Девојче ти пишав затоа што мислам дека не е во ред да се става, не за тебе, за другите мајки, затоа што не е убаво, сакаше пример, еве ти пример, толку. Ако ние на времето сме јаделе смоки, манџи сме кркале, запршки и кромиди, не значи дека било во ред. Што ми фали, алергична сум на сва и свашта, цела зима сум болна, носот не можам да си го оправам од Октомври до Мај, од батаците од сомнително потекло ми пораснале гради на 12 години, сум добила уште рано рано, сум пораснала нагло, сум се огоила од јајца клукани со хормони, малце е? Не, не е во ред дете на 6 месеци да крка манџи, да јаде смоки, да јаде чоколадо за да не му биде нешто или да лижне од твоето, тоа до 8 месеци фокусот не му е избистрен а камоли да гледа што јадете и да му биде нешто од тоа. Ама не, полесно ни е така да си ја смириме совеста. Недајбоже, се деси некаква алергиска реакција, да бидеме реални, од се може алергиска реакција да се деси, е тогаш ќе биде да знаев немаше така. Затоа не советувајте така лесно, нешто што за мене е во ред може за друга мајка да не биде во ред. Сите мајки и советуваа на сестра ми за егземата да бања со Мустела па не и одговараше на крај. Сума сумарум, кажи си го ставот ама со резерва, јас обично викам ова мене ми помогна ако сакаш пробај. А кога веќе повеќе кажуваме дека нешто не е во ред, дека не треба зејтин во носот, епа мајко му не тврди дека е ОК.
Vo red e da debatirame ama da ne razvlekuvame, ako gi preprocitas moite postovi ke vidis deka nikogo ne prisiluvam tuku go kazuvam moeto LICNO ISKUSTVO i toa sto pomognalo. Ne e da bide po moe, nipa po tvoe. jas pisav sto mi pomaga mene.i na kerka mi, i nemora da znaci deka toa ke go primenis ti ili bilo koj.A tebe ako ti e padnat imunitetot ne ti se krivi mandzite, ni kopanite ni smokite i toa na 12 sto si dobila. Dvete krstelniki dobia na 13 pa smokite li im se krivi. za toa sto imas zdravstveni problemi ne ti se krivi mandzite, baraj si careto. Ako e taka site ke sme imale problemi oti sme jadele mandzi. Alergii mozat da se javat kaj sekogo i na bilo koja vozrast. Tie sto davat kasi od 4 ti mesec se ludi li prema vas. Te citav vo dr tema edna kupa vitamini pies, e zosto si bolna togas de??? Aj off topik epten sme i nemam mk podrska.
Мислам дека си од Струмица, јас сум од Валандово така да под исто сонце сме растеле. Копаните холандски од 50 денари кило се преполни со хормони, исто и јајцата купечки, смоките се со сол која ич нема потреба дете да ја внесува, хормоните и солта ја врзуваат водата, хормоните допринесуваат за прерано добивање на циклус, гојазност кај деца и тон други проблеми. Витамини пријам затоа што поради алергиите од мала имунитетот ми е доведен на нула, а алергиите ми се од неограничените количини јајца, чоколаден крем, без зеленчук и овошје во школо за ужина, јадење на секакви глупости за ручек, епа нема да дозволам моите деца да поминат низ истото дефинитивно. Дали ми е крива храната, да, храната е лек, да не заборавиме. Моето дете ќе јаде пилешко еднаш во месецот ама тоа ќе биде трчано пиле, а не бразилско од лани, ќе јаде овошје а не смоки и чоколадо, наместо чипс ќе му испечам компирче, и од мало ќе го научам дека храната не е за да се прејадуваме, туку за да можеме да обезбедиме енергија за денот да помине. И сметам дека децата се сунѓери, дека додека се под наша закрила примаат знаења за животот, дека кога ќе ги изнесеме во надворешниот свет веќе треба да бидат колку толку оформени. Не велам дека моето дете нема да јаде смоки, грицки, чоколадо и да пие купечки сок, туку дека кога ќе се врати дома ќе се трудам да надоместам за секое парче нездрава храна која ја изело. Здравје, да не зборам предвреме, но сметам дека ако јас самата не тргнам од себе и моето дете не можам да очекувам дека околината ќе ме сфати озбилно. И да, отидовме малку офтопик, ама сметам дека сеуште сме во темата за деца, многу е важно затоа што младите мајки на денешницава се спремни се да направат за нивното дете да не страда, мојот совет беше наменет за останатите мајки, бидејќи тебе еднаш те советував и ти не сакаше да примениш, затоа сметам дека беше битно да им укажам на останатите
Масло во нос никако! Кога ќе навлезат тие капки ќе се залепат, засушат кај што се и ништо после нема да може да ги разреди, сакајќи добро може да направиме лошо. А чај од кромид има голем ефект кога го пијат возрасни, кај мали бебиња незнам како ќе се одрази.
