1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Затнато носе кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 30 ноември 2011.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    И јас мислев дека е поради сув воздух,ама немаше ли и претходно да му се затнува носето,во истата соба и исто затоплување од ноември па наваму спиеме?
    Кога го аспирирам баш мрсули излегуваат, а аспирирам штом ќе почне да му се познава секретот во носе,или и тогаш не треба? Пробав на почетокот да не аспирирам,ама со кивање не го исфрла,а се гледа дека има внатре,може и дека еднаш кивне после ставање физиолошки и толку.
     
  2. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.700
    Пол:
    Женски
    Не би да се надмудрувам ама и не зборам од памет.Дадов мислење затоа што пројдов низ истото.Го дадов истиот совет да се стави физиолошки,а велам хипертоничен затоа што во случај кога е густ секретот физиолошкиот не ми помогнал.А за влечењето,знам дека кити многу убаво знае дека на суво не се влече.За инхалацијата советот ми е од педијатар.А секој си го знае детето.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Јас не аспирирав откако на матичен ме искараа за тоа. Ми рекоа аспирација само ако тече носот, значи баш да тече, а не знае да го издува, во сите други случаи само перење со физиолошки и, ако има потреба, капки за нос.
    За затнувањето од сув воздух, мислам дека на почетокот на грејната сезона не е толку изразено, колку подоцна, ама тоа е само мое мислење.
    Прашај си матичен доктор најарно.

    @babydust јас исклучиво хипертоничен физиолошки раствор користам секојдневно. Обичен не ми врши работа, освен ако го перам носот на принцип влегува од една ноздра излегува од друга. Многу пати моиве биле вака затнати, само чистење со физиолошки применувам, излегувал секретот целосно. И постојано навлажнувачот работи, цела ноќ. Ноќите кога ќе заборавам да го уклучам, одма се затнуваат.
     
    На hello-kitty.90 и duffi им се допаѓа ова.
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Јас имам обичен физиолошки,и ставам со шприц во едната ноздра,па во другата,како капки да ставам :|
    Како да го перам @Annath да излегува од другата?
    Можеби погрешно го правам тоа?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски


    Вака изгледа тоа, ама јас немав храброст на бебе и мало дете да му го правам ова. Полесно ми е кога се вака поголеми, соработуваат, ама и немам потреба да го правам толку често. Не знам дали ти би можела да го правиш ова, ако не, не се нафаќај.
    Во аптека ќе побараш хипертоничен морски раствор, обично како спреј е, јас Синомарин користам. Подобри се спрејовите, полесно се става растворот во носето. Ако продолжи вака, консултирај матичен, ама мислам дека ако не покаже други симптоми, нема потреба.
     
  6. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Здраво и ние со носево нз што ќе правиме од минатата сабота почна да и тече проѕирен секрет и ај ниш не е ама за секој случај купив спреј аква марис и и го чистев супер беше овие 4дена станаа зелени густи и навечер почна од заспивање првите 2ч да се накашлува и денес на лекар бевме ни дадоа оперил капки (спреј земав јас) и ампицилин сируп на 6ч по 2,5мл да давам и пробиотик давам по 2ч(самоиницијативно), носето као подруго да е сега а за кашлањето вечер ќе видам инаку 8м сме...

    Дали оние на бекутан за имунитет можам да и ги давам? Ако оперолот за нос се за од 2г ми ги дадоа... Овие за од година се..
     
  7. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    И мојава кашла, (9м инаку) сочно со шлајм и плус мрсули. Мојава педијатарка ми кажа инхалации со синомарин да правам и до сега е подобра. А за капки за имунитет јас и давам baby vit, комбинација на повеке витаминчиња во едно и вит ц капки, можеш тоа да земеш.
     
    На Мецаа91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Nose Frida ви е на акција во Зегин, 440 денари. Јас денес зедов па да пробам, целото грчи, не можи да диши...
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Capricorn1

    Capricorn1 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Мамички синко е еден месец и ми хрчи. Што да направам да му го олеснам дишењето
     
    На Sinolicka. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Нормално е за новороденчињата. Направи солен раствор со морска сол и капни му или со физиолошки раствор.
     
  11. Capricorn1

    Capricorn1 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Откако ќе капнам да влечам ли со аспиратор
     
  12. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    3.868
    Пол:
    Женски
    На толку мало не би влечела бидејќи може да ја повредиш слузницата на носето. Капни и почекај - или ќе кивне и ќе ги исфрли преку носето или ќе ги голтне, па ќе ги исфрли преку каката. Доколку се гледаат во носето можеш да пробаш со чепкалка за уши да ги извадиш, но многу внимателно и само површински.
     
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    И јас така правам со пумпица влечев кога ги слушав високо еднаш два пати ама со чепкалка ми е поедноставно ако не кивне да ги исфрли
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Изи веќе ти одговорила. Јас не влечам со аспиратор никогаш, на тој начин ризикуваш или да ја оштетиш мембраната на носето или во иднина да му направиш проблем со синуси. Сигурна си дека има секрет? Тоа што хрчка е од плодовата вода од која се уште се чисти. До 2-3 месеци може да потрае, но со раствор можеш да му олеснуваш.
     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Само физиолошки ставај или синомарин капнувај му ќе си кива и ќе исфрли одбегнувај да му ги влечеш и мојов нон стоп има а заплаче одма му се пуни носот али само Синомарин му капнувам
     
  16. Capricorn1

    Capricorn1 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Мислам дека му се мрсолчиња. Синоќа се слушнав со педијатарот, ми рече физиолошки и потоа да му влечам со аспиратор :(
     
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не ги влечи одма пробај неколку пати со физиолошки ако не бива тогаш ако го употребуваш често уште повеќе ќе му се прават
     
    На Capricorn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Capricorn1

    Capricorn1 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Денес ќе му ставам неколку пати само физиолошки. Фала ви мамички
     
    На Izzy_0504 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  19. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    9.478
    Пол:
    Женски
    Мајки,да ми каже некоја спрејчето аквамарис за бебе,како го користите? По колку пати прскате во една ноздра и дали после со пумпица треба да се усмука или да почекам со кивање да исфрли? Нема мн.мрсулчиња,ама понекогаш како затнато да диши.Бебе е две недели.Фала многу.
     
  20. Capricorn1

    Capricorn1 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Јас капнував по една капка во носе и чекав да ги искива. Никако да ги исфрли па почнав сп аспиратор да му ги влечам секое сабајле.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.