1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачеток (Inception) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од starfish, 3 ноември 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]




    Филм за сонувањето, борбата, љубовта, возбудата, филм во кој реалноста и нереалноста се преклопуваат, филм кој мора да го гледате!
    Исчекувањето во кое не ставија светски познатите филмски критичари по премиерното прикажување на „Почеток“, за многумина беше вистинско измачување. Очекувањето на денот кога „филмот кој е нешто досега невидено“ ќе стигне и во нашите кино сали, беше големо и тешко. Ако сте од оние кои прифаќаат да ги гледаат новите врвни филмски остварувања само со квалитетна слика и звук, тогаш ова е моментот што го чекавте. Почеток е филм кој го заслужи сето внимание кое му го дава публиката, а причините за тоа се многубројни. - Ете вака го опишуваат филмот на неколку македонски портали.


    Во главните улоги се Леонардо Дикаприо, Џозеф Гордон Левит, Елен Пејџ, Мајкл Кејн, Мерион Котијард, Џилијан Марфи, Том Харди.

    Дефинитвно најзборуваниот филм годинава!
    Ја отворив темава за да ве прашам дали сте го гледале, и доколку сте го гледале кои се вашите впечатоци?
    На многу од моите пријатели филмот им се допаѓа и сметаат дека е едно од најголемите филмски достигнувања во изминатава деценија. Има и онакви кои мислат дека филмот не е ништо посебно. Сепак рејтингот на филмот на IMDb е 9.1 што зборува за неговата гледаност и популарност.
    Што мислите за глумата на Леонардо? Ќе заслужи ли тој конечно Оскар?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Почеток (Inception) [2010]

    Филмот е фантастичен!
    Мене ми се допадна премногу, глумата и кастингот се одлични, Леонардо ди Каприо како еден од најпотценетите глумци во Холивуд дефинитивно е ред да земе Оскар.

    Многу комплексна приказна, идејата е интересна, несекојдневна, режисерот и повеќе од одлично си ја завршил работата.
    Јас бев импресионирана, рејтингот на IMDB го има заслужено.
    И крајот е одличен, едноставно филмот во жанрот Sci-Fi го заслужува врвот засега.
     
    На lulu77 и Nina24 им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Почеток (Inception) 2010

    Трендафилке и јас го делам твоето мислење.
    Не го сакам овој жанр , ама филмов ме остави без зборови.
    Посебно го потенцирав прашањето за глумата на Леонардо, зошто сметам дека навистина го заслужува Оскарот. Не само со овој , туку и со претходниот филм Shutter Island.
    Браво за Кристофер Нолан!

    И да не бидам лоша, ама мислам дека оние кои не го бендисуваат филмов, не го сфатиле баш :wasntme:
     
    На wolf4e и Nina24 им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.821
    Пол:
    Женски
    Почеток (Inception) [2010]

    И мене многу ми се допадна, затоа што е несекојдневен филм, покомплексен и далеку поразличен од сите оние холивудски лимонади кои излегоа во последно време.

    Идејата е интересна, дури и не толку неостварлива кога ќе размислиме подобро - можеби некаде во некоја лабораторија се прави токму она што е тема на филмот - колку човек може да биде контролиран преку соништата?
    Крајот баш и не ми се допадна многу... добро, можеби очекував нешто повеќе (женски ум бре, само за хепиенд) ама тоа е... можеби си оставија простор за ново продолжение? (Се надевам нема, оти ќе го упропастат).

