Мами затнато носе ми има едниот бебуш и тоа само навечер, сакам да го носам кај матичниот пошто ги решава ептен природно ваквите работи ама не знам вака каде да влегуваме дали кај здрави или болни деца?
И на синко му е затнато носето, вчера ставивме по 2 капки во двете ноздри, многу плачеше и не почекавме 5 мин да постои туку одма почнав да влечам со пумпицата, па излезе секрет само од едното ноздре и му олесна, денес пак многу шмрчеше и не му ставив капки дирекно влечев и кога излезе секрет се зачудивме со мм, како од голем човек беше. Па еве сега си диши убаво.
И на носето знаеше да му се затне ноќе веројатно посув е воздухот во спална , иако имаме навлажнувач. Пред спиење прскам Синомарин спрејче и нема маки бебуш. Не влечам со пумпица , нема потреба ако нема секрет. Ако се 6+ слободно можеш спрејче . Ако не Синомарин монодозни ампули.
ми дигна температура детево 37.4 и знам дека е во граница на нормала ама страв ми е дека му варира од ноќеска
Смирено, тоа не е ни некоја температура. Да не е преоблечено? Раскомоти го, во собата да не е претопло, истуширај го без главчето и следи ја состојбата.
Дома ни е претопло 25-26 степени ама нешто не изреди сите (имавме растечен нос) ама кај него застана. Од ноќеска кога видов дека тешко дише го покрив повеќе од што треба Мислејки да се стопли ... температурата му варира цел ден 36,7 до 37,2 и еднаш измерив 37,4 . На лекар не мислам да одам Сега за сега ама ќе видиме утре како ќе биде.
Не е тоа температура. Не се секирај. Најбитно! Не го препокривај и претоплувај, полошо правиш. На таа температура нешто тенко за покривање е доволно.
Едни имaше нa чикo 600 и нештo ден беa,мaјкaтс мaнуелнo дa влечи .a други ми пoкaжaa 200и нештo ден сo рaцете дa стиснеш сo вaкум aмa ми рекoa декa сo тoa пoвеќе мoжелo прoблем дa се нaпрaви пр.прскaње нa кaпилaр.
Физиолошки мислите на тој што го продаваат како инфузија па со шприц вадите или се продаваат физиолошки во капки?
Само aqua maris ефтини се Ќе ставиш по две капки во ноздрите и ќе влечеш со аспиратор за носе Одма има ефект
На затнато не се влече. Ама се става физиолошки или солен раствор, барем да се ослободат дишните патишта.
Јас така и го одзатнувам на мојава веќе 3 месеци Ставам од капките и тоа се омекнува и кога ќе повлечам се си излегува