1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Затнато носе кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 30 ноември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    Што ставате на вашето бебе кога носот ќе се затне? Денес на ќерка ми и се затна носот, цела ноќ не сум спиела :( таа си спиеше ама немирно. Сакав да направам солена вода ,бидејки немав ништо за бебе дома,ме интересира дали смее да се става на бебиња? :?:
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Да, солени капки. Додека мојот беше бебе, скоро после секое бањање му ставав солени капки. Педијатрите дури и препорачуваат секојдневно да се става за да биде влажно носето. Откако ќе му ставиш солени капки се масира носето, од синусите па надолу.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    И јас исто кога беа мали моите им ставав капки, а сега продолжив со спреј. А после капките ако не е чисто носето со пумпица, јас користам една со цревце и сама влечам, малце е појака ама бидејки син ми поради алергии кога ке почне мн му се полни и му тече носето. А има и една крема од мустела што сум задоволна, се мачка пред спиење и и таа помага со мирисот да се одзатне носето.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Haс малце воздух ако не види одма му се затнува носето и му ставам капки Hосал секој ден и после тоа со аспиратор му го вадам цел секрет :) само првиот пат му купив рачен аспиратор на чико немаше врска не вадеше нешто после му купив еден на маример јас што треба да повлечам многу подобар е од тој на чико и плус ти контролираш колку да повлечеш ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Може физиолошки раствор (капки) или спреј Синомарин или Аква Марис - има посебно наменети за бебиња. Секогаш кога син ми е затнат му ставам спреј Синомарин, го бањам во потопла вода со малку морска сол и капки за инхалација, после тоа го мачкам на градите со маст Mucoplant на база на еукалиптус. И поминува веднаш. Така сакам да спречам мрсулчињата да му се слеваат во грлото, и сега засега успевам во тоа. Нема потреба од појаки средства :)
     
    На NatasaSara, koritsaki и princessofthedark им се допаѓа ова.
  6. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    За коај возраст е кремата од мустела? Дали е и за малечки (8 месеци) бебиња?
    И јас користам асипраторче, борби водиме кога и влечам, пишти ненормално. АМа од таа со вакуум па не видов аир .
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мустела е баш бебешка колекција, се користи од +0
     
  8. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    И јас водам борби со аспираторот, и точно е за кремата од новороденче може да се дава, со многу нежна формула е , а и сигурно е пријатна бидејки и ќерка ми иако е поголемка навечер сама бара да ја намачкам... :)
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас оваа сеозна открив одличен спреј за нос,
    Ацидосалус, од Марина Лаб, Хрватска
    со масло од црн ким и пробиотици, нас многу ни помогна за затнато носе. Спрејот е на природна база, неверојатно брзо ни помогна, и има само еден недостаток-цената, 900 денари е едно шишенце.
     
    На joy1 и Annath им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Јас пробав и со чај од бел слез, неколку капки во носето - тече како лудо, мрсулчиња на сите страни, дури и од устата почнав да му вадам. Нема ништо, никаква настинка, а носето си тече. Ќе морам да пробам со Ацидосалусот, фала на препораката Лавице ;) колку сака нека е, за детево не штедам.
     
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Ако нема никаква настинка а му тече носето може да се работи и за алергија на одредена храна или нешто друго...Не прочитав колкаво е детето но ако е помало не се препорачува тестови туку да го ставиш на посебна исхрана , само готвено јадење, без преработена храна, без јајца, овошја на база на цитрон, пилешко месо и види дали за неколку дена ке престане да му тече. На синчето мое исто му течеше а беше здрав, го испитував се, и откако го ставив на тој режим му се смири, па после почнав едно по едно да му давам нешто и да откривам на што реагира а што смее..
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    За одредување на алергии кај деца помали од три години се користи тестот преку крв.
    Инаку, Ацидосалус ни помогна и нам, немаме веќе толку проблем со носето, ама причина за течењето е тоа што најверојатно ќе вади заби. Многу се лигави и гризе во последно време, не дава да го пипнам во устата, а и некако помалку јаде. Слично се однесуваше кога ги извади првите две запчиња, па сега изгледа уште некое запче е на ред :)
     
  13. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ние уште немаме запче :( Еве 8 и пол месеци и не и се ни набабрени непцата, а се лигави и цела рака ја става в уста . Од носето, нормално , секој ден по некое мрсулче и извлекувам...
     
