Денес да речеме сме подобри. Има едно мрсулче подлабоко го гледам, ама инаку е ок. Не кива толку. Изгледа е нежна женска, кога и да се соблечеме да менуваме пелена, она си кивнува. Ја мотам повеќе, денес и вчера, па се надевам добра ќе биде. Тенкју мајкички.
Сега додека цицаше малата забележав , поточно слушнав, како да има шлајм,онакво грчење при цицањето. Најверојатно не и сметаше при доењето, оти си цицаше номално, ама има шјалмче сепак... Две недели сме, што можам да преземам? Физиолошки колку често и по колку се става?
Најверојатбо од млекцето е. Мојата хрчка така некое време. 100 пати ја слушаа и од млекото е. За прочистување само физиолошки.
Нормална појава е се чистат од плодова вода и се кај нас исто првите мес праеше така а и у буквала сите се исто ако не и смета нема потреба ни физиолошки остави само да мине штом цица слоб то не е мн нормал појава е..
Јас прашав педијатар за тоа. Ми рече голема им е реската од грлото, па кога цица, од млекото така хрчи. Не е шлајм, млеко е. Кога пие побрзо, повеќе хрчи. Ништо не треба да ставаш. Ако има мрсулчиња, прскај млеко твое (ова е старски совет).
Синомарин како се користат? Само се става растворот или треба и аспиратор? Треба да купам па да знам.
Аспиратор само ако тече носето, на суво не. Дури и ако ставиш Синомарин (по една капка во двете ноздри). Кога ќе ставиш од капките, ќе се раскива и ќе излезат мрсулчињата. А аспиратор како што реков, нема потреба да се користи ако не тече носето само од себе, значи баш да тече, и да му се полни со секрет, па со аспирацијата се олеснува дишењето.
Фала ти за одговорот. Еве ќе пишам, да стој за други мајки со прашалници Имаше мрсулчиња кои не му течеа ама беа повлажни, проѕирни. Му ставивме синомарин и баш како што кажа си кивна и му се исчистија. Крвната слика му е супер. Него не дека му сметаа во дишењето ама ми беше жал да го слушам..
Кај нас сепак излезе проблемот дека е затнато носе... Вадам мрсулчиња со палома или стапчиња за уши, некој суви некој влажни (ако воопшто значи ова нешто)... И сега многу се грижам, не можам да ја слушам како хрчи додека цица а и додека спие, се слуша тој серет во носот. Со аспиратор не можам ништо да направам оти ноздрите се мали ептен... Се мислам утре на болница да ја носам, а уште ни здравствена книшка немаме, ама ајде секако ќе не прегледат. Ептен се обвинувам кај погрешив и зошто ми настина малата. Ретко подкашлува, некогаш кивка, ама хрчи како старче... Ќе си пукнам од мака!
Однеси ја, да бидеш мирна. Јас исто вака ја однесов, немаше ни 15 дена, излезе дека нема ништо. Кива зашто се чисти, од промена на воздух од една во друга соба. И моево кашлаше, ама само по еднаш, а не да се закашла. Ништо не било. Мрсули вадев на два три пати, ама не течни. Големи, не суви, туку се тегнеа (како објаснив ). Сакам да кажам, не се обвинувај и не се плаши, може нема да е ништо.
Мајки за затнато носе односно мрсулчиња, физиолошки раствор од аптека даваат со пумпица или како? Со што треба да и го ставам во носе? Со шприц? И колку? Не ми е јасно може глупости прашувам ама немам искуство. Или некои капки/спреј/ раствор баш за бебе? И уште нешто, уште едно глупаво прашање, ациди борици е тој истиот физиолошки и за во носе или не? П.С имам спреј dead sea пишува и за новороденчиња ама еднаш прашував ми рекоа подобро не за бебе од две три недели. Сега е скоро 4м. Може?
@Вереничка ваков физиолошки купувам јас, наменет е за бебчиња и доста практичен во пакување, од Зегин во Молот го имам купено, дали и во другите Зегин аптеки го има не знам.. Можеш и со спреј Аква Марис на природна база е.. Со пумпица јас не би доколку не се премногу, не течат, не го засркнуваат. Ако се оние мрсулчиња суви, белки и како да си шмрчка само, не сметаат ставај само физиолошки по некоја капка најубаво Ациди-борици е за ладни облоги, чувај и тоа ќе ти треба еден ден
@Вереничка Носето на моето бебенце јас секогаш го чистам со капнување по една капка физиолошки раствор и малку крема ќе ставиш на носето . Потоа го масираш носето од коренот на носето надоле и мрсулчињата сами ќе излезат. На овој начин побрзо ќе научи да го дува носето. Ациди борици не е исто со физиолошки. Физиолошки раствор имаш во малечко пакување, малечки шишенца монодози тие се најсоодветни за вас. Тоа спрејот јас го користев едно време ако за истиот зборуваш израелски од зегин, супер е ама за мало дете многу силно прска - за бебенце ич не е.
Е на вакво нешто мислев Си реков ако е во шише како ќе ставам, така го замислив инспирирана од ациди борици Инаку да, не е растечен носот, нема многу, туку она како секое сабајле по некое суво, ама прееска се нервираше изгледа и сметаа имаше повеќе, се чеша за носот се размачка и онака баш како засушенки надвор околу носето па си реков да ја освежам малку, а досега не сум ставала ништо. Ок фала ти ќе го пратам мм по вакви или ако нема аква марис.
Ама нормално е да хрчи, плус од греењето е сув воздухот, тоа дополнително придонесува за хрчењето. Само физиолошки во носето, по една капка, ќе исфрли се со кивање, а стави и на шпорет/радијатори сад со вода да испарува. Не носи бебе на болница без потреба, грипот допрва ќе зема замав. Монодозите се можеби практични, ама кога ќе се отворат, треба да се искористат во рок од 24 часа, а не верувам дека цела може да се потроши кај бебе. Затоа преферирам спреј или капки.
Јас кога има премногу или многу крчи ставам Аква марис спреј (педијатар така ми кажа), кога не физиолошки @Annath не останува, со остатокот очињата му ги поминувам за да му ги исчистам дрлките