Зачнување за време на пост

Дискусија во 'Религија' започната од ecapereca, 5 април 2013.

  1. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    472
    А што е со зачнување за време на пост? Ние со вереникот се обидуваме за бебе, ама сега за време на постот се воздржуваме строго од водење љубов. Имам разговарано со свештени лица и со духовник, речено ми е ако еден од нас двајца неможе да се воздржи, тогаш да избегнуваме среда, петок, првата, третата и последната недела од постите. Ама ние ете почнавме од почеток на постиве да се воздржуваме и продолжуваме така. Дека и за бебе не било убаво да се зачне за време пости. Незнам колку е правилно или препорачливо така, ама јас сум наишла на таков одговор и го почитувам, не викам некој да го дели ова мое мислење, само прашувам подобро упатените што мислат. Поздрав :)
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Машки
    Пост

    Тешко на духовникот и свештеникот што невенчани ви благословил полово да општите! Па уште и би ве причестил без за тоа да се покаете... Според светите отци блудниците, не смеат да се причестат 14 години, а по свети Јован Постник Константинополски може по една година ако и само ако таа година ја поминат во пост на сухојадение (јадење еднаш во денот леб и вода по 15 часот) и правење по 200 велики метании утро и вечер. За бебето е грев да се зачне во грев и безаконие, а не во пост.
    Да бевте во црковен брак, немаше да биде грев и да општите полово, но во вонбрачна заедница, половото општење секогаш е смртен грев!
    Простете ако бев суров и директен, но тоа е вистината. Најдобро што побрзо венчајте се па потоа правете што ќе правите.
     
    На Таа Сум, Witchman, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    472
    Пост

    Премногу ме вознемири со одговорот. Не е добро така дирекно да се обраќаш кон некого кого не го познаваш и не ја знаеш ситуацијата со зборот блудници. Зошто све ставаш под еден поим БЛУДНИЦИ, знаеш ли ти што е тоа? Уште вака јавно да го употребиш тој збор, а се однесува на мене. Незнам дали си свештено лице, дали носиш епитрахил, затоа ќе ти речам дека не си ти достоен за некого да се чудиш и да осудиш дали е тешко или не што сум добила благослов да се причестам во овие околности во кои сме. Немам намера да се објаснувам и да се правдам. Моја грешка е што воопшто овде најдов да прашам кој што мисли во врска со тоа што прашав.
    Можам само да се заблагодарам за податоците кои ги изнесе кои не сум ги знаела, меѓутоа БЛУДНИЦИ сигурно не сме, а најмалку да ме нарекува така некој кој не знае апсолутно ништо за мене.
     
    На Twinkles, shushu, Snowbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Машки
    Пост

    Премногу ме вознемири со одговорот. Не е добро така дирекно да се обраќаш кон некого кого не го познаваш и не ја знаеш ситуацијата со зборот блудници. Зошто све ставаш под еден поим БЛУДНИЦИ, знаеш ли ти што е тоа? Уште вака јавно да го употребиш тој збор, а се однесува на мене. Незнам дали си свештено лице, дали носиш епитрахил, затоа ќе ти речам дека не си ти достоен за некого да се чудиш и да осудиш дали е тешко или не што сум добила благослов да се причестам во овие околности во кои сме. Немам намера да се објаснувам и да се правдам. Моја грешка е што воопшто овде најдов да прашам кој што мисли во врска со тоа што прашав.
    Можам само да се заблагодарам за податоците кои ги изнесе кои не сум ги знаела, меѓутоа БЛУДНИЦИ сигурно не сме, а најмалку да ме нарекува така некој кој не знае апсолутно ништо за мене.
    [/quote][/quote][/quote]

