1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачеток (Inception) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од starfish, 3 ноември 2010.

  1. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Дури сега го гледав филмов. :tmi:
    Предолго трае, а тоа го сфатив дури на крајот кога погледнав колку време поминало. :D
    Цело време е возбудлив, напнат и интересен. Интересна идеја и уште поинтересна реализација. Рекурзија - програмерите ќе ме сфатат.. :lol:
    Кастингот е одличен. Сите си ги играат улогите солидно. Посебно Леонардо - немам зборови. :x
    Иако е несекојдневна приказната, сепак не е тешка за сфаќање и не треба многу мозгање..
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Иако сметам дека не го баш разбрав, сепак е одличен. Ма да мене островот Шатер ми се повеќе допадна. Леонардо ДиКаприо не е добар актер, одличен е иако мислам дека не е баш ценет во Холивуд. Треба пак да го гледам, за подобро да го разберам, тежок е за сфаќање.
     
  3. Hanna4646

    Hanna4646 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Филм во кој како главна тема се наоѓа сонот. За потсвеста "subconscious" како улога во сонот и сите оние работи што ги сонуваме дека доаѓаат токму од потсвеста, работи на кои мислиме а не сме свесни. Исто така е интересно објаснувањето на левелите во соновите, сигурно на некој му се случило да сонува како сонува...токму тоа и се опишува колку длабоко навлеваш во сонот.
    Интересен е фактот што самиот режисер се занимавал со проучувањето на соновите и успеал во сонувањето на луцидни сонови "lucid dreams" со што имал потполна контрола врз дејствијата на својот сон. Тоа била неговата инспирација за правењето на овој филм :)

    Be the creator of your own dreams!
     

    Прикачени фајлови:

    • 3153.jpg
      3153.jpg
      Големина на фајлот:
      266,4 KB
      Прегледи:
      52
  4. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Значи завршетоците на филмовите од Нолан секогаш се такви да не си на сигурно што е што, ама важно се на се филмот е 2 часа и 20 минути, ама не ни приметуваш така да според мене е одличен. Jас додуша и сакам вакви филмови каде треба да се концентрираш да внимаваш за да сфатиш што се случува, после играта со зборови што исто ја има скоро во сите филмови на Нолан, и дискутабилниот крај-задолжително! Секој си има свој вкус на филмови, т.е. секој гледа различен жанр на филм, но да кажете нешто лошо за филмов навистина сметам дека не е во ред, од мене секоја пофалба, и мислам дека овој барем поразбирлив е од The Prestige, така да нема да се чувствуваме ко со IQ 80 од кога ќе заврши филмот хаха.
    Значи интересното е што да го гледаш така филмот без да го пратиш секој збор-е многу едноставен треба да му ја всадат идејата и тоа и го прават, ама ако внимаваш на се што зборуваат е тогаш малку се заплеткуваш во играта на зборови, па сега кој како сака така ќе го гледа.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.