На моево му е затнато носето веќе неколку дена. Едвај дише. Зедов капки, пробав и со физиолошки и пак исто. Со пумпа да пробам ама како треба, прво со физиолошки, па да влечам со пумпата? Две недели има инаку.
Не верувам дека сте затнати од мрсули и за пумпа, да не ти е затнато што се чисти од плодовата вода!? Цица убаво?? Инаку јас толку мало кога беше моево само физиолошки ставав некоја капка во носето.. Внимавај и на сувост на воздухот, колку ви е во соба, периодов е ептен сув, па ние со навлажнувач сме 24/7..
@Skorpija25 се чисти. И моето е исто. Вака носето му е чисто па не влечам со ништо. По некоја капка физиолошки ставам и ништо друго. Синоќа и кромид ставив за спиење. Добро поминавме. Е сега цела соба мириса ама тоа е.
@emkaemka да, да, си цица убаво. Можно е и од воздухов да е, ама гледам во носето има малку мрсули, затоа сакав со пумпата да пробам. Преку ден е подобра, навечер едвај дише. @duffi знам и јас за кромидот, ама се мислев дали да ставам. Ај до вечер ако е многу затната ќе ставам кромид, па после ќе луфтираме.
Па навечер ви е посув воздухот, ако немаш навлажнувач ставај канче со вода на радијатор, до грејното тело.. Чим не му течат сами мрсулите немаш што да влечеш, ниту има количина која му смета, за ронче мрсулче пумпа на бебе не се става, можеш поголема мака да му направиш, пример капилари да му распукаш што ќе влечеш на суво. Кога ќе го бањаш ставај со тушот, чашката потопла вода на главчето ќе му паднат сами, ако се некои кои се напред и ги гледаш нежно со чепкалка за уши протни извади ги
Ве читав, само се навратив да повторам - немојте да влечете со пумпа или аспиратор кај бебиња/дечиња кои немаат обилен секрет. Значи суви мрсулчиња и кркорење во носето не се причина за тормозење со влечење на сила, доволен е физиолошкиот раствор, ќе ги искиваат мрсулчињата и крчењето ќе престане. Со пумпа или аспиратор се вади кога има обилен секрет и детето не може воопшто да дише. Значи кога тече носе, кога е ептен затнато, па со влечењето му помагате да се олесни. Во други случаи навистина нема потреба.
Имам дома шише што го купив за инхалации кога требаше да правиме. Освен такво шише кај што треба да влечам со шприц има и спреј? Или погрешно те разбрав
Тоа користи го за инхалации. Има капкк, монодози, спрејчиња, сите со солен/физиолошки раствор. Јас на моиве им прскам Синомарин, а на малово кога беше бебе до 6 месеци му прскав Носал (бар мислам така се викаше).
Мајки на бебчо мој почна да му тече носето пред 1 саат. Бевме надвор со количка дур да стигнеме дома го фати ветерче дуваше малку и му потече носот. Сега како едвај да диши на нос. Дали смеам да ставам капки Синомарин и ако да по колку ? Инаку сме 3+
Здраво мамички на мојта мома и е затнато носето мн и фрчка некаде имам прочитано за ставање кромид додека спие да го вдишува мирисот па ако некоја од вас има пробано со кромид да ми пише дали имало подобрување Инаку ставам синомарин капки и влечам со пумпичка нема вака мрсолчиња некако унатре и е затнатоо
Не влечи ако не тече носето, беља ќе му направиш. Со аспиратор се влече кога баш тече нос. А ако е затнато внатре, доволно е синомарин, ќе прочисти, и ќе искива се што му пречи внатре. Инаку кромидот има ефект кај настинки, и тоа како. Кај моиве барем има.
Колку блиску го ставате кромидот до бебето? И колку пати во денот може така со кромидот и дали може цела вечер да вдишува исецкан кромид да не направеме некоја бељА?
Јас го ставам во собата и само тогаш спиеме цела ноќ. Го ставам пред да легнеме да спиеме седи до сабајле. Исечен на четири дела. Кога е настинато.
Нема белја од кромидот, напротив. Инаку јас го ставам во чиниче исецкан до главчето на бебето, на ночната масичка што е до креветчето. Навистина мириса многу, ама многу помага за да се спие поубаво.