    За Леонардо - искрено, многу го почитувам како актер. Едноставно, си го бива, отсекогаш го бивало. Редно е и тој да добие Оскар, ама тоа ќе биде само незначајна потврда за неговиот талент.
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Почеток (Inception) [2010]

    одамна немав гледано вака добар филм... изненадена бев, конечно нешто добро!
    крајот и ја не очекував така да биде, :) насекаде го фалам филмов за да го гледаат, многу ми се допадна!
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Почеток (Inception) [2010]

    Не ми се допадна и можам комотно да кажам дека и да стоев, немаше да паднам на г’з кога го догледав филмот. После овој филм дефинитивно сфатив дека оние филмови за кои премногу се зборува, кои се премногу очекувани од широката јавност и кои им се премногу допадливи на мнозинството од филмската публика - мене не ми се допаѓаат.
    Едвај чекав да го гледам филмот. Не спиев и саати броев до денот кога знаев дека ќе го гледам. Го изгледав и си реков - ова е тој филмот кој доби 9 кома не знам колку рејтинг на ИМДБ? Ма дааај!
    Господине Нолан не ми се лутете, но вашата идеја и покрај тоа што е многу интересна ми беше поубаво претставена во филмот на вашиот колега, г-ин Michel Gondry. Можеби La science des rêves не е толку високобуџетен филм, можеби не е холивудски и затоа и немаше толкав публицитет и можеби не е толку прекомплициран што се однесува до сценариото, но мене ми е далеку повеќе драг и поубаво ми ја доловува целата идеја на сонот од онаа вашата поинтелигентна верзија на Џемс Бонд.

    А зошто не ми се допадна? На самиот почеток веќе знаев како ќе заврши филмот. Сепак се надевав дека ќе зинам од изненадување - не се случи. Она што претпоставував на почетокот - се случи. Поентата ја сфатив во првите 20 минути од филмот. ОК, акцептирам дека 10 години го пишувал сценариото, ама се прашувам зошто? Во едноставноста е убавината, и од што толку многу ја искомплицирал фабулата и внимавал на секој детал - филмот за мене изгуби од потенцијалната убавина. Филмот е интелигентен, се сложувам, но не е тежок за разбирање. Браво за Леонардо диКаприо, одличен глумец, отсекогаш сум го тврдела тоа, но мислам дека имал далеку подобри улоги од оваа. Фала и за Marion Cotillard, ептен си ја сакам, ама La vie en rose од Едит Пјаф употребена во филмот? Абе ај. Крис, ти ја сконтав фората, ама не беше смешно. Џемс Бонд сцени...веќе видено и досадно |( Ај еве и еден плус давам за визуелизацијата на соновите - сцената со Ellen Page во Париз ми беше прекрасна на пример.
    Сума сумарум - не е најлошиот филм кој сум го гледала, но далеку од тоа да е и најдобриот. Дефинитивно е најзборуваниот и најмногу оценуваниот на ИМДБ. Ама квантитетот за мене не значи автоматски и квалитет.
     
    На Sephora и Bokicka им се допаѓа ова.
  7. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Почеток (Inception) [2010]

    филмов ептеен ми се допаѓа...одамна неам гледано толку добар филм...онака те остава без здив....честитки до режисерот Кристофер Нолан и до Леонардо ди Каприо за извонредната глума :clap:
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Почеток (Inception) [2010]

    Почнав да го гледам, сама. Ама некако не ми се допаѓаше тоа што бев самичка и го гледав на онлајн со катастрофална снимка |( . Па така решив да го гледам во кино :)
    Па ќе ги напишам моите импресии :wasntme: Очекувам многу, ама ќе видиме.
    Исто и јас како Пирамитка, сите филмови кои се во исчекување и ептен форсирани, мене не ми се интересни :D Кој знае што е работата :D
    Но сепак, ќе видиме како ќе биде, откако ќе го изгледам :!:
     
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Почеток (Inception) [2010]

    Возбудлив,неверојатен и незаменлив филм .. Уживав додека го гледав ..
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Почеток (Inception) [2010]

    И конечно го изгледаааав :wasntme:
    Прекрасна содржина, сакам вакви филмови замотанки, во исчекување, со заплети...
    Е ме воодушеви, ептен ми се допадна, и има пак да го гледам :wasntme:
    Ќе стане овој филм - филмот кој никогаш нема да ми здосади :lol:
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Почеток (Inception) [2010]

    во главно ми се допадна тематиката и глумата на актерите навистина е несекојдневно и интересно но на крајот премногу ми се заплетија работите што како, и зошто така заврши не ми е јасно? па нели беше во сон па отиде во лимб па се сретна со тој кореанцот или што е овој се уби се разбудија и онда хепи енд е сега значи не е во реалниот свет прашањето е во чиј сон се наоѓа?

