Дали верувате дека Исус бил зачнат од Светиод Дух? Или пак верувате дека тоа се случило преку нормален полов (т.е.сексуален) однос помеѓу маж и жена? Или можеби воопшто не верувате дека ликовите како Марија, Јосиф и Исус постоеле историски некогаш? Кај повеќето христијани распространето е верувањето дека тоа се случило натприродно и дека Марија била девица. Воглавно како извор се зема Библијата, но во неа самиот Исус не кажува ништо за натрпиродноста на своето раѓање, туку тоа го дознаваме како раскажување на апостолите Матеј и Лука кои додуша биле во многу случки заедно со Исус, но сигурно не биле сведоци на случката на Неговото зачнување и раѓање. Католичката црква оди дотаму што вели дека дури и Марија била зачната натприродно. Слична идеја постои и во другите религии, на пр. во хиндуизмот богот на сонцето Сурја ја зачнува кралицата Кунти - која била човек, пред таа да се омажи за кралот Панду - кој исто бил човек. Според моето верување тоа се одиграло преку нормален сексуален однос помеѓу Марија и Јосиф. Зошто би морала Марија да биде девица? Зошто би имало потреба од некаква натприродна интервенција тука? Значи ли тоа дека светиот Дух е личност, и тоа машка? Ако да има ли тој тогаш полови органи? Но ако би ги имал тогаш не би бил дух, туку би бил тело. Но сепак, за разлика од некои верувања (тнр. псилантропизам) кои велат дека Исус бил само обичен човек, верувам дека Христос, спасителот на сите луѓе и души постоел и пред да се роди телесно како Исус од Назарет и продолжува да постои во сета вечност како бестелесно битие. Во врска со тоа, за да не се повторувам, ќе се цитирам од напишаното како реплика во една друга тема од форумов за тоа дали Исус бил обичен човек па да бил зачнат на обичен начин. Спојлер
И посебна тема си отвори најпосле. Секој кој е христијанин, верува дека Христос е Син Божји, пратен од Бога меѓу луѓето за преку Него да добијат спасение и вечен живот. Во Библијата пишува сѐ што треба. Само припадник на друга вера или на секта може да се запраша дали Христос навистина е зачнат од Светиот Дух, односно да го негира тоа. Баш ми е жал што моментално не сум во можност да ти цитирам нешто од Библијата... Нешто со овој дел. Кога ќе бидам во можност ќе навратам тука. Значи, моето верување е согласно со преданието, дека дева Марија го родила Христос зачнат од Светиот Дух.
Марија ја затруднеле вонземјани. She was abducted by alians. Ама за да се оправда пред Јосиф рекла светиот дух и се јавил и ја оплодил. Си имале луѓето односи и би Исус. Исус проповедал човечност во време на искорумпирани еврејси фарисеи кои пропрведале само од корист и интерес. Јас вака сметам. Инаку сета приказна е завиена со вел на мистерија,митска фантазија за да се продава и купува од народните маси и по повеќе време од 2000год. Тоа е една вонсериска прекрасна бајка со длабока поента и мудро наравоучение.
Моето верување е дека Светиот Дух го зачнал Исус,а Дева Марија го родила.Јосиф бил негов татко на Земјата.
Имаше еден италијански филм мислам за Џизс, у кој еден од браќата на Јосиф се обидува да ја силува, али овој ја спасува, и после тоа и се сонува една светлина, и оп она тудна... Una magia... +++
Kaко не ви е мака, како не ве боли глава да размислувате на вакви теми да ми е да знам... Зошто побогу од религија барате логичност кога све е во метафора? Се правите на удрени или удрени сте?
