Да, тенџере со вода обавезно си стои на каминот, ама се мислам и една крпа поводена во негова близина да оставам навечер, па да испарува. А со витаминиве обавезно ќе земам, фала annath
КАЖЕТЕ МИ ДАЛИ ИМА НЕШТО ШТО СЕ ДАВА НА 15 ДЕНА БЕБЕНЦЕ ЗАШТО УШТЕ КОГА ГО ЗЕМАВМЕ ОД БОЛНИЦА НОСЕТО МУ Е ЗАТНАТО НЕ ТЕЧЕ АМА СЕ СЛУША ДЕКА МУ Е ЗАТНАТО.
Можете слободно солени капки да му ставате.На сите бебиња до 3 месец може да се осети мало крчкање во носето или мало затнување НО тоа значи дека му се чисти носето од плодовата вода Така ми кажаа мене на лекар кога го однесов детево и јас целата уплашена аман како успеав да го настинам АМА НЕБИЛО НАСТИНКА така да место за паника нема
Mожеш да му дадеш носал капки тие се физиолошки раствор само да ти кажам дека не му е затнато носето чим не тече туку тоа кај бебенцата се слуша како да хрчи бидејки делот што се наоѓа меѓу устана и носот (внатрешно) кај возрасен човек е коска а кај бебенцата има само закостени јадра и како расте бебето така и тоа станува потврдо за на крај да се формира целосна коска и поради неоформена коска се слуша хрчење уствари делува како да му е затнато носето барем мене така ми објасни доктор оти го скапавме од носење на лекар и труење со лекови за на крај тоа да испадне и како што ми кажа докторот нормално е за бебе да има од 6 -8 инфекции на горните дишни патишта годишно а за носалот можеш и чисто ради хигена на носот еднаш во денот да му ставаш по една капка во секоја ноздра
Фала Ви на информациите мене така ми се чини, дека не нон стоп меѓутоа кога ке земе подлабоко воздух тогаш се слуша и крчењето на носот.Во секој случај чекам уште мислења од другите Феминки...
КАко им ставате капки за носе на 8 саати?Што ако спие? И на спиење можам или? ГЛупаво прашање ама ај да прашам Ај за сирупче на спиење во млекцето ама за капкиве не ми е јасно. Па и можно е млекце да не пие, а со чајот не се меша мислам сируп.
дарла никако немој да ставаш било што додека бебето спие за ова педијатар ме има предупредено разбуди го прво бебенцето па после стави му капки
Ставај му ги капките кога ке стане,додека спие нема потреба да му ставаш,ако му е затнато носето нема да може да спие мирно и ке се разбуди само,ако не ке си спие јас за малата користам sinomarin midi и многу се ефикасни
Ох маки со носето веќе аман. До пред три дена беше скроз здрава, сега кутрото едвај диши, а и се спие и се плачи. Цел ден вчера изеде само една голема кашичка и едно пудингче. Друго само чај и млеко на спиење..Почнавме со сируп па се надевам за брзо пак да си јаде со апетит. Инаку Ефедрин капки ни препиша докторотама вчера само што го исчистивме и туривме капки, таа пак беше полна во носето и затната
Не претерувај со Ефедринот, не е добар за децата. Само физиолошки раствор, и аспиратор, може и малку инхалација со физиолошки раствор, ама внимателно. И ако можеш Ацидосалус спреј - одличен е. Малку повеќе пече кога ќе се стави во носот, ама ефикасен е. И навечер - исечкан кромид чувај до главчето на детето, ќе може да дише и помирно ќе спие. Колку и да не го сакаш мирисот - ефикасно е. Барем гледам по син ми, и тој е затнат деновиве, навечер мирно спие и лесно дише баш поради кромидот
Ах ќе мора изгледа кромид вечер да ставам. Викендов на секои 30 мин и влеќев со аспиратов, мислам дека уплав ќе добие детето. Се двоумев за кромидот да не мирисам сабајлето за на работа, ама ќе мора ако помага, тогаш нема зошто да се мислам. Инаку не може да диши, наполу јаде
Морам да пишам пак, ова со кромидов било спас Пробав откако заспа еднаш и почна да се врти , носето затнато скроз, одвај и низ уста дишеше, и го кладов кромитчето во близина и си продолжи да спие А јас се чуствував како во кафана да спијам хаха.добро е сега немаме мрсулчиња толку...
Мојата ќерка има 4 месеци и деновиве немирно спиеше, и осетив дека и се создава шлајм во носето. Вчера бевме кај матичната ја прегледа, рече дека на гради и грлото се чисти, а за носето да и ставам синомарин капки. Ама ноќеска и се влоши ситуацијата. Почна да не речам да се гуши од шлајм, сабајлево и изнастегав капки и и се растече носето, мислам со аспираторчето (од оние со кое јас влечам со устата) извадив мрсулчиња како од голем. А и почна повеќе да кашла од што и се слеваат мрсулчињата в грло. Е сега ме мачи што би можело да е причината. Прво пред неколку дена нејзиниот постар брат беше настинат, и него носето му течеше ко чешма и кашлаше, па можи тој да ја префатил. А овде читам дека, само ако носето течи, може да е и алергија. Бидејќи слабо напредуваше (едвај 500 грама за 4 недели, а минимумот е 400), со молење одвај да испие 600 милилитри за 24 часа, докторката ни рече да почнеме со млчните каши на Хип, и со понекое сокче и овошна каша, кои се наменети за од 4 месеци. Досега имаме пробано, јаболко, банана и последно праска. Јас денес попладне ќе се консултирам пак со докторката, ама ме интересира некое искуство слично на моево и совет. Не ми се земаат веднаш сите препарати некој што ќе ми ги препорача, оти така правев со првото дете, пари ќе изнатрошев еден куп. и на крај од најобичниот лек, или само посебе ќе помине. Вечер ќе пробам со кромидот, а ако знае некој, имам слушнато дека и капки за в нос од кромид правеле, нека го пиши рецептот, да не мора сите ко во кафана да спиеме
zdravo na site. otkako se rodi moeto bebence postojano mu e noseto zatnato,mu stavam kapki za nos akvamaris i potoa so pumpica mu go izvlekuvam sekretot,go odnesov kaj maticnata ne e nastinat no nosot mu e postojano zatnat i nemoze da spie kako sto treba ni pa da cica. otkako ke mu go izvadm sekretot se e dobro no po polovina cas pak isto. go prasav pedijatarot da mi preporaca nesto dr no uporno mi vika samo akva maris a ne pomagaat. zatoa preporacajte mi nekoi kapki za nos sto vie ste gi koristele. blagodaram
Дали се случува да бљуцка по малку после доење или ад млеко? Ако бљуцка, може да му е од тоа. На син ми исто нонстоп му беше затнат носот и педијатарот ми рече дека така ќе му биде сè додека повраќа, а тој си бљуцкаше после доење или испиено млеко. Некаде кај 6 полни месеци исчезна проблемот. Не се секирај, ќе помине, најважно е да нема ништо (односно да не е настинато детето). Ти ставај аквамарис или кои било други солени капки, вади ги мрсулчињата и стрпи се да помине и тоа.
да ми бљуцка после секој подој а и ми поткашлува сигурно од секретот што му се слева во грлцето инаку не е настинат супер е се друго. ајде ке чекам ке бидам упорна дај боже да успееме многу ми е жал душиче...
Како што рече АИТ во една тема, море му е мајката за се, има да исчисте и шлајмчина и се и кај возрасните а и малите , потоа цела година ке си биди супер, кој е во можност воопшто нека не размислува.