Сакам зачини ама не баш сите. Карито како мешавина од зачини го сакам ама умерено искористен и чудно ама го сакам врз тестенини.Исто врз тестенини сакам и буковец или сушено чили. Сушен лук обожавам,особен шмек ми дава на храната. А,почесно место во кујна ми има мелениот бибер. Еден прстофат црн бибер и се ми е повкусно. Босилок и магдонос сакам,ми го разигруваат јадењето и со мирис и со вкус,а и убаво делуваат ја зголемуваат естетиката на чинијата храна. Сушен ѓумбир не сакам,повеќе го сакам свеж и исцеден,како дел од некој свежо цеден сок,пример со цвекло,јаболко и моркови. Вегетата ,заради тоа што е озлогласена дека е штетна се трудам да ја избегнувам. Зачини што не можам да ги смислам се ким,оригано,ловор и рузмарин. Едноставно не се за мене.
Обожавам зачини. Со мајка ми често се караме кога треба да се става во јадењето оти таа освен вегета и црн пипер ништо друго не сака. Ама, јас редовно си користам. рузмарин, оригано, босилок, магдонос, кари, чили, цимет
Многу ги сакам зачините и во нај скоро време планирам да си ги купам сите.. моментално користам Вегета црвен пипер бибер куркума ѓумбир буковец
Едно време ставав вегета во јадењата, заради инсистирање на маж ми. Тој не може да замисли јадење без вегета. Јас пак ич не ја сакам. Веќе не ја ни ставам во јадења. Маж ми отпосле сам си ја дотура во јадењата. Освен сол и црвен пипер, други зачини не сакам. Ориганото го користам само за правење пица.
Обожавам зачини. Но, не ги користам баш така често, а и кога користам - не се тоа некои разновидни. Не експериментирам, а сакам... Едноставно не сум посегнал по се и сешто, не сум се заинтересирал да си разгледам, да си купам... Многу сол ставам, вегете обожавам, црн пипер во супа особено, буковец, мелена сол (шарена сол), оригано, обожавам чубрика...
Да, има, фирмата ми се чини се викаше Рајска градина, ама не сум 100% сигурна. Во кесички е и дека е дреч жолто-портокалова боја не се промашува. едит, еве најдов линк, пишува и продажни места: http://rajskagradina.mk/selectedarticle ... =1558&l=43
Заљубена сум во зачините.Особено во оние италијанските.Мама ги става тие во печена кокошка и компири, и и дава еден неверојатен вкус и мирис.А да не заборавам, и ориганото го обожавам.
Бљак. Мразам зачини. А изгледа и сум алергична на некои. Кога јадам пица со оригано, потоа цел ден кивам.
Да не знае некој за што се користти зачинот ѓумбир. Купив секави само овој ми е чуден незнам во што се става чуден зачин е.
ѓумбирот е претежно за месе. ама јас го ставам и на компир. Ѓумбирот ми е некако малку сличен со биберот бидејки има некоја лутка состојка
Готвењето не би ми било исто без нив. Им имам отстапено голем простор во кујната и во него си уживаат. Но, не сакам да претерувам количински со нив. Претерувам во разновидност.
Обожавам зачини најмногу користам вегета (во секое јадење) црн бибер, кари, рузмарин,оригано се зачините кои најмногу ги трошам туку куркума не сум пробала или па сум пробала но не сум знаела што е каков зачин е колку пари е,во кое јадење се користи ?
^ Не знам многу, но ова е тоа што го знам. Куркумата меѓу другото е и во составот на зачинската мешавина кари што веќе си го користиш (кога првпат купував кари и гледав во составот за првпат го забележав името). Никогаш не сум ја користела, но велат дека е премногу здрав зачин. Има малку горчлив вкус мислам и се користи многу во индиската кујна.
Девојчиња, внимателно со класичната вегета. Подобро користете сушен зеленчук без сол и мононатриев глутамат (MSG). Знам дека е поскап, ама пак здравјето има ли цена? http://istineilaziohrani.blogspot.com.es/2010/09/glutamat-e620-625.html https://hr-hr.facebook.com/notes/dr...nonatrijev-glutaminat-proči/10150141874541103 http://www.naturala.hr/mononatrijev-glutamat-tihi-ubojica-ili-bezopasan-aditiv/2492/