    фала однапред ако некој го сватил ова и да ми каже оти многу ме интересира :D
     
  12. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Почеток (Inception) [2010]

    се прашувам каков ум го измислил овој филм,совршенство.таква тематика која не ме остави рамнодушна после него долго време.многу добар филм,кој е најпрво тежок за сваќаље па го враќав два пати за да разберам некоја сцена,едноставно не знаеш во кој сон се наоѓаат сега. :lol: леонардо се докажа со најдобрата улога до сега иако го почитувам како актер во секој негов филм
     
  13. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Почеток (Inception) [2010]

    Дефинитивно еден од најдобрите и најсовршените филмови што ги имам гледано. Содржи се-возбудливост, исчекување, акција, романса...10/10!
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Почеток (Inception) [2010]

    Толку добро осмислен филм и толку добра несекојдневна идеја за ваков филм досега не сум погледнала. Не гледам мн мн филмови но ме воодушеви филмов, го гледав без да трепнам и 2 ипол саат ми минаа ко пола саат.
    Очекував таков крај во кој не се знае како завршува филмот :)
     
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Почеток (Inception) [2010]

    Mногу,многу ми се допадна филмов,додека го гледав-не мрднав воопшто :clap: истото мислење го имам и за shuter island :) Hа почетокот ми беше досадно малку и си реков можеби ко аватар е |( ама после ми стана многу многу интересен,мада што не сакам вакви филмови(фантазија) леонардо го сакам како глумец :inlove:
     
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Почеток (Inception) [2010]

    Прво, на македонски филмот е преведен како „Зачеток“.
    Филмот го гледав сама. Ме нервират фактот шо е 3 саати. Но, ми се допадна. И ме збунаа и деталите и настаните и затоа ми беше интересен...
    Но главната тема, врвот - поставувањето на умислата кај тој главниот - беше без врска. Никој не обрна внимание на тоа, колку на љубовниот живот на Леонардо...
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Почеток (Inception) [2010]

    Филмов ме воодушеви толку многу, ми остави одличен впечаток, одамна ми се нема допаднато некој филм толку многу. Тематиката е фантастична, глумата на актерите исто така, јас би му дала чиста 10ка. :clap:
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    80.643
    Пол:
    Женски
    Почеток (Inception) [2010]

    Oва беше првиот филм од оваа година кој ме остави без зборови, значи го изгледав во еден здив.
    Необична и интересна приказна, и уште понеизвесен крај, кој не го сконтав баш најдобро - дали сето тоа било сон или реално, или пак се` е оставено на нашата фантазија !? :^)

    Инаку, Зачеток е преводот на нашки, а не Почеток. :!:
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Да дааааааааааааа филмот ми ја погоди Г точката дефинитивно, значи стварно е еден од подобрите. Мене многу ми се допадна, посебно содржината целокупна, иако како што прочитав погоре, се сложувам, многу повеќе настани беа преокупирани со љубовниот живот на Леонардо, но нели тоа е тој во филмовите, секогаш некоја некога жена му се меша во реалноста и го носи до врвот или дното, тоа е тоа. Како и да е, сепак 9ка му давам :) само заради тоа што трае предолго, а можеле некои сцени да ги скратат. Инаку :clap:
     
  20. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Проклетиот крај ме копка! Дали само јас останав без никаков коментар?
    Актерите супер, приказната неверојатна, глумата крај, ефектите ненормални!