Во брошурата Пророк (бр.12) - Гласот на срцето, вечната вистина, вечниот закон Божји, даден од пророчицата Божја за нашето време каде во подолгиот наслов една од темите гласи: „Исусовата мајка, мајка Божја?„ во која го читам, меѓу друго, следното: ... Исус за многу нешта не зборувал а за кои црквата зборува. Не зборувал за тоа дека не го зачнал Јосиф ниту дека Марија зачнала од Светиот Дух, ниту пак за тоа дека Марија, Неговата телесна мајка била безгрешно зачната од својата мајка. Исус исто така не рекол дека неговата телесна мајка е „Божја мајка„. Тој едноставно говорел за својата мајка. Исус зачестено укажувал на тоа дека ние, односно секој човек, е храм Божји и дека Духот Божји пребива во нашето внатрешно, во секого од нас. ... ... Зачнувањето и раѓањето, според земните природни закони дадени од Бога, се неопходни случувања кои на душите им овозможуваат земски живот, а поради „безгрешното зачнување„ означени се од страна на институцијата црква како грешни. Сакаме ли пак безгрешното зачнување да го доведеме во врска со актот на зачнување, тогаш тоа е мошне дискутабилно. Што е Божјата волја во врска со тоа? Бог би сакал неговата заповед на љубов да се живее во бракот помеѓу мажот и жената во овој свет. Доколку се случи тоа во вистинска смисла, низ тоа настанува и желба за деца и тие биваат зачнати. Ако значи кај обата брачни партнери постои желба за дете, тогаш овој настан не значи никакво валкање односно оптоварување на душата или телото. Од каде потекнува обесчестувањето на ова природно збиднување? Властите на католичката црква го одбегнуваат бракот и не основаат семејства. Многумина (од нив) меѓутоа мисловно и телесно се бават со сексуалноста, а како тие желби не смеат да ги признаат ниту да ги исполнат, за некои представници на црковната власт зачнувањето дете е нешто што може да се смести под „безгрешно зачнување„.. ...тоа тогаш може да потекнува од целибатот - патријархатот, кој бракот сам по себе го отфрла, пропишувајќи самотија како сакрален начин на живот, наводно за да би се живеело онака како што живеел Исус, Христос. Мислите на многумина црковни великодостоинственици и нивното тајно однесување е сè друго освен сакрално. Тие знаат дека тоа е грев и поради тоа сè морало да биде грев, дури и оноа што е сосем природно: телото да зачне тело. Тоа му соодветствува на природниот закон, доколку поединецот се придржува кон него. Тоа го следеле исто така Марија и Јосиф. Кој телесната поврзаност не ја претвара во раскалашен секс како би ја негувал својата похота и би ги опуштал своите живци, тој знае дека секое посакувано дете - е волја Божја. Поради што е тогаш потребно возвишување на Марија која, како и сите луѓе, имала сосема нормално природно тело, кое било зачнато од нејзиниот телесн татко и родено од нејзината телесна мајка? Кој сексуално не го злоупотребува природното тело како на пример при зачнувањето на Исус, тој постапува според Божјата волја. Едно такво дете е дар на љубовта Божја, дар на Духот Свет. ... ... Бог не прави исклучок ниту кај едно духовно битие ниту кај една душа која оди во инкарнација, па тоа не го сторил ниту кај Марија. ... ... Ние луѓето би требало да ја почитуваме и љубиме нашата небесна сестра Марија, благодарејќи ѝ на нејзината издржливост, за она големото кое го пружила како човек, за големата верба и доверба во Бога, нашиот вечен Татко и во ангелот навестувач, но исто така и за довербата која ја положила во Јосиф кој ја зел за жена почитувајќи го нејзиното тело. На Марија можеме да ѝ се заблагодариме така што ќе го следиме она што учел Исус, нејзиниот телесен син. Тогаш со текот на времето ќе го исполниме она кое Марија го живеела како пример: чистотија на душата и срцето; големата, длабока верба и доверба во Бога, нашиот вечен Татко, во Божјите закони и во Исусовото учење. Тогаш не би ни било потребно догматското учење и возвишената Марија, туку би сме имале длабока внатрешна поврзаност кон Исус - Христос, нашиот Избавител, а преку нашиот Избавител и спрема Бога, нашиот Отец. ... Не велам дека сите мораат да се согласат со кажаното, но мене искрено, ова ми е најприфатливо објаснување кога станува збор за овие работи.
