1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Затоа што те љубам (Гијом Мисо)

Дискусија во 'Книги' започната од A.Dreamer, 22 август 2011.

  1. macy222

    macy222 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Книгата со еден збор е ПРЕКРАСНА :)
     
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Имам прочитано 3 книги од Гијом Мисо. Затоа што те љубам беше првата.Искрено не ми остави некој воодушевувачки впечаток. Онака, ок ми е, ама нема споредба со некои други писатели. Сепак на момент после читањето на Врати ми се се осетив ко да ми паднал коефициентот на интелигенција.
     
  3. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Прекрасна книга.Ја прочитав во еден здив.Ја препорачувам на сите.
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Прееуба е !
    очекував дека е некоја тешка романтика
    ама баш напротив
    книгава ми беше како некој јак трилер
     
  5. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Ахххх Мисо, царе, што ми направи со твоите книги? аххххх :lol:
    Се заљубив во авторов, а ова ми беше првата негова книга која ја прочитав и морам да кажам дека љубов на прв поглед дефинитивно постои :rofl:
     
  6. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Има една мисла на почетокот : „Кога ќе ја позајмеш книгата на пријател, никогаш не им го откривај крајот“ :) Читајте и уживајте ;) прекрасна книга ....ја прочитав за еден ден :)
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Кога почнав да ја читам мислев дека е научна фантастика ова, не ја сфаќав баш и на крајот тотално се изненадив. Не очекував
    таков крај и дека се што се случи не е вистинско.
    Го бива човеков, како што читав и мене ме заболе загубата на ќеркичката, како да почувствував како е да загубиш дете. :(
    За жал, само оваа ја имам прочитано и во план сум да си купам и други од него.
     
  8. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Прва книга која што ја прочитав од Мисо и воедно и моја омилена.Оваа ми остави најголем впечаток и не очекував таков крај.
     
  9. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    5.083
    Пол:
    Женски
    ПРЕКРАСНА! :inlove:
    Од Гијом Мисо имам прочитано 2 книги - "Затоа што те љубам" и "Ангелски повик" и двете се WOW, и планирам една по една да си ги купам сите пошто сите му се во тој негов стил, испреплетено, разбирливо напишано, со убави епитети и со интересен речник.
    Следна би сакала да ја купам "Седум години подоцна".
     
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна,страните сами се вртат :D
    Во листата на омилени ми е :)
    Трогателен роман зататко кој се откажува од професијата,од сопругата кога ќе ја изгуби својата ќерка,од успешен доктор станува скитник.Најдобриот пријател кој ќе го излечи и „ќе го врати во живот‘‘,со методите кои ги применува ќе го натера повторно да се врати на својата професија,да биде успешен како и порано,повторно да има семејство..Многу животни приказни се испреплетени во овај роман..
    Мене ме воодушеви :)
    Еве еден цитат кој мене ми остана во сеќавање :
    „Кога се гледаш во огледало и сакаш да го скршиш,не е огледалото тоа што треба да биде скршено,туку ти си тој кој треба да се промени‘‘ :)
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Преубава книга!
    Од Гијом Мисо сум прочитала само две книги, оваа и "А потоа..." Втората не ми се допадна баш, некако ми пројде досадно, не знам...
    Меѓутоа, "Затоа што те љубам" навистина допре до мене.
    Се соживеав и со Марк и со Конор, со Иви, па дури и со Алисон. Сите ликови се многу добро обработени. Можам да кажам дури и дека размислував со нивната глава додека читав. :)
    Сериозно, една од најдобрите книги што ги имам прочитано.(y)
     
  12. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.768
    Пол:
    Женски
    Од сите негови книги кои досега се преведени на македонски оваа е дефинитивни најдобрата.
     
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    Оваа книга си ја купив од саем..и едвај чекам да земам да ја читам8-|
     
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Си ја купив денес книгата. Имаше повеќе од Гијом Мисо, ама се сетив дека сум ја видела темава помеѓу првите на Фемина, а и содржината најмногу ме привлече да ја купам.
    Се’ уште не сум ја почнала, и едвај чекам да дознаам каков е тој фамозен крај, да видам дали навистина нема да го предвидам. :D
    По читањето ќе оставам коментар во соодветната тема. :)
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Преубава книга ја прочитав во еден здив:)
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    17.555
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано уште одамна. Прво се двоумев дали да ја купам си мислев дека е некоја голема романтика во прашање, но кога ја прочитав, стварно ме воодушеви. Во еден здив ја прочитав.
    Па потоа почнав да ги купувам неговите останати книги и со секоја одново и одново ме воодушевува.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IthoughtIwasAnAllien

    IthoughtIwasAnAllien Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2014
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    237
    Малку бев скептична во врска со насловот и се мислев дали воопшто да ја читам, на прв поглед ми се чинеше патетична,но кога ја прочитав останав без зборови, стварно е преубава и ми е една од омилените.
     
  18. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Да не се повторувам, веќе имам пишувано за книгава - прекрасна ја препорачувам кој ја нема прочитано задолжително да ја купува, вреди!
     
  19. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Ја читав пред две,три години,тогаш бев повеќе воодушевена.Убава,лесна,
    интригирачка,се чита во еден здив.:)
     
  20. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Ако ви се допаѓа оваа книга, прочитајте ја Централ Парк, исто од Гијом Мисо. Таа ми е сега за сега најинтересна од него.