1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Затнато носе кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 30 ноември 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.286
    Пол:
    Женски
    Само ако тече носето се влече со аспиратор, значи баш да течат мрсули. А кога е затнато не, затоа што пукаат капилари, се оштетува слузницата и подоцна во текот на животот може да има проблеми со синусите. Сувите мрсулчиња ќе ги искива со ставање на солен раствор, а секако растворот помага и за прочистување на носето и отворање на дишните патишта.
     
    На dromka, crazylady, hello-kitty.90 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    29
    Ако може помош. Како да исчистам носе на дете година ипол, затнато носе но не е настинато не му тече, туку секојдневно што се полни? После бањање се чисти само, но сега се бањаме преку еден ден до два и додека да се избањаме едвај диши од што му е полно носето. Пробав со Носе Фрида но не вади, веројатно дека се суви мрсолчиња:|
     
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Да не е алергиичка некоја и да е потечена слузницата внатре? Јас имам таква мака, секрет немам, а ми потекува слузница поради алергија... советувај се со педијатар, да не влечеш џабе со аспиратор, да не треба некое спрејче.
     
  4. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    29
    Не, не е алергија само е полно носето од секојдневни нечистотии. Сега сме и почесто на воздух надвор и побрзо се полни. Со бањање си испаѓаат големи парчиња од носот што би се рекло мрсулчиња. Но имам проблем како да ги вадам секој ден за да може полесно да си диши, бидејќи се бањаме преку 1-2 дена. Како вие ги чистите носињата на вашите малечки?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.286
    Пол:
    Женски
    Прави тоалета на носето со солен раствор, најарно во вид на спреј да биде, прскај често, ќе ги искива. Не влечи со аспиратор никако.
     
    На dromka и tweety123 им се допаѓа ова.
  6. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Купивме инхалатор, сеа кажете ми колку физиолошки раствор ставате? Педијатарот ми вика 0.3мл, идам дома, мерам со шприцот 0.3 тоа 2 капки :/
    Не е малце тоа или ја не сум го разбрала баш.. ваљда не ги утнал мл со дл
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.843
    Пол:
    Женски
    3ml треба, сигурна сум. Башка физиолошкиот раствор не е лекарство и нема штета од него само за навлажнување на носето е. Не се грижи стави слободно 3 ml.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Марисол капки за нос зедов и пумпица за аспирирање.. за едномесечни бебенца...во ред ли е, женски?
     
  9. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    608
    Пол:
    Женски
    Мајки, на капките пишува само три дена да се користат од отварање..вие како ги користите?
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Јас ги користам така како што пишува. Пример Синомарин ампулите само 24 часа.
    Затоа Синомарин спрејче купувам,на него не пишува ограничување колку да се користи.
     
    На dromka и hub им се допаѓа ова.
  11. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.467
    Пол:
    Женски
    Го имате ли користено Бекутан спрејот за деца и како сте задоволни?
     
  12. Ivce22

    Ivce22 Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мајки дали некој ги има користено капките за носе НАЗОПАС? Нас ни ги препиша педијатар ама некако не ни помагаат, со денови е затната малата, а исто така и многу кашла, иначе сме 5 ипол месеца. Совет како да ни помине, со што?
     
  13. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Во таа возраст обично препорачуваат солена воса во капки,но ако е многу затнато слушајте си го педијатарот.Немам искуство со тие капки.Но покрај основната терапија многу помага да пресечеш една главичка кромид на 4 и да ја ставиш ноќеска кога спие до креветчето.Барем го олеснува дишењето кога спие.
    Е сеа ќе ти мириса на десетка со кромид ама тоа е гратис
     
  14. Ivce22

    Ivce22 Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Знаам за кромидот го ставам да, ставам и физиолошки и џабе. Незнам и кашлицата со што да ја запреме..
     
  15. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.467
    Пол:
    Женски
    Мајки бебуш ми има 3.5 месеци. Повремено хрчка,ставаме бекутан спрејче и аспирираме. На лекар ни рекоа дека е обична настинка со слабо покачени леукоцити.
    Вадам бели мрсулчиња , што значи нивната боја?
     
  16. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Ми треба совет и на мене :(
    Синко има скоро 13 месеци. Еве веќе цела недела од претходниот вторник па наваму му се затнува носето,ама само ноќе во спиење. Значи си заспива нормално,за 1 сат се буди со затнато носе и не може ни да дише,ни да цица. Во спалната постојано проветрувам,оставам вода да испарува во бокал,ставам кромид да му се одзатнува ,ама не помага ништо. Не е настинат,не кива,не кашла,преку ден се си е нормално. Му ставам и преку ден физиолошки раствор или спреј Синомарин,ама кога кивне од спрејот не исфрла ништо.
    Ноќе кога ќе му се затне исто му прскам спреј и чистам со пумпа,излегува леплив секрет и по некоја грутка. Исто му мачкам и балзам Фитобалм. Еве веќе 1 недела подобрување нема. Се одолговлекував да не го водам кај матичната да не го доразболам,ама изгледа ќе мора да одиме. Од што би можело да е?
     
  17. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Вирус е најверојатно штом е леплив секретот,затоа и не може да излезе.Истово го имавме и траеше десетина дена.Само синомарин хипертоничен ставав по 3 пати на ден и на крај ставав спреј Изомар оти уплав доби од ампулите веќе.Исто,кромид секоја вечер.
    Таман ќе ја избањав и легнуваше да спие,и оп ќе се затне.Сум ја будела да и ставам капки оти цела ноќ нема да спие.Само во спиење и правеше проблем.И кога ќе се појават,влечи со фридата колку можеш.Ќе пројде веќе,издржи уште малку.

    Ако ти дава пред спиење напрај инхалации со физиолошки.Мојата вришти од инхалаторот и кај нас тоа не беше опција.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    И мојот не дава да му правам инхалации,па постокано му ставам физиолошки. За влечење со пумпа има што да се влече,ама често онаа нечистотија собрана во грутчиња знае да биде црвенкаста,па ми е страв да не го повредувам,ама морам со пумпата да влечам,гледам дека после спреј/физиолошки му се слеваат густи,лепливи мрсули кои никако не излегуваат. А и не влечам многу силно,ниту пак долго.

    Е што вирус ќе беше ова,без кашлање,кивање?
     
    На babydust му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Да риновирус.И подобро е да е без кашлање и кивање.Исто што опишуваш беше и кај нас.Влечи од лепивите колку можеш.Јас ставав и по две капки во секоја носница да се растечнат малку и одма влечев т.е. маж ми влечеше.Сама не можев оти мрдаше многу.Еден ја држи другиот влече.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.286
    Пол:
    Женски
    Прашај матичен доктор дали може да ставаш капки во носето, од типот на Септаназал, Мералис и слични. Какви инхалации, какви аспирации. Детево нема секрет, само се затнува од сув воздух. Оти џабе е водата што испарува, не постигнува. Кај нас навлажнувач работи цела ноќ од истава причина. Не малтретирај дете непотребно. Чисти го со физиолошки, без да влечеш, секојдневно прскање по неколку пати не е штетно ,а се прочистува.