Има два вида од спрејот. Ние тој Blocked nose го ставаме кај малата и супер се покажа. Ова од наше искуство зборам. Кашла од што му се слева од секретот надоле. Влечете секрет, прскајте спрејот и јас ја тапкам по грпче, за ако нешто има да исфрли.
Vi blagodaram mnogu, ajde utre bash i jas kje go kupam ovoj istiot i kje probam i so nego zatoa sto onoj drugiot ni najmalku ne ni pomaga.
Јас го користам спрејот и е одличен. Прскам и после го чистам со носко. Не го суши туку помага полесно да го извадите слузот
Син ми веќе две недели има затнато носе, не постојано ама се забележува при цицање и спиење бидејќи спие со отворена уста и се слуша како му крчи носето. Го однесов и во Ремедика и кај матичниот педијатар и двете ми рекоа дека му се слевало од млекцето, само физиолошки да ставам. Ама еве денес веќе и засушени мрсулчиња забележувам на видливиот отворен дел од носето. Да барам ли трето мислење? Инаку на плуќа нема ништо, расположен си е, нормално си јаде и напредува. 6 недели е стар.
Нормално е додека не се исчисти скроз од плодова а и додека не научи да цица убаво голта па млеко поминува па ќе бљуцне. Не оди по доктори ќе закачите нешто стварно. Ставај физиолошки
Скроз исто сме,кај мене е 4м,еве 3та недела е така. Највеќе ноќе дали оти спие на рамно и се слеваат ептен крчи,кога ќе стане и ставам физиолошки,чистам и бело е најверојатно млеко.. Преку ден па е океј
Кај моето беше така и излезе бактерија, мораксела. Нема на плуќа, не му течеше нос ама имаше засушени повеќе и навечер како да се загушуваше малку. Со аспиратор ако влечеш има ли нешто?
Претпоставувам дека е тоа ама не знам, се плашам да не пропуштам нешто. Почнав од вчера со физиолошки па ќе видам како ќе биде. Нас дома и ни е многу топло и сув ни е воздухот, и јас и мм често се будиме затнати со болка во грло од што сме дишеле на уста ама еве сега почнавме и со навлажнувач и крпи да ставаме, се надевам ќе му помогне тоа. епа само заради ова се секирам, викам да направи брис па ако нема ништо ќе си знам дека е од млекото ама педијатриве ми рекоа “абе каков брис, супер си е детето” и сега да не знаеш што да правиш. Не сум влечела до сега, вчера баш купивме аспиратор, ќе го пробам и него после. Ми рекоа ако не му тече носот да не влечам, него не му е ич растечен ама не знам веќе, да пробам после да видам дали нешто ќе излезе. во секој случај фала на советите
Знам дека не треба да се влече, ја случајно видов дека тоа што хрчкал било секрет обилен во грло, му прснав спреј, кивна и искочи баш секрет жолтеникав, се извадив од памет. А вака симптоми никакви…пробај еднаш па ќе видиш.
3+ месеци сме исто така, навечер се подобри хрчењето откако ставив навлажнувач во собата. Обично пред спиење и го чистам носот со физиолошки и носко, секогаш излегуваат бели мрсули.