Бебенцето еве веќе две недели ми кашла и кива, носето му е затнато неможе да си спие мирно од него.. педијатарот ми рече само солени капки да му ставам, грлцето не му било црвено.. а тоа и понатамо си кашла не знам што да правам.. ајде помош некој ако знае некој лек или нешто да му подготвам па да му ставам во носето
Не знам колкаво ти е бебенцето, ама физилошкиот раствор ти е најдобар и најбезбеден, никако немој да експериментираш со други капки, или уште полошо, со домашно направени раствори. Него не му треба многу многу, само едно шприцање и ќе му пушти одма носето. Обавезно земи и усно аспираторче, да му ги влечиш мрсулчињата, така ќе му олесниш најмногу. Само пази, и тоа до макс 2 пати дневно прави го, да не му ја надразнуваш слузокожата. Јас на мојата сега и` прскам и Бејби Диво Оригано Назал Спреј, ама прашај во аптека од која возраст може да се користи, иако во својот состав нема ништо освен диво оригано....
Најверојатно настинало и затоа кива.Во зависност од возраста ,но доколку му е време за вадење заби тогаш кашлањето може да биде и од зголемоното количество на плунка која се лачи и со која не може да се справи,но може и да е од мрсулчињата кои се слеваат надоле во грлото.Јас на мојата ќеркичка од 2 месеци почнав да и ставам по 1-2 капки Аква марис ,но од тие за бебиња и тоа по препорака на педијатар. Ако многу му е затнато во негова близина држи преполовен кромид од чија миризба носето ќе се одзатне.
Бебето ми е еден месец само, му ставам Назогал солени капки во носето веќе две недели, ама нема некои резултати, мислев дека ќе му помине за недела дена ама ништо.. на контрола педијатарот ми вика продолжи да му ставаш капки и само тоа, вика не му е црвено грлцето а тој многу кашла
Па сигурно кашла од што му се слеваат мрсулите надолу.... Искрено, и ќерка ми на таа возраст беше така затната, едвај спиеше навечер, и` го поткревав и душечето од што се гушеше....да те „утешам“, ова само од себе престана некаде околу 3от месец Објаснувањето беше дека се „чисти“ од плодовата вода и се дооформува носето и носната шуплина.... Ние 3 месеци правевме инхалации дома со физиолошки раствор само за да може да спие.
Како тоа не се солени капки.. на нив си пишува, а и педијатарот ми рече дека се, малце почна по убаво да дише, али не му помина во целост, педијатарот рече да му ставам уште месец дена од капкиве
И ние си имаме проблеми со носот вчера цела вечер не спиена а не ни цицаше како што треба едино шишето едвај го испи бидејќи не и треба многу напор . Ставаме физиолошки имаме аспираторче она Nose frida ама отворот не му го собира во носницата па ќе мора и пумпица изгледа да купуваме
Не мора да влезе во носето отворот од аспираторот, доволно е само да го прислониш на ноздрата, ако е мало детето, нема да биде проблем. Пумпичките не влечат ништо, ама буквално. Ако сакате да ви спие ноќе без проблем, исечкан кромид ставете крај главчето. Гарантирано ќе му се отне носето и ќе спие поубаво. За мирисот лесна работа, се издржува.
Ние со кромидот не успеавме, или можеби јас не го направив како што треба А за аспираторчето, никогаш го немам пикнато во носето, секогаш само доближувам и вшмукувам. Страв ми е да и го ставам внатре во носето.
Да ви кажам со аспираторот успеавме нешто многу ситно да извлечкаме и денеска бидејќи почна да се позакашлува како да сака да исфлри нешто од грлото ја завртев ја истапкав убаво едно 5 минути и кога ја вртев према мене се исповрати една лигава топка од малку мрсули и млеко- аптамил и следното шише си го испи слатко и си заспа сеа за сеа не крчи веќе па редовно ќе го чистиме носето зашто неа изгледа и се слева па во понеделник ќе ја носам на мерење и таман да ја зирнат
Значи истава ситуација до вчера не снајде си бљуцка по секој оброк понекогаш и повеќе од блуцкање мислам не утоп да е во млекото и вчера сабајле кај 6 часот почна нешто како прозирна лига од устето и тогаш кога го кренав поврати малку поише . После тоа ја држев исправено и се смири сега спие со 3 пелени под глава здиплени да биде на малку повисоко мислам можно ли е да и се слева секрет и да и се враќа млеко зашто беше скроз на рамно ни 1 см не беше повисоко главата ?