    Извини и прости ако се навреди, не ми беше мене тоа целта, но јас ти го кажав она што го кажувала и го кажува и ќе го кажува Црквата. Ако јас убијам некого ќе станам убиец, ако крадам ќе бидам крадец, ако паднам во блуд ќе бидам блудник... Не е срамно името, срамни се гревовите кои ги правиме. А блуд се знае што е, секое вонбрачно полово општење или пак секое неприродно брачно. Понатаму тој претставува полово општење со повеќе различни партнери, прељуба тоа е погазување на светата тајна брак, т.е. вонбрачно општење со друга личност и содомија што претставува противприродно општење со личности од ист пол или животни. Почитувана, слушај си го својот духовник, ама слушај ја и светата Црква, која уредила сѐ преку своите свети канони. Ти посакувам што побрзо да се венчаш и Бог, да го благослови вашиот брак со полна куќа дечиња, но и да Ви го прости гревот и безаконието во кое сте живееле.
    Кога света Фотина Го сретнала Господа Иисуса Христа, Тој ја прекорил што живее невенчано и што живеела невенчано со петмина мажи, исто и на блудницата ѝ простил, но ѝ рекол оди и не греши повеќе. Сепак света Фотина Самаријанката се покајала и станала светица. За две недели ќе ја славиме светата Марија Египетска која била проститутка и која со огромна дрскост отишла да се поклони на Гробот Господен и на Чесниот Крст, по пат вршејќи си ја својата нечесна работа. Кога сакала да влези и да се поклони невидлива сила ја турнала и не ја оставила да влези. Потоа заминува отаде Јордан и цели 40 години поминува во покајание, пост и молитви и на крај станува толку голема светителка, што и една недела од Великиот Чесен пост ѝ е нејзе посветена.
    Проштевај уште еднаш што ти ја кажав вистината. Но, колку и да е болна таа е вистина. И најмалку што можеме да направиме е да не се фалиме со гревовите кои ги правиме и да ги соблазнуваме другите околу нас.
    Покајанија двери отверзи ми Жизнодавче.
    На спасенија стези настави мја Богородице.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    472
    Пост

    Сум читала за ова што го напиша, сепак фала ти.
    Го слушам својот духовник, тој знае се за мене, и за мојот вереник, и за ситуацијата во која сме. Ние не сме сеуште венчани не заради тоа што несакаме, туку има други фактори, не е трето лице Боже сачувај, да не помислиш на тоа. Едвај чекаме кога ќе дојде време да застанеме пред Бога и да се венчаме во црква.
    Според тебе јас не ја почитувам црквата и се фалам со гревовите што ги правам? Повторно ќе ти речам, незнаеш ништо за мене, многу повеќе сум свесна за самата себе отколку ти за мене.
    Немам јас што да проштевам, Господ е тој што проштева. Не земам за лошо ништо од тоа што го напиша, меѓутоа начинот не е во ред. Тоа ме навреди и ми стана многу тешко што глава ме заболе и рацете почнаа да ми се тресат. Ама ќе помине. Нема повеќе да се навраќам овде ни на коментари ни на ништо. Се советувам со духовник за се, и слушам што ќе ми рече. НИКАКО НЕ СЕ ФАЛАМ СО НИШТО, А НАЈМАЛКУ СО ГРЕВОВИ. Немој да мислиш дека се знаеш да не станеш горделив.
     
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    26.471
    Пол:
    Женски
    Пост

    Мора да постои причина да бидеш верена, кажи-речи 5 години и да не стапиш во брак, не сакам да помислам, ама претпоставувам што може да биде. Не те осудувам, ни најмалку, не брзајте се, почекајте, зошто децата се Божја работа, кога најмалку очекуваш тогаш ќе се случи, само здравје. Старец Пајсиј Светогорец тоа многу убаво го има опишано во книгата "Совети за спасение во денешниот свет", прочитај ја и тогаш ќе разбереш, Orthophill можеби се изрази малку грубо, но верувам дека не мислеше лошо.