А што е поразумно, да им веруваме на учениците на Исус кои биле со Исус, збореле и поминувале време со Него, или на Gabriele Wittek од Германија од 20ти век која ниту го видела, ниту го чула Исус?
На внатрешното спознавање на боженственото во секој од нас.(Ако си доволно подготвен да го осознаеш,прифатиш тој дел од сам себе си) Ни на тие што виделе обичен смртник Исус кој само проповедал како да се вратиме кон исконското,кон првобитната чистота во нашата душа која само се материјализира преку тело со чинот на раѓање на плодот од телесно општење ни на таа прв пат што читам од тебе од Германија која и да е.
Тргнувајќи од тоа дека не верувам во никаков Бог,секако дека не верувам било кој човек,не само Исус да биде зачнат на таков начин. Да појаснам уште нешто,доколу НЕ веруваш во нешто вакво НЕ значи дека си секташ. Природата,еволуцијата со години и години не создала такви какви што сме.Ниту Свет дух,нит ништо друго. Еволуцијата е процес кој траел илјадници години,и не е возможно некој од нас за неколку илјади години да биде сведок на тоа како ќе еволуираат луѓето.Еден човек не може да настане од некоја натприродна сила туку само од други двајца луѓе.Сосема ми е јасно за состојбата на нашата земја во која се наоѓала со векови,спречувајќи да се развиеме подобро како нација умствено па и економски.А европските земји се такви какви што се денес,поради кажувањето стоп на црковната пропаганда,за тие учења кои само го отупувавувале народот.Овде луѓето се уште (особено постарите) се држат до овие учења и затоа заостануваме во секое можно поле. Да се вратам на темата,доколку тие навистина постоеле,никој НЕ бил,е,или ќе биде зачнат на друг начин освен со полов однос на партнери од различен пол.Ова е вистината и ова е 21 век,time to move on.
Незнам што не ти е јасно за да ти треба конкретно како Исус кажува оти е зачнат без сексуален однос,и како се нарекуваш Христијанин а веруваш оти Христос е зачнат како обичен човек преку секс.
Прашањето ти е сосема на место. Според мене меѓутоа Габриеле како пророк преку внатрешен увид има пристап до тие информации. Јас лично додатен легимитет гледам токму во тоа што тоа ни се соопштува во деншна епоха, а не пренесено преку ракописи од некоја стара епоха пред 2 милениума. Дали ќе веруваме во таквата можност, секако препуштено е на нашата слободна волја, сличнокако што и луѓето некогаш имале можност да ги прифатат или отфрлат пророците Божји. Од друга страна пак како што реков учениците токму бидејќи биле современици на Исус и Него го запознале откако почнал да проповеда. Тие не биле присутни при чинот на зачнување. Но со право би можел некој рече дека можеби и тие имале внатрешен увид во збиднувањата околу Исусовото зачнување или раѓање па можеле верно да известат за истото. Според мене имаме поголеми и помали фрагменти од нивните сведоштва кои биле вклопени или прераскажани во евангелијата од некого и потпишани како да се авторите Матеј, Лука и тн.(нешто што било практика во антиката, да се сетиме на списите на Платон). Тие кои тоа го направиле немале лоша намера, но го презентирале од точка на гледиште на нивните тогашни познавања, убедуавања и сфаќања. Нив единствено така им изгледало логично, ензамисливо им било раѓањето на таков духовно голем човек да се одигра толку обично како кај другите луѓе. Втора можност е дека тоа кое евангелистите го кажале е со зборови кои ние денес ги гледаме со едно значење а всушност имале некое друго. Јазикот е жива материја нели, постојано се менува. Па така зборовите девица би можеле да значат чистотија на срцето, непорочност а тешка од светиот Дух дека Св. Дух ја обвиткал позасилено за да ја штити иводи правилно бидјеќи сепак не се подготвувал да се инкарнира било кој, туку лично Христос.
