Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачини

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од sunfemina, 2 ноември 2012.

  1. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Обожавам зачини. Во мојот дом имам неколку полички на ѕид со шишенца зачини. И при секоја селидба со сопругот, првото нешто што е отпакувано се зачините :lol:
    Јас сум човек за кого храната не е комплетна доколку не е обогатена со зачин. Пасија ми е кога патувам некаде секогаш да купувам од локалните зачини.
    Омилени зачини ми се шафранот (неповторливо рижото), куркумата, коријандерот (во семе и како тревка-цилантро), кардамонот, мајчина душица (во плејада јадење, од грав до потпечени млади компири), црно семе (кифлички не можам да замислам без него), црвен, зелен и бел бибер (свинска кременадла кај нас по дома не може без нив), мајоран, босилек (свеж), all spice (дава прекрасен вкус на суви колачи) и ѕвездест анасон. Ѓумбирот обожавам да го додадам во зелен чај или во смути од јаболко и морков.
    И ете, пак гледам скоро сите зачини сум ги набројала :D Не можам да одлучам што најмногу сакам.

    Вегетата уште додека живеев во Македонија ја исфрлив од употреба. Моите се бунеа, ама гледам дека продолжиле без неа и додека сум отсутна. Дури и баба ми ја преобратив, па користи само природни зачини ;)
     
    На chadorche16 и Sv. Nikolka им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Сакам зачини сеако повкусно е кога е зачинето инаку користам сол секако вегета бибер сушен магдонос оригано има едни зачини во кесички за грав...за компир манџа...и од нив исто така и ловоров лист.
     
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Имаме дома зачини за се. :D:D
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.716
    Пол:
    Женски
    Кари,куркума,хималајска сол,шарен бибер и чили.Тоа најчесто користам.Вагета не користам.По штетен зачин од неа нема.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Обожавам зачини и сакам да експериментирам со нив, да ги испробувам во разни јадења а поготово во сосови. :inlove:
    Кари, копар, босилок, лук во прав, бибер, триена сол, оригано, морско оревче, рузмарин, ловоров лист, црвен пипер, сушен магдонос, мајчина душичка... сакам да си докупам уште некој, на пр. куркума, шафран, ѓумбир, коријандер, кумин...
     
    На Salome и joy1 им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Купувам зачини кои редовно ги користам при подготовката на храна и не сум поборник за да експериментирам со нив затоа што многу влијаат на вкусот. Триена сол, кари, ловоров лист, оригано, сушен магдонос и рузмарин е изборот на зачини што се наоѓаат во кујната.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.172
    Допаѓања:
    102.172
    Пол:
    Женски
    Користам многу зачини, наместо вегета купечка користам домашна, сол користам морска, користам шарен бибер, коријандер, органско оригано-диво и питомо, мајоран, ким, копар, зачин за мелено месо, зачин за пилешко, зачин за салата, куркума, кари во мелница, шарена сол домашна... Користам и цимет, морско оревче, кардамом, ѓумбир во прав, лукума, махлепи, ванила... тоа за благо кога правам. Многу зачини знам, ама без нив ми е празно јадењето.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам зачини, буквално ги обожавам нема јадење без зачини во моја куќа. Најомилени ми се: ѓумбир, нане, копар, рузмарин, морско оревче, босилок, оригано, ким, цимет, кари, куркума, магдонос...ма сите сите!!!! Најчесто ги наоѓам свежи а кога нема свежи може и сушени.

    Обожавам да го комбонорам или пак сами да ги користа, Босилек ми е бр. 1 за домашен сос од домати на шпагети (не го варам босилекот туку го додавам на крај за повеќе вкус, ако се вари има малку горчлив вкус), исто и нането го обожавам во шпагети, за риба користам м икс од зачини со мајчина душица, сол, целер, и останати зачини, а за слатко цимет секако. Куркумата ја користам на веќе сварен зеленчук, ориз или пак во кус кус. нема подобар зачин има 1001 добор дејство врз организмот, а дел е и од залинот кари.

    Инаку веѓетата веќе долго време си ја правам сама и одлична ми е. Нема вештачки бои, нити пак рафинирани масла, најприродна што може да биде. Еве со сите вас ја споделувам рецептата.
    http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_9.html

    Уф цел реферат напишав...се уморив... :)
    Поздрав
     
    На Salome, poenta, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Вегета, сол, црн бибер, оригано, буковец..
    Туку сакам да прашам
    Пред неколку години таткоо ми ми донесе некаков зачин светло кафена боја, се сеќавам го јадевме со рибa а можел да се користи и како сос со печурки..
    значи лажичка две зачин и малку вода и на оган, постојано се меша се додека не зоврие и стане густо.
    Ако некој знае на кој зачин мислам нека кажува да си купам.
     
  10. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    sol,vegeta,origano,bukovka i nane
     
  11. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    11.321
    Пол:
    Женски
    Тешко прифаќам нови вкусови и мал е бројот на зачини што ми се допаѓаат.
     
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Што мислите за свежи зачини, ги користите ли?
    Сакам да си насадам во мали саксиички за во кујна (а ич не се разбирам во садење).
    Има ли некоја процедура, време на садење?
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Koj sto ja koristi kurkumata zemav I sakam da ja koristam. Gledam ima I lekovito dejstvo. Zlaten med kurkuma I med. Sakav I da dadam na deteto za imunitetot. Ajde soveti kako da ja koristam. Moze li vo caj, kafe.... zatoa sto citav na net. deka se stava no speak sakav Vase iskustvo
     
  14. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Ние дома ја користиме во секаква манџа, во тавче гравче, во ориз... Првпат слушам за во чај или кафе, доколку пробаш сподели каков вкус има.
     
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Ништо од храна не ми е слатко доколку не е добро зачинето.
    Користам куркума,кари,шарена сол,шарен бибер,ѓумбир во прав,лук во прав,таратор зачин,хималајска сол и хималајски зеленчук мелен-замена за вегета.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Обожавам зачинета храна.
    Зачини кои секојдневно ги користам, секако зависи што готвам, се ѓумбир, кари, куркума, триена сол, буковец.
    Не зачинето јадење може да биде вкусно но сепак нема да уживам додека го јадам :D
     
    На joy1 и daylight им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
  18. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Досега никаде немам сретнато да има во продавница асафетида, ниту кај Виталиа, ниту кај Биокосмос, ниту Зегинфуд ниту Биокулт. Ако знаете конкретна информација кажете.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  20. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Ако го најдеш негде пиши тука, го прочитав линкот кој го постираше, би сакала да го пробам :)
    Ќе го побарам и јас, па ако го најдам ќе ти пишам.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.