    П.С. Доколку неможеш да ја најдеш, прати ми во Л.П адреса, јас ти ја подарувам. Поздрав!
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    472
    Френди, нема опција кај тебе да ти пишам Л.П, па затоа овде дирекно ти пишувам, не е проблем. Ти благодарам за пораката и за тоа што би сакала да ми ја подариш книгата, фала ти многу, ќе се потрудам да ја најдам, можеби и веќе ја имаме дома зашто татко ми има многу книги со религиска содржина, ама ете не се сеќавам да сум го сретнала тој наслов, сепак ќе проверам. (познато ми е)
    Сакам само да истакнам дека причината поради која сеуште не сме во брак не е ни трета личност како што веќе кажав, ниту друга вера ако мислеше на тоа. Не сме во Македонија, само тоа ќе го кажам, овде во овој град во кој сме, нема православна црква. Сакаме да се венчаме дома во присуство на нашите, сепак тоа е момент кој би сакале да го споделиме со најсаканите, не сонуваме за свадба и венчавка на принц и принцеза како од бајките, туку за скромна венчавка во наша православна црква во присуство на нашите родители и брат и сестра со нивните семејства. Ми се плаче и срце ми се крши секој ден што сеуште не е дојден тој ден, и незнаеме кога ќе дојде зашто причината е од имиграциона природа. Навлегувам подлабоко, затоа ќе додадам уште тоа дека не сме "на црно овде". Значи, како што се гледа од тикерот колку време сме верени, од сето тоа време ние сме биле заедно се на се само една неполна година. Знам колку е подобро да живееме во брак благословен од Бога, според правилата, што е до нас ќе се венчавме веднаш, ама ете таква е ситуацијата. Се трудиме колку може да не грешиме, знам дека живееме во грев, ама...се надевам дека во најбрзо време ќе имаме можност да се венчаме, тоа ни е наша најголема желба.
    Ме заболе само тоа што така се изрази Orthophill, не' нарече блудници и тешко на оној духовник кој ни дал благослов. Он незнае ништо за нас, јас само го поставив прашањето кој што мисли, а тој се дрзна да осудува. Ниту еден човек никого не смее да го осудува, и тоа е смртен грев, може да ни суди само Бог на денот на страшниот суд. Знам дека не мислел ништо лошо, ама сепак вака јавно да ми се обрати со тие зборови, не беше во ред, барем јас не би се осмелила така кон некого кого не го познавам (па и ако го познавам), не е мое да судам. Според него, како што има пишувано, несмееле да се крстат деца од родители ако не се верници, иако се крстени. Мислам дека е престрог за некои работи. Завршувам тука, немам повеќе сили. Уште еднаш, многу ти благодарам, навистина си friendy :)
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Машки
    ecapereca јавно ти се извинувам и јавно ја барам твојата прошка, како што и јавно ти згрешив и те навредив. Проштевај и помоли се и Бог да ми прости. Јас не те осудив(не реков дека нема спасение за тебе и твојот свршеник), но само го кажав ставот на Црквата по однос на вонбрачните заедници. Сепак познавам голем број на духовници кои кога ќе дознаат за тоа дека нивни духовни чеда заживеале вонбрачно ги советуваат да се венчаат најбрзо што можат. Уште еднаш ти посакувам најбрзо да ти се остварат сите твои соништа.
     
    На Witchman, Serafima и friendy им се допаѓа ова.
  9. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    472
    Оф леле Orthophill, сега ми е уште потешко, ме мачи совеста што така изреагирав, што бев избезумена цел ден, за малку и тенџерчето ќе го изгорев на плин, ме освести мирисот :wasntme: Не сум јас достојна да бараш прошка од мене зашто нема зошто, можеби заслужив такви зборови, прости ми ти на мене. Денес цел ден се преиспитував сама себе, можеби и беше од голема корист овој наш дуел овде за да се преиспитам, можеби сум уште поголема грешница од тоа што сум мислела дека сум. Затоа моли се ти за мене Господ да не' избави поскоро од овие искушенија овде и да се реши тоа што долго се чека за да можеме и ние да застанеме пред Бога и да го добиеме неговиот благослов, па и да ни подари бебенце кое толку многу сакаме да го имаме :angel:
    Ти благодарам за убавите желби, истото и јас тебе ти го посакувам. :)
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    26.471
    Пол:
    Женски

    Нека ви е со среќа се во понатамошниот живот, сакајте се и почитувајте се и да дојде за брзо време моментот кога својата куќа или стан ќе ја претворите во свој дом.

    А, за книгата извини, ама да знаев дека сте во странство немаше да се нафатам да ти ја испрaтам, free shiping имаме само во МК. :rofl:
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.946
    Пол:
    Женски
    Ако некој сака да го почитува постот во целост и да се воздржува од односи, тоа си е нивно право. Ама ова сурово толкување дека полово општење е смртен грев мислам дека требало да си го зачуваш за себе. Не живееме во времето кога било првпат создадено христијантството, и ако двајца луѓе физички ја изразуваат својата љубов, никој не смее да си земе за право да ги навредува. Дури и најлудите работи кои луѓето ги прават во приватноста на нивната спална соба се нарекуваат фетиши (а не гревови) доколку не наштетуваат на себеси и другите.
    Фино и за тебе ако си имаш верба во религијата, и ја почитуваш, ама тоа си е твое. И ако ecapereca ја испочитувала својата религија и зборувала со лице кое е доволно упатено да ја советува, не можеш ти да бидеш тој што ќе и кажува што да прави. Особено кога си ги толкуваш црковните закони на свој начин кој воопшто не одговара на секојдневието во кое живееме.
    А што се однесува на зачнувањето, постот нема ништо да смени во создавањето на тој живот. Битно е тоа дете да го сакате и чувате најдобро што можете, и да расте во среќна фамилија. А дали неговите родители јаделе месо кога го створиле ништо нема да му смени во животот. Со среќа и се надевам бргу ќе го проширите вашето семејство. :)
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    3.082
    Според моите духовни убедувања нема ништо лошо во тоа детето да биде зачнато за време на било кои денови, празници, фестивали... под услов тоа да биде од искрена несебична љубов(значи не станува збор за гола вљубеност туку за љубов во смисла искреност, разбирање, толеранција, заедништво, добронамерност и тн.) која ја негуваат и ќе продолжат да ја негуваат партнерите, сосема сеедно дали се во или пред брак. Но при тоа родителите земаат голема одговорност да го одгледаат и му бидат пример на детето за живот според Божјите закони кои Исус од Назарет ги изнесе во својата проповед на гората. Дали детето тие работи ќе ги прифати и ќе продолжи да живее низ животот според тоа, зависи од неговата слободна волја откако во во одредена возраст ќе почне да прави разлика помеѓу доброто и злото.