За затнато носе мајката му е само исецкан кромид исецкајте пола главица кромид и ставете ја близу до главчето на бебчето, т. е носето. Помага експресно
колку кошта еден аспиратор за бебе и како сте задоволни и ако може слики ако имате да видам како изгледаат не нападнаа шлајмови со пумпицата ништо не напраивме поз
Еве, ние го имаме овој, околу 400-500 ден е во Зегин. Вака треба да се користи Многу завршува работа, ми се чини дека од само грло ги вади мрсулчињата. Инаку, ние моментално имаме проблем со затнато носе, мрсулчиња и шлајм. Ама, штом ме види со аспираторот, ми бега. Чај не сака, а за сирупи да не правиме муабет. Му давам Медогал за кашлицата и забележав дека уште повеќе кашла од него, ама па, каките му се полни со шлјам, што значи го голта, а тоа е подобро, отколку не дај Боже да му се спушти на бели дробови. Ефикасен е чајот од кромид, ама детево мое никаква течност освен вода не признава.
и ние го купивме леле мори мајко сојмал син и во носето ми се чини цело се наполни одвај го измив ама многу плачеше и + то некако не ми е згозно за користење, дали да го зджам она за вуста или главчето да му го држам ама ќе се испраксираме со текот на времето.
значи од тој нос сите проблеми ни се собраа Како што некаде пишав изолиравме Staphylococcus aureus ни дадоа капки гентамицин на контролниот брис повторно имаше иста бактерија па бидејќи почна ида кашла ни дадоа Амоксиклав и и покрај тоа шѓто и давав и пролајф доби пролив вториот ден ( денес) и морав да и го прекинам ми доаѓа да пукнам стварно не знам што ќе праиме
Што прекина? Антибиотикот? Ако да - тогаш не си смеела....проливот ќе го решеше со пробиотици, повеќе јогурт, ориз, компир, диетална храна, ама со прекинување на антибиотикот може да дојде до резистентност на бактеријата, зошто на пола пат „ја повлекуваш војската“ од борба, сфаќаш? Антибиотикот мора да се пие минимум 1 недела, а повеќе од тоа по потреба и со дозвола на доктор.
Значи вака смеам да прекинам антибиотик кога има медикаментозен пролив *уништена цревна флора ) кај бебе од еден и пол месец таквите проливи потоа може да се влечкаат со месеци да не го спомнувам зборот дехидратација. Јогурт приз и компир сфаќаш дека нема шанса да се даде (оризова вода да ) заради возраста пие про лајф и џабе е. А во случајов резитентност која скоро нема шанса пу пу да не урочам да се случи затоа што кон клавулонатот обично само МРСА покажува резистентност е помало зло до тоа да ризикувам дехидратација. Инаку амоксиклав се пие 5 дена а потоа се екстендира до 7 или 10 по потреба во консултација со лекар . И лекарката ја известив за тоа па ќе продолжиме со капки кои 90 % нема да помогнат како што не помогнаа а чудесно бактеријата е повторно оселтива на тие ама да се обидеме пак откако ќе се реши проливот . Фала Богу што столицата не е многу обилна само е повеќе водена од обично и почеста
Прво - се извинувам, мене ми се исклучени потписите на корисниците, па појма немав за колкаво дете/бебе правиме муабет. И сфаќам многу добро што значи дехидрираност, нема потреба од таква агресивност. Еве што јас најдов за МРСА, и еве еден мал извадок од него: Мојот педијатар ми рече 1 недела без прекинување, за да не си играме натиго-дајмиго со бактеријата и борбата со неа. Сепак, секој си го слуша својот и на него му верува. Секое добро, се надевам бебето во најбрз можен рок ќе се избори со бактеријата.