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Јас се консултирав со тетка ми , бидејки е специјалист педијатар баш за таа област, па не правев тестови, бидејки кај толку мали деца не се меродавни. Еве некои од продуктите на кои пред една година беше алергичен сега е имун... Затоа ми препорача посебна исхрана.. Ние имавме подолго проблем со дишењето заради густиот слез од носето, многу е алергичен, а исто и од третиот крајник... Па сега му давам еден лек Сингулар ,во прашок, го нарачувам од странство,малце е поскап и основна намена му е за деца што имаат астма, но ми рекоа дека е добар за нашиот проблем и нема несакани дејства, за разлика од некој спреј што ( не сум прашала како се вика) но тој бил опција ако ова не помогне бидејки тој покрај користа имал и некои штетни дејства кај малите деца. Сега за сега , помина месец дена како го пие овој лек и можам да кажам дека сме немале проблеми со носето, дури пред некој ден на гости фати и лапна неколку смоки што не смее никако ( одма му се растечува носето) и две недели не му се смирув, па го гледам сега :) добар е...
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што кај вас се решава проблемот со исхраната, ама кај нас дефинитивно не е проблем алергијата. И мене специјалист педијатар ми е в куќа што се вели, исто ја консултирав и матичната докторка на син ми - и двете потврдија дека не се работи за алергија. Ми рекоа дека може и крвна слика да направиме, ама немало потреба. Освен тоа, му немам на малиот дадено ништо што би предизвикало алергија (освен млеко и јајца - жолчка), а смоки и слични глупости, како и други алергени продукти не планирам да му го давам барем до година и пол. Се што му давам, му давам по претходна консултација со педијатар.

    Алерголошки тестови од типот на patch тест и слични не се прават кај деца помали од три години, токму затоа што не се меродавни. Кога се работи за нутритивни алергии, обично поминуваат без проблем, ретко перзистираат подолго време. Но кога се работи за нешто друго, се прават тестови преку крв, кои и тоа како се веродостојни. Можеш да се консултираш со специјалист алерголог, истово ќе ти го каже.
     
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Прашував за тие тестови пред една година кога ни почнаа проблемите, на едно место беа за храна , на друго за полен, мириси други, па друг беше тест за од животни , друг за од лекови и хемиски супстанци , а откако ке дознаев на што е алергичен секако ќе морав да го ставам на диета за таа храна , за другото немам влијание, и мислам дека не згрешив што не ги направив бидејки залудно ке потрошев една плата за да дознам дека е алергичен на нешто на кое денес веќе не е, на пример пред еден година беше алергичен и на пилешко а сега веќе може да го јаде и сл. Понатаму кога ке помине некоја година кога нема да му биде толку променливо ке му правам и тест. Инаку мене докторите ми викаат дека му е повеќе од третиот крајник, што до негде е точно, но знам дека кога ќе утнат во градинка и ќе му дадат што не смее , тогаш му се влошува, така да, отприлика храната е таа на која треба строго да внимавам.
     
  17. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ние секој ден еднаш до два пати го чистиме носето со аспираторче и еве денес пв пат зелени мрсулчиња од левото. Дали значи тоа настинка или? :worried: :(
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи. Ако нема други симптоми, не е ништо страшно. Ако му тече носето повеќе, ако кива или кашла, пробај со чајче, Ц витамин, општо повеќе течности, без нагли промени на температура (да не се шета многу надвор-внатре). И редовно проветрување на просториите во кои престојува малото.
     
  19. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Поткашлува по малку и кива, ама носето е затнато, не тече дури не и ставам солен раствор за да го чистиме. Можно е да е и од сув воздух во собата. Топло е, а да треба еден спрат погоре да ја качам на гости, и ставам вентијага и капче, многу е ладно по скалите. Два дена со ред ја прошетав на ладното и изгледа и дојде промена, иако сум за изнесување еднаш дневно на воздух. А каков витамин ц да и давам? Има посебно нешто за бебиња (8 и пол месеци) или ? Баш и сестра ми ми велеше дека треба да и давам витамин ц во зима посебно.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Има пливит Ц таблетки, од 50мг најмалите мислам дека се, може да и ги раствориш во вода или чајче, ама не врело, млако да биде. Се даваат од 4 месеци. И стави некое тенџерче со вода на радијаторите, да не е многу сув воздухот. Убаво е што ја вадиш надвор, топло беше деновиве. Најважно е да не дува и да е добро облечена.