    Црквите имаат поинакво сфаќање, што и беше соодветно објаснето од форумџијките кои го прифаќаат црковното учење. Сурово или не, црквата учела и учи така. Прашање е кому сме одбрале да веруваме...
    Не ми е целта да навредам некого, само го кажувам својот став - според мене црковното учење кое го составиле теолозите и тнр. св. отци нема речиси ништо заедничко со учењето на Исус Христос и Духот Божји.
    ...
    за прашањето од hermosa:
    А каде велат божјите заповеди дека предбрачниот секс сам по себе е грев? Колку што јас знам, божјата заповед вели „Не треба да вршиш прељуба„ а не „Не смееш да имаш секс пред брак„.
    Бог на човека му дарил разум и треба да го употребува. Дали е пеколот(доколку се сфати како место на вечни маки) разумно нешто? Нели е Бог праведен? Ако е праведен, зошто би осудил некого на вечни маки кога лошите работи кои таа/тој ги правеле не траеле вечно? И што му пречи на Бог тоа што ти или јас или некоја друга имале предбрачни сексуални односи ако тоа било од искрена љубов? Разбирливо е зошто не е добро да се убива, да се краде, да се дава лажно сведоштво - тоа неминовно прави конкретна штета, но каква штета ти си им направила на ближните или на Бог само со тоа што си имала сексуални односи?

    Е сега нешто друго е ако ние на пр. преку сексот манипулираме (на пр. ако ме сакаш, ќе ми даеш :lol: ) со ближните или ги присилуваме и тн. Исус рекол „Тоа што не сакаш другите да ти го прават, не им го прави на другите!„ бидејќи „Што сееш, тоа ќе жнееш!„, т.е. на тој начин сè што правиме, во крајна линија самите себе си си го правиме, не ни го прави тоа Бог.
    Навистина ли веруваш дека Бог поради такво нешто би те фрлил во пеколот? :( Која би била неговата сатисфакција, неговиот ќар од тоа???

    Првин мора да размислиме со своја глава и слободната волја што бог ни ја дарил: во што, како и колку ќе веруваме? Кои ни се духовни авторитети?
    Некој ќе рече врвен авоторитет ми е Библијата или само Куранот, или Ведите и тн. Но сите тие древни списи се пишувани со јазичен стил кој на денешните луѓе одвај им е разбирлив. За сите тие списи постојат илјадници човечки толкувања, честопати противречни едни на други. На пр. католиците и протестантите веруваат во вечен пекол цитирајќи делови од библијата, но на пр. јеховини сведоци истите делови ќе ги протолкуваат како вечна смрт, вечно безсознание и тн.

    Јас верувам дека Бог во сите времиња на луѓето им испраќал пророци преку кои се објавувал со јазикот(стилот) за соодветната епоха. Бог е милозлив и никогаш не ги остава своите човечки деца сами и неупатени. Затоа и денес меѓу нас имаме жив пророк, поточно пророчица преку која Бог и небесниот свет ословуваат разни животни прашања.

    Во еден разговор (објавен во „Лист на вистината - Пророк.бр.10: Младиот и пророкот ) помеѓу млади луѓе и божјата пророчица и пратеничка за денешницата се постави и прашањето за сексот пред брак:

    Mladić:

    Seks pre braka - što misliš o tome?

    Prorok:

    To je delikatno pitanje na koje ne bih želela odgovoriti ni sa ne, ni sa da; jer ja znam za reinkarnaciju, da za sobom imamo više života. U jednome od tih života mogli smo sebi natovariti takozvane programe uživanja, koje preuzima i naše duševno telo i koje duša nakon smrti svoga tela uzima sa sobom u onostrana područja od finije materije , ukoliko to previše ljudsko nije očišćeno. Što duša u onostranom ne očisti, to donosi opet sa sobom u sledeće utelovljenje.

