Да, овој е. Ама ние сме само две недели А пишува и за новороденчиња. Ти што мислиш? ( Денес приметив, ако ептен грчи и ако мора инаку ќе пробаме со нов воздух во соба па после спрејче)
хрчи кај вас од пловода вода сеуште.Во тој случај српејов не ти треба.Можеш само физиолошки капка две
А тоа што почна од синоќа, а претходно не хрчеше? Или нема врска тоа е? А каков физиолошки? Би те прашала уште нешто ама не е за тука, ако не ти е проблем ѕирни во искуство со бебиња од 0-6 само што пишав па ако нешто можеш да ми кажеш. Фала
обичен физиолошки од аптека или побарај капки марисол за бебе.И тие мислам беа чист физиолшки раствор за секојдневна хигиена.За спреј сте малечки
Бебево почна да ми хрчи тешко дише ми рекоа се чисти не е настинато. Почнав капки марисол да му ставам но почна да му се собира како шлајм во грлцето и душиче се труди да искашла ама не може. И само плаче неможе да спие убаво. Како да му помогнам? Земав и аспиратор за мрсулчињата ама пак исто.
Тоа е нормално да хрчи. Се слева во грлото и кашла. На ќерка ми и помогна колку - толку инхалација. Прво кај матичната правевме два пати на ден, но сега си купив и си правиме дома. И чисти со пумпа кога има секрет во носот. Прво капки ќе и ставиш, па после со пумпата, ама само кога ќе видиш дека има. Не форсирај на празно да влечеш.
Колкави сте? Само не може да искашла, ако има шлајм ќе го поврати или преку какање ќе го извади. Не форсирај пумпица ако нема ништо. До 2 или 3 месеци мислам се чистат, нормално е од плодова вода им е тоа.
Незнаеш ми се плаче и мене кога ја гледам дека се мачи фала ти многу Уште една недеа два месеци. Фала ти на одговорот ме фати страв што да правам.
Здраво ве молам за совет бебе има 3 месеци и сме со затнато носе и поткашлуваме и ги вадам мрсулчињата со аспириратор ама одвај и вчера имаше зелени каки што да правам да не чекам до понеделник додека ја однесеме на педијатар
Ete joy ti odgovorila, nikako ne vleci na suvo, stavaj mu fizioloski rastvor ili kupi od bebeskite sprejcinja so morska voda na Isomar ili AquaMaris. Ke napraskas, pa ke pocekas 1-2 minuti pa potoa ke vleces.
Мајки купив инхалатор Емед а610 од Зегин, го користи ли некоја од вас за бебушот моето е 4 месеци и пробавме вришти пишти се плаши од зуењето, а ни рекоа дека е бешумен како да успеам да го инхалирам цел затнат е едвај дише жал ми е да го гледам така. Капки не помагаат.
Да пробаш да му го наместиш мобилниот во близина или некој да го држи мобилниот, пушти некој спот ( мојот на Аријана Гранде не трепка ) или цртан со појаки бои ( нив јаките дречливи бои им се интересни ) па пробај така. Чекај момент кога ќе се задлабочи, ако плаче ќе прекинеш се дур не се смири и се така дур не ја завршиш работата.
мајки ајде кажете ваши искуства и мислење за ваквиот начин на чистење на носе, по youtube има многу видеа на помали и поголеми бебиња и дечиња, па дали може да има штета и по колку пати на ден може вака да се чисти? Синко е година и 4 месеци и преку два месеци сме со затнато носе па утрово сестра ми ми го прати ова видео и го направив многу мрсулчиња излегоа и му олесни на детето но сега се мислам дали може да има некој стетни последици и колку пати може да се чисти зошто на сабајле и навечер е најзатнато па два пати да не е премногу?
@Vennera.aa и ние вака имаме чистено носе кога беше помала, и стварно е успешно Со физиолошки раствор мислам дека не е многу два пати во денот.