Zdravo, da ve prasam dali ima vrska kakov aspirator se koristi? Bebenceto e 50 dena od koi 30 bese vo inkubator, veke edna nedela celo vreme mu e zatnat nosot bevme na kontroli kaj pedijatar ni rece samo nosot e nisto nema , kupivme procistuvac na vozduh, kupuvme navlaznuvac dzabe isto, stavam bekutan izotonicen rastvor ne pomaga nisto i vlecam isto so bekutan aspirator ama nisto ne izleguva a na disenje se slusa kako da ima sekret vo noseto ama pogore kako vo sinusi. Dali ne cini aspiratorot i sprejot ili nema vrska isto ke e i so drugi? Gi gledav nekoi kapki spray nasal so izotonicen rastrvor i aloe vera pa se mislam i so niv da probam. Mi e strav deka ke se vlosi, veke se nervira i za jadenje mu smeta mnogu.
Мајка да не слушаш ти уствари млекце како крчи? А да мислиш дека е секрет. Моето така си прави после цицање.
Аспиратор не се користи ако не тече нос, не малтретирај го малото без потреба. Може да му пукнеш капилари од влечење, и да му ја иритираш слузницата. Доволно е физиолошки во носе, ќе искива се што му пречи.
Ај хелп, детево ми е затнатно не диши навечер преку нос дур спие мака мачи. Правено инхалации со декстаметазаон и физиолошки, ставање спрејови за нос, користиме сируп за алергија и пак ништо не му делува. 2 год е
Здраво мамички Ме интересира дали е нормално на бебе од 9месеци да се затнува носето додека спие, направивме брис од нос но нема ништо исто така го ставам да спие на висока перница но нема никаков ефект веќе незнам што да правам... зедов и лепенки со мирис на ментол но не ни помага Незнам како да му помогнам ова веќе трае две недели Дали некоја мајка имала сличен проблем и како постапила? Се извинувам за долгиот пост Ги користиме капките Бекутан
Можеби е алергија. Можеби е само воспалено носето или третиот крајник. Ако нема секрет не ставај ништо само полошо правиш. Подобро пробај со летизен види дали ќе помогне. Или од клима топол воздух се затнува стави навлажнувач.
Земи си ментол кристиали и неколку стави во жешка вода да испарува кај што спие ќе му помогне во спиење.
Какви ментол кристали, има ли во аптека? И моево шмрчка, кромид ставив сечен помогна но би пробала и со кристаливе...
Дали можеби некој има назален аспиратор Nosefrida кому не му е потребен? Изгубивме еден дел од нашиов (цревото со делот кој оди во уста), а другиве што ги има слични на пазарот не се баш тоа, купив - не е исто. Благодарам.