Значи сето она што го пишувале учениците е под водство на Духот Свет,не е обично нивно прераскажување.Како се дрзнуваш да го зборуваш против библијата а кажуваш дека си Христијанин. Ти пре би верувал/а на човек кој сега се појавил и ја порекнува библијата демек пророк,одколку на основата на верата за Христос,љубовното писмо упатството за живот од Бог упатено на нас,на секој кој верува во Него.Значи целата библија е пишувана од Духот Свет.Тој ги водел оние кои пишувале.
Ми беше во ракав. А во ракавот имам уште неколку, ако имам време ќе ги поставам и тие. Па нема што друго да се прави по снегов. Тоа е како да речеш, како се нарекуваш македонец а не веруваш дека на Македонија местото ѝ е во ЕУ. Се работи за различни ставови... Верувањето или не вервуањето во бестелесното зачнување не го прави човека христијанин. И муслиманите веруваат дека Исус бил роден од девица. Обратно од тоа во 2 век .н.е. едно движење кое било составено од христијански евреи, тнр. Ебионити не верувале дека Исус бил роден од девица, но верувале дека Исус бил најавуваниот Месија.
Споредбава небти држи вода,затоа што ти посочив веке дека во библијата пишува оти девица го родила,и ти посочив оти ти пишува дека целото слово е од Бог вдаховено.И не неможе да бидеш христијанин ако не ти е авторитет библијата и ако си имаш тбои ставови што се косат со неа.Ти си веруваш во некој твој замислен бог.
Воопшто не ми се допаѓа насловот на темата, делува навредливо, не христијански....вакво прашање да се постави.. па сите знаеме дека мајката на Исус ја викаат дева Марија...па зарем на Бог, кој е семоќен му е потребен сексуален однос за да створи дете?
[QUOTE="daylight, post: 3823463, member: 51160" Втора можност е дека тоа кое евангелистите го кажале е со зборови кои ние денес ги гледаме со едно значење а всушност имале некое друго. Јазикот е жива материја нели, постојано се менува. Па така зборовите девица би можеле да значат чистотија на срцето, непорочност а тешка од светиот Дух дека Св. Дух ја обвиткал позасилено за да ја штити иводи правилно бидјеќи сепак не се подготвувал да се инкарнира било кој, туку лично Христос.[/QUOTE] И јас под терминот дева подразбирам личност со чиста душа со висок степен на поврзаност со исконското,боженственото во себе си.
Он ти пиша дека никој не го оспорува Божјото слово но дека јазикот со кој е пишувано словото колку пати било само словото на колку јазици преведувано е променлив. Така да Божјото слово тогаш изговарано и јазикот на кој тоа е испишано во Библијата можеби не се потполно компатибилни.
Обрни внимание уште еднаш каде тоа го пишува и кој го пишува! Именогопишува во Библијата, и тоа пази: Павле, а не Исус. Дали забележуваш дека Библијата ја правдаш со самата Библија?! Немам ништо против, да се разбереме, но што е тогаш твоето мислење подобро од некој кој верува дека во денешно време постои божји пророк. Кој го вели тоа? Токму во Библијата која ја спомнуваш Исус поставува сосема поинакви стандарди за тоа кој е негов ученик: „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе.” Јован 13:34-35 „И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена од камен. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа од песок. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ѝ беше страшно.” Матеј 7:24-27 Или можеби попрво делува НЕ-догматски И воопшто не е навредливо - намерно е поставено во прашална форма, токму за да може секој да го искаже своето мислење, верување, сознание ако го има... Некои така ја викаат, некои не ја вика така. Зависно кој од какво убедување тргнува. Внимавај, по таа логика со право би можело да се постави прашањето: Па зарем на Бог кој е семоќен би му била потребна утроба на жена за да створи дете?