Малото ми е 18дена, носето од пред два дена затнато на спиење го осеќам најмногу, крчи како возрасен ... педијатарот рече фала богу не е на плуќа само носето е и ни даде аква бејби капки.. веќе трет ден еве поминува а носето ми се чини полошо е... мрсулчиња нема видливо (вчера само во едната ноздра суви на два пати извадив) ... не знам дали смеам да пробам да влечам со аспиратор за носе.. немам ни купено било каков мислејќи нема да треба од толку мали и страв ми е да не се спушти надоле...да чекам да му помине? Некој со искуство слично?
I moeto bebe hrci kako vozrasen i go proveruva pedikatarot sekogas nas ni dade sinomarin kapki 3 pati na den od niv si disi polesno ama ne se sekiraj malo e uste kanalcinjata mu se uste tesni i normalno e da hrci, masiraj mu go mestoto nad noseto odnosno izmegu vegite taka ke gi poopustis kanalite i bebeto ke si dise poslobodno, dokolku primetis mrsulcinja vadi gi so crevce za izvlekuvanje no prethodno stavi od kapkite za da mozes polesno da gi izvadis mrsulcinjata inace suvi koga se potesko se vadat i ne se sekiraj nema da mu bide nisto, malecko e uste se cisti seuste, se nadevam ti pomognav kolku tolku
И на моето му беше затнато, му ставам спреј аква марис и со цевче му ги влечам марсулчињата ако има. Еве више 2+ сме и ако не му го исчистиме носето се нервира. капките не се штетни не се секирај, греота е бебето да плаче кога има решение
капките и спрејовите ја оштетуваат носната слузница со тек на време ако се претера со нивно користење.Пак ке кажам за тоа упорно влечење со цевки и аспиратори.Еден ден од синуси ке ви патат децата да знаете.Не оставате ништо на природата да среди и да исчисти,упорни сте со тоа влечење и наводниот секрет кај бебе штотуку родено.Гледајте дома воздухот да не ви е пресушен па затоа да хрчи и е 'затнато'.
Мајки да ве замолам за помош. Дали некоја знае каде во Скопје можам да најдам од балсамот на Мустела што се мачка под носе. Марисол и аспираторче не помагаат. Друга идеа немам, се работи за бебче од една недела. Секој совет е добредојден,
И ние имаме мрсулчиња уште од болница, не е настинка рече педијатарот, капки аква марис, ама кога и ставам ми повраќа и страв ме фаќа. Од нив вероватно и ми се поддавува. Вака супер си е се, одлично напредуваме. Некој совет за давењево?
Исти сме и ние. Малку ѝ е затнато носето и се даве. Не знам како да ѝ помогнам, се надевам дека некој ќе одговори, страв ме фаќа на спиење така да не почне да се дави.
Aqua maris baby, ама овој спреј. Пумпицата е таква што кога прснеш во едната од другата носница излегува секретот. Нас педијатар ни го препорача. Еднаш имаше до сега проблем со секрет во носе и спрејот помогна.
Јас само во нужни ситуации ставам марисол капки , и тоа по еднаво секоја ноздра страв ми е повеќе да и ставам , поради тоа што може да и се оштетат носните слузници , аспираторче воопшто немам користено бидејќи сме немале некое страшно затнување на носето имам дома ама ете така си стои неотпакувано можеби инхалација со камилица ќе помогне , само не знам колку е изводливо тоа кај бебе нека каже некој поупатен од мене , а јас во нужна ситуација само користам капки .
Настината е? Ако не е проветрувај во соба редовно, да влезе воздух, или стави тенџере со вода да парее, да има доволна влажност. Јас користам марисол за бебиња за затнато носе, убаво се покажаа. И морав да се редактирам заборавив, кога спие ставај ја на перница да биде полу-легната, така нема да се дави. Ќе поминат не секирај се
Не е настината, само мрасолчиња има. Проветруваме секој ден по 2 пати најмалку. Не спие на перница, ако не да ѝ ставам една тетра пелена под главата, мислам дека перницата и е висока, 3 недели и 2 дена е, малечки сме. Користам солени капки за носе, такви ми дадеа во аптека.
Тетра нема да ти врши работа, течни мрсули има? Ако ти е страв да ја редиш на перница, крени го душекот од креветчето под агол на 45 степени, мене така ме советуваше педијатар. И само така мирно спие ќерка ми кога е настината.
Или под душечето стави перничка кај што е главата, целото душече да дојде закосено, така нема да и се слева секретот и да се дави.
Не ѝ се течни, туку така како густи се, некогаш хрче кога дише и се познава дека ѝ е затнато носето и од нив се даве. Ќе пробам со некоја помала перница.
Епа не се секирај не е опасно, само гледај да проветруваш редовно и прскај ја со солена вода и ќе поминат.
Dali pri zatnato nose ste stavale rasecen kromid vo prostorijata kade sto spie bebeto? Na malata i e zatnato noseto i od ko zaspa celo vreme se budi, nervozna e od so nemoze ubavo da disi, pa mi kazaa da stavam rasecen kromid na pola, vo sobata kade sto spie bebeto. Dali imate iskustvo, dali ima efekt ili za dzabe ke se truime od mirizbata i jas i bebe ..a i drugo, da spielo na pernice podignato? po princip nespieme na pernice, dali sega da ja stavam za da tece nadolu sekretot (neznam zasto da spie na pernice pri zatnato nose)?
Кога ти е затнат носот, како ти е полесно да дишеш, кога си сосема легната во хроизонтала, или под агол од 45 степени? Стави перниче под душечето, да биде подисправено кај главата, пак бебе на рамно ќе си лежи, само главчето ќе биде малку повисоко во однос на нозете. Инаку кромидот помага, 100%, барем кај мене помага и кај двајцава кога се затнати.
Ние ставивме тенко перниче под душечето доаѓа под агол 30 ст. Така не советуваше и педијатарот. Има ефект. 2+ е малото.
Мами носето мислев дека ни е затнато, но прво прочитав коментари, па изгледа имаме проблем со воздухот, со проветрување Ама сепак грчи малку со носето, еве ја спие и прета, се врти, немирно спие. И гледам малку во носето од едната страна има некое мрсулче белко ама за настината не е сигурно. Да ставам нешто, капки, раствор, да земеме пумпица или нема потреба? @joy1 те прочитав за некој спреј dead sea јас имам таков не знам дали е истиот, ама јас за мене го земав. Има 150 прскања. Сега прочитав пишува и за новороденчиња. Може таков да и прснам? По колку пати? Пумпицата некако голема, а носето нејзино мало