A бе девојче ти читаш ко што сакаш да прочиташ а не ко што пишува.... секоја мајка има право на избор во однос на храна и лекуванје....секоја со својот ум и разум и грижа на совест.....
Ти благодарам Денес бевме на педијатар и ми рекоа да и ставам капки аква марис . одма ги земавме , денес и ставив , па ке видиме деновиве како ке и биде .
Мамички ... Како успевате да ставате спрејче солен раствор и да шмукнитр со аспираторот? Бебло мој има 11м кога ке го доближам спрејчето до носето се трга и кемка, ако пробам да го легнам почнува да плачи а често завршува со премирање.... А штом го види аспираторот иста песна кога беше помал лесно беше сега незнам како а мора ...
Во раце држи го за аспирирање а за спрејот за да не истече мора да биде легнато, па дај му да држи некоја нова / непозната играчка или било што.
А сега незнам баш дали е настинато или вади друго забче... Прашањето ми е дали вадењето на забче може да се манифестира како настинка( затнато носе, солзички на очината)?
Ние сме 14 месеци и исто плачки само ако доближам капки, а аспираторот од авион ќе го види и се бориме фала богу на инхалатор престана да плаче па така поминуваме
Може. Намален имунитет плус... Се на се одлична'подлога'да се закачи настинка навистина. Кај нас се затнуваше носето.. Се додека секретот е проѕирен ко водичка не е знак за настинка
При вадење на заби им е паднат имунитетот и лесно 'настинуваат', фаќаат вируси....значи не е од забите директно туку индиректно. Инаку да, тие се с мптомите плус нервоза, гризење...
Баш како водичка ... Дај боже да е забче со првите заби така поминавме ... Наредните не сетивме кога излегоа ама ова е двојчето едното никна пред недела дена другото уште го нема
Кој инхалатор користите и од кога почнавте? Бебуш е скоро 3 месеци и докторката рече може со инхалатор да не влечам со носефрида... Искуства?
Јас купив на Омрон, прочитав позитивни критики а и ми кажаа дека не е толку бучен, што е важно за бебиња и вистина не е и е многу мал. Од аптека Бети, околу 2600 мкд.
Да ти кажам најискрено на сила и прскам и спреј и и ги вадам мрсулчињата со апсираторот . Не сметам дека така е правлно но многу обиди ми беа несупешни кога сакав во игра да и ги извадам мрсолите. Затоа ја земам во раце и ја држам цврсто главата па прснувам во ноздрите солен раствор или смукам со аспираторот. Плаче, се ,,бори,, со мене за да ми избега од рацете и глетката воопшто не е пријатна...но јас не знам поинаку како да и помогнам и да го ослободиме носето од мрсулчињата. За среќа штом престанеме со ,,операцијата вадење мрсули,, ја заигрувам со нешто и одма заборава па се смее. А со инхалаторот сме живи смешки низ дома, тато и го држи на носето а мама се глупира за бебушко да поседи неколку минути со маската на носе. Оххх... се за нивно добро е
Ох леле ... Мора да се најде начин. Јас еве вака пробав , го седнав вдубак му дадов играчки да се занимава и успеав да извлечам малку од малку ама пак се бори, ама подобро нешто отколку ништо... А уште еве скоро една недела никако да помини, ама барем е весел и има апетит тоа ме утешува