лишени од слобода.
Затвор можи да биди успешна мерка и да се користи како рехабилитација. Ама, до сега, ретко каде затворот функционира така пошто сите го гледаат како казнена мерка. Ако некој е доживотно, не можи да ми е помалку грижа дали тој некој ќе се рехабилитира во меѓувремето, посекако ќе остани в затвор. Ама, ако некој излези за 1-5-8-25 години, многу е важно таму да има терапија и океј услови пошто не ми треба некој кој бил на „курс“ како да биди уште полош криминалец. Пошто сите кои излегле од затвор се тоа, подобри во тоа за кое отишле в затвор. А, дека можи да се среди тоа и да се вложи во затворите и да се претворат во рехабилитација и ресоцијализација на лицата кои се таму - можи. Ама дека не се сака да се прави ова - не се сака.
Дефинитивно казна. Не гледам зошто треба да рехабилитира убиец. Можеби за кражби или ситни злодела, особено ако се направени од неопходност. Ама за сериозни кривични дела со умисла, или си психопат и ти нема спас, или точно знаеш што правиш и не заслужуваш да си дел од слободниот свет.
Зашто нема опција во анкетата : и затвор и рехабилитација? Бидејќи јас лично тоа ќе го одберам. А еве и зашто.Лани кога учев право во школо дискутиравме на темава и демек зашто баш е ,,К.П Издизово” да кажеме? Па да, Казнено Поправен дом. Сметам дека освен дремењето по 24 саати во ќелија и правењето НИШТО, треба да има и рехабилитација за затворениците.За сторителите на потешки дела би ја ставила да биде ЗАДОЛЖИТЕЛНА. Голем е процентот на луѓе кои по излегувањето од затвор продолжуваат по ,,стара шема” и не мрднале од слепа точка во однос на нивното однесување и размислување.Бидејќи во затворите сите се меѓусебно опкружени со луѓе како нив (луѓе кои го прекршиле законот) и таму нема кој да им укаже дека е тоа лошо дело и дека треба да се поправат дур се таму. Со рехабилитацијата и разговор со психолог мислам дека малку од малку би можела да им се ,,поправи” однесувањето на затворениците, при што ќе им се укаже дек сториле кривично дело, дека одземале нечија душа (убијците нели), дека украле нечија плата и земале нечиј леб од масата (лоповите) и дека тоа не е етички и морално добро и дека во иднина НЕ СМЕЕ да се повтори! Бидејќи само ако лежат во затвор по цел ден, зјапаат во таван, не прават ништо и меѓусебе се ,,фалат” кој што и како направил апсолутно ништо не сме направиле со тоа. Бидејќи затворот им е реално баш како дома.Не работат ништо, лежат по цел ден и дремат, јадење на гага, спиење на гага и тоа е тоа.Вака со рехабилитација ќе им се поработи на психата малце.Може ќе им чукне во главата дека не треба да кољат, да крадат и да прават злодела.Џабе им е седењето во затвор и 100 години, ако не извлечат заклучок од тоа и не се поправат. Знам имаше конкретен израз во правото за лица кои по затворот се враќаат на стари, ама да ме убиете не ми текнува..
Дефинитивно рехабилитација и тоа според стореното кривично дело да им се одреди и тип на работа додека се во затвор, пожелно физичка (и онака нема работници) за да општеството има некаков аир од тоа што имаат кров над глава и се хранат бадијала. Вака излегува дека оние кои се чесни, сиромашни и на улица без дом, се во полоша позиција од затворениците со тешки кривични дела кои имаат каде да живеат и се згрижени.
Клавир да им се стави, добро опремена библиотека, курсеви бесплатни за се и сешто, за да излезе пример ко програмер од затворот. Опера за време на јадење да се слуша, со психолози и психијатри редовни сеанси бесплатно секако...и кога ќе излезе да е десетпати поспособен, поначитан и ментално поздрав од просечен граѓанин. Ова, таму некаде каде и за примерните граѓани се обезбедени нормални услови за живеење. Повеќе од нормални де. Во спротивно, доста е да се прати во соодветна установа ако има психички проблеми заради кои извршил криминално дејство, консултации повремени со стручни лица и да се почитуваат закони и правила од страна на вработените по затворите. Во Мк имаш еден куп вработени кои шверцаат се живо и диво, поголеми криминалци и од криминалците внатре се...премногу фина тема е оваа за некои држави.
Па зависи за шо лежи затвор... Пример силувачи, педофили, сериски убици, доста им е шо на државен трошок цел живот ќе скапуваат у затвор. Или ако крадеш државни пари, или си ливар, така нешо... Ма да кај нас тие најлесно си проаѓаат. Али на пример со гане да те фатат, или ќебапчиња да крадеш, или ако продаваш сушени пиперки на улица, може. Ма да кај нас смртна казна ќе воведат уште малце за тоа.
Кога нема нови теми, се наоѓаат интересни стари теми. Според мене, затворот (треба да) е и едното и другото, но повеќе рехабилитација отколку само казна. Си направил прекршок и злодело, ќе си одлежиш казна. Но, додека ја отслужуваш казната, исто така и да се поправиш, да не излезеш (ако излезеш) истиот криминалец кој што си бил. Верувам дека човек може да се подобри, иако тоа е екстремно тешко, од страна на некој педофил, силувач, агресивен човек и сличен пореметен ум.