Затнати уши

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од selly.gomez, 1 август 2011.

  1. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Не најдов ваква тема, па еве отворив, ве молам кажувајте некој лек или совет за затнати уши. 2 пати бев на ушно, ама штетно е и несакам да одам толку често. Еве и ден денеска ми се затнати ушите, не слушам како што треба... ;( ;( ;( :( :( :( :(
     
  2. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Пред некое време имав и јас ваков проблем, но само со едното уво. Бев и на лекар, но нивното чистење не помогна воопшто затоа што тоа се прави кога имаш нечистотија во увото или пак нешто ти е заглавено, ти влегло вода и сл. Но мене ништо од тоа не ми беше, туку увото ми беше затнато како последица на некоја настинка, затнат нос...нели сето тоа е поврзано. И уште долго време ми беше затнато, се додека не реши само да пушти. Почувствував неколку пати како да ми пука нешто во увото, малку ме болеше и самото си пушти. Така да, од чистењето на ушно и нема некое фајде.
    Позз и се надевам и твоите ќе ти бидат послушни и ќе ти се одзатнат сами.
     
  3. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Не ми е затнато увото.. тапанчето ми е повлечено! Ненормална болка! Ви се молам кој имал слична мака нека каже шо да се напијам.. Кетонал веќе се напив.. не помага.
    Инаку тапанчето ми се повлече после 5дневнава настинка/вирус.. ваљда поради премн секрет :/ Помагајте!!
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.395
    Допаѓања:
    105.573
    Пол:
    Женски


    леле и јас го имав овој проблем пред неколку години :( знам како ти е.. вака , јас поради ова бев на лекар и таму ми кажаа само да ставам топло на тоа уво , значи згреј термофор и стави и лежи на тоа убо и НЕ го секни носот зашто најчесто заради тоа се повлекува тупанчето
     
  5. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Јас се убив од секнење овие 5 дена и на крај уште ова ми фалеше :( Фала многу koritsaki, ќе пробам со топлово.. Белким ќе прекине болкава :(
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.395
    Допаѓања:
    105.573
    Пол:
    Женски

    нема проблем и ке помине не се секирај..знам нема полошо од тоа да не слушаш ништо :( и плус болиии.. ама ке пројде само топло ставај :*
     
  7. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Страшна работа ова со ушите, прво мојот проблем и со чешањето е , одамна многу ме чешаат а последно време дури како да ме наболува (ама ваљда тоа е зошто сум сега настината, и само шмркам и дувам нос), а уствари докторот ушен вели чисто е се, ми пиша некои капки за некој ден да ги користам, демек суви ми биле внатре ушите затоа ме чешале???? а знае некој лек против ова неподносливо чешање? А капките само моменталноми го решаваат проблемот... после све по старо :(
     
  8. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    мене обично за затнати уши ми помага термос наполнет со топла вода или со топла крпа кога ми се затнати ушите ке ставам капки и малку ке земам крпа ке ја ставам 5 минути на печката да се стопли и после ке легнам и крпата ке ја држам на затнатото уво додека не се олади крпата мене тоа секогаш ми помага :)
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас кога имав затнато уше, на лекар ми рекоја да ставам неколку капки хидроген од 3%. И така ми се одзатнуваше иначе ќе се мрднев.
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Феминки мои, јас само ќе ви кажам ако имате мака со увото, право на лекар! :!: :!: :!:

    Мене ми се искомплицира увоболкава.. Не знам дали поради вирусот настана компликација или поради премн секнење.. Слухот сега за сега ми е оштетен ( се надевам ќе се врати во нормала). Цела недела пиев јаки антибиотици и на крај немаше никакво подобрување, исто како да не сум земала никаква терапија. Сега дома имам цела аптека.. Сирупи капки апчиња.. Страшно :(
     
  11. kitten622

    kitten622 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    5
    Мене сега брзо ми се појави овој проблем.Секогаш кога сум настината поточно кога го секнам носот (а ми е затнат) ми се затина само едно уше и дури добивам силни вртоглавици ;( а понекогаш траат и до 15 мин. Што да праваам??? :worried:
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    е се случува понекогаш од вода малце да бучат ушите али оние казуват имало црви :!: навистина??

    пак иделе кај една од градот и таа демек им ги вадела и потоа им пило подобро..
    што знам за ова али многу иделе таму и потоа биле подобро :?: :?:
     
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Како оди постапката на чистење уши на ушно? Штетна е или корисна? Колку често треба да се применува?
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес кога станав приметив дека левото уво ми е затнато и малку ми зуи. Не ми е целосно затнато, слушам со него, ама помалку. Настинка не е во прашање, ниту нечистотија, ама се мислам да не е поради слушалкиве што секојдневно ги користам :worried:
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.867
    Допаѓања:
    81.119
    Пол:
    Женски
    Ана, ставај почесто топли облоги; загревај шамивче или крпче и држи го на увото.
    Ова е универзален лек за уши. :)
    И да, многу е веројатно да ти биде од слушалките, посебно ако погласно си го попуштила гласот.
    Ќе ти попушти, мислам дека не е ништо страшно, само внимавај си.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Во последно време осекам притисок во ушите, и од нагли промени во притисокот (од низок на висок и обратно) ми се затнуваат ушите. Бев на лекар ми кажаа ништо дека не ми е (дека ми е од стрес, кaко во стил да избегавам ситуации, што ми предизвукуваат стрес...) меѓутоа не ми кажа дали капки да ставам, хидроген или било што како да ми помине бидејки неможам веке да се поднесам! :/ Прашањето ми беше дали некој бил во ваква ситуација и што да направам да си помогнам?

    благодарам
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Кога е затнато ушето од настинка,повеќе секрет или од притисок,може да се стават капки,еве пример Отипакс,тој е за воспаление и болка, Отол Х, Тобрадекс (иако се за очи,помагаат и кај воспаление на уши,јас ги имам користено) и слични. Постојат и спрејчиња за уши,кога има повеќе секрет,можите да побарате во аптека,имаше еден Ауди спреј само незнам дали го има,но сигурно има и други :)
    Ако имате болка можите да се напиете и ибупрофен,само ако таа болка е силна и не поминува долго,подобро да одите на ОРЛ да не е случајно и пукнато тапанчето,тогаш е полошо.
     
  18. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Па со специјален шприц, аспирираме вода - млака, од сад, и за оваа манипулација ни треба бубрежно легенче, крпа и шприцот. Првин крпата ја поставуваме на едното рамо (зависи кое уше треба да се чисти) и над него е бубрежното легенче кое треба самиот пациент да го држи. И после со шприцот малку претискаме, т.е го испуштаме воздухот од него, и го поставуваме шприцот во ушето, и ја аплицираме водата во ушниот канал т.е го чистиме. Ако не излезе ништо од ушето, а докторот ни кажал дека е за чистање, тогаш ставаме мрсни капки во ушето и газа, и после 3 саати пациентот повторно иде и му го чистаат ушето. И со тоа, оваа манипулација е завршена :lol:
     
  19. barbie25

    barbie25 Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zatnato uvo

    zdravo, imam zatnato uvo, veke 1 mesec poslabo slusam, primav kapki Otol, megutoa nema podobruvanje, ke se zamolam za sovet pozdrav
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    и мене еве ми се затна, при чистење,слушам на него не ме боли ама е затнато. Ми се има еднаш вака случено пред повеќе години и ме мачеше цел месец, бев на лекар ама џабе, не ми помогна. А ќе се спобудалам вака дур само да помине.