Се слагам со цитираното од СЗО но МРСА се издвојува како посебен ентитет од Стафилококус ауреус а ние не сме носители на тој подвид така да кажеме и истата моментално е стационирана по болниците воглавном во многу развиените земји како САД и сл и по некој случај и кај нас , ретко се открива МРСА во заедницата односно инфекција со МРСА стафилокок кај луѓе кои скоро не престојувале во болница иако има и такви и тука . Благодарам многу за поддршката и јас се надевам набрзо ќе пишам дека сме добиле негативен брис
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци zdravo.eve moevo since denes ne mi bese vo red.ima mn mrsulcina vo noseto i toa tecni,kiva potkasluva,neki da spie ic deneska,pa vecerva ke vidime so da mu pravam?na doenje e samo,proliv nema temperatura nema samo noseto sovet???
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Правететоалета нан осето солени капки за бебиња и чистење со пумпица или аспираторче јас д асеп офалам 3 дена немаме мрсули па за една недела ќе правиме контролен брис . Се надевам ќе биде негативен . Инаку денеси мојава штрајкува со неспиење ваљда овае некој период цел ден не заспа дури сега едвај со триста муки нишкања пеење
Мајки, моето бебенце веќе 2,3 дена го осеќам како хрчи и тоа кога е будно само, не нон стоп ама се осеќа, како да му е затнато носето, бар јс така го осеќам, кога спие си спие мирно , нема ништо, денес му извлеков со аспираторчето и едно мрсулче бело е не е зелено, ама вчера бевме и на контрола и ништо не ни рече педијатарот се беше во ред и сега не знам за бебе од 1 месец што се препорачува кои капки и дали може капки да му се стават? Инаку нема никакви други симптоми на настинка да речеме, единствено што си кива дневно по неколку пати ама тој си кива уште од денот кога се роди редовно секој ден по 2,3 пати и тоа не ми е знак дека ете е настинат. Совет?
можеш да му ставаш солени капки тие се препорачуваат за бебиња барем јас на моето му ги ставав од првиот ден затоа што откако е роден има затнато носе...а хрчењето може да е од мрсулчињата што му се собрани во носето штом го проверил педијатар значи се е во ред
и ние имаме затнато носе, проблем со спиењето поради носето, но спасот го најдовме во аспираторот Носефрида што го купив од зегин 523 денари. малку е скапичок но мн ефикасен, вчера првпат пробав да му извадам мрсулчиња и верувајте извадив два големи, сиротко колку мн му олесна што веднаш си заспа. исто еве и сабајлево, пак му беа создадени нови, па му ги извадив без проблем.и чудно не плаче бебево, туку си е мирно. претходно 2-3 минути, му ставив носал капки за нос (педијатарот ми ги препорача аква марис бејби) по една до две капки, почекавме некоја минутка и се ослободивме од мрсулчињата, па еве го пак си заспа. пред тоа, користевме пумпица, но без ефект. така да, мој совет е само аспиратор за нос Носефрида.
Аспираторот Носе фрида го имам и јас ама што да влечам кога нема мрсулчиња, јас го слушам како хрчи и му смета тоа, па затоа прашав за капки ако му ставам може ќе излезат полесно мрсулчињата
Ќерка ми кога беше новороденче (првите недели ) исто така хрчеше , и јас влечев со една пумпица од Чико и ништо не излегуваше само како водичка и се чудев зашто хрчи , и се јавив на педијатарот и ни рече дека е нормално во првите недели така да хрчи бидејки белите дробови се многу мали нели сака да каже неразвиени се уште како што треба , ни рече ништо да не ставаме а таа водичка била од бебето што се чисти од внатре.. Инаку кога керка ми има мрсулчиња (кога е настината) од бебе ги користиме овие ампули Physiomer
јас и ставам аква марис спреј полесно е за ставање кога и да и е такво носето и мн.ми помага морска вода и да чукнам у дрво супер сие и и давам течности повееќе и ке си ги поврати или искака мрсулите
и јас се мислам дали да го земам аспираторот,малата има 23 дена и во носето негледам нисто,али секретот и е заглавен во грлото,па сега незнам дали ке ми помогне аспираторот да го извлечеме секретот,некако се плашам зашто е мала совет?
аната, вреди да се обидеш. и ние имаме 25 дена, а веќе од пред некој ден го користиме аспираторот. јас сум презадоволна, инаку не знам како би можеле да се спасиме од мрсулчињата. кај нс се гледаа мрсулчиња длабоко во носето, јас си мислев малечки се, кога извади аспираторот мрсулчиња како на голем човек и баш со сопругот се чудевме колку ли длабоко му биле во носето.
го купивме аспираторот и извадивме секрет од носето,после пак ке и направиме,само се чудам од каде толку секрет со бледо жолта боја
На малава моја цел ден и тече носето ама сега и е затнато,имам капки Ефедрин ама одамна ми се отворени дали да и ставам од нив Колку им е рокот на траење после отварањето?
Јас давам Назогал, солена вода кога ми шмрчка така и за дезинфекција. Досега не сме биле болни и не сме имале мрсули ама пак јас си проверувам за секој случај со пумпица и нема ништо. Ама кога тоа се случува зградата во вис ја крева, толку плаче, после не можам 10 минути да го смирам. Инаку јас пумпицата ја земав од ДМ, некои 130 денари.
нас носето обично ни е затнато на сабајле и тогаш му капнувам 2-3 капки синомарин и со носефрида одма го чистиме носето а исто кога го капам и тогаш му го чистам затоа што и тогаш му се омекнати ако има мрсулчиња и одма излегуваат
јас ја носев малата на лекар,кај смоковска,само ради тие жолти мрсолчиња,и ни рече утре пак на контрола да ја слушне на гради,зашто многу брзо се спуштало,сега пак и вадев со аспиреторот и бојата беше иста,многу сум испаничена,страв ме фака,но ке помине
На мојата и се затнуваше и едвај со физиолошки раствор го одзатнуваме аспиратор и пупица не користам, на крај направив брис и тоа по моја иницијатива излезе бактерија
феминки.....мојата внука скоро секогач е со затнато носе особено на сабајле....и со капнување на физиолошки е подобро но одбива не сака да и се капнува маки се мачат околу тоа можеби е до маглата,до студот...не знам...некој совет ,ваше искуство?
Моето бебе има затнато носе и неможеме да ги извадиме никако имаме и аспираторче но не ги вади. После празниците ке идеме на лекар да ни дадат капки.
Mukoplankt kapki na dr Tais epten se dobri odma ke vi se odzatne noseto nie tie gi koristime i veke nemame problem aspirator so izvekuvanje so usta onoj so cevce i se vdisuva so usta najdobar e pozz