    Ako je u planetarnoj konstelaciji koja dušu sprovodi da postane čovek, program uživanja seksualnosti pojačano aktivan, tada mladi čovek u kom sve ključa i vri može vrlo teško zaustaviti aktivne hormone koji vrše pritisak. Opet zavisi od toga kako se ponašamo prema tome nagonu - da li dopuštamo da preko našeg nervnog sistema utiče u naše seksualne hormone, da bismo tada i izvršili seksualni akt, svejedno s kim, ili da li je mladi čovek seksualnost pro-rađuje. Ovo proradivanje događa se, kao što je već rečeno, u glavi, u razumu, time što procenjuje šta ima od toga ako sebi traži seksualni objekat, pitajući se da li je to njegova etičko-moralna crta života, ili da li se želi postupno oslobo- diti tih navaljujućih seksualnih želja. Često puta je i tako, da u jednom sklopljenom prijateljstvu jedno od drugoga zahtevaju seksualno zadovoljenje, mla-di čovek od mlade žene, a mlada žena od mladog čoveka. Tada bi morao svako postaviti sebi pitanje: Šta mi imamo od toga? Šta nameravamo s tim? Želimo li se samo uzajamno zadovoljavati ili želimo osnovati partnerstvo ili brak? Dalje: može li ono Sto se temelji na polnoj strasti biti trajno ili ne bismo li zajedno trebali postati svesni, da bi nas jedan drugi način, kao npr. dobro, otvoreno prijateljstvo, mogao osloboditi ove pol-ne strasti, iz čega bi se mogla razviti jedna stalna veza u kojoj bi svako poštovao sebe i onog drugog.

    Generalno se može reći: Sve što radimo zavisi od toga KAKO? To važi za sva područja života, pa i u pogledu telesnosti.

    Verujem da će onaj ko pažljivo čita ovo izdanje "Mladi i prorok" sigurno moći pronaći daljnja gledišta po kojima se može orijentisati, ako hoće.

    Dinamika mladih se izražava u raznolikim aktivnostima, također u sportu i hobijima različitih vrsta. Upravo mladi ljudi koji se nalaze u periodu "oluja i poriva" mogli bi kroz sport da izgrade otvoreno, iskreno i odano prijateljstvo, takođe i sa suprotnim polom, jer sport i hobi često skreću interese na druge stvari, a polno "uživanje" stupa u pozadinu.

    Mladi čovek ne bi trebao ni u kom slučaju sa sportom i hobijima potisnuti misli i želje za seksualnošću, već bi trebao analizirati što bi mogao biti koren njegovoga seksualnog pritiska. Takođe je važno da mladi čovek razmišlja o svom daljnjem životu, bilo o zvanju, o porodici, o pravom prijateljstvu i našem društvu. Ima li on dobar krug za razgovor u kome bi se mogao izraziti, tada će sigurno time redukovati i poneku želju seksualne snage.
     
    На Silver.E и hermosa им се допаѓа ова.
  13. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    472
    Сега со Orthophill си се разбравме и објаснивме, и на двајцата ни беше добродојдена таа наша меѓусебна полемика, нели Orthophillче? :) Многу фала на тие што ме подджале, исто фала и на тие што не мислат како мене, ќе научам уште повеќе така, грешам, човек сум, се трудиме да не грешиме, затоа не ни помислуваме на водење љубов сега за време на постите, а и онака кога водиме љубов тоа е за бебе, зашто сме баш баш желни за бебенце, а и двајцата имаме скоро по 35 години, околностите сеуште не ни даваат можност да се венчаме... се надевам дека ќе биде наскоро, дај Боже.

    Сакав да кажам, темата не е за ОДНОСИ пред брак, туку темата е за ЗАЧНУВАЊЕ за време пости (независно дали си во брак или пред брак).
     
    На Orthophill и Serafima им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    A Mене чисто ме интересира ти Oртофил, како зрел маж дали се држиш/си се држел подалеку од блудничење? :D
    Mислам какви гревови постојат на овој бели свет, за водење љубов пред брак ли сме паднале? :D
    За мене ова е чиста глупост, и ако Бог на тој ден ми суди за вакво нешто, Епа Алал да му е :D
     
    На andromedae и daylight им се допаѓа ова.
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    1.020
    Ова го пишуваш и покрај тоа што Црквата треба да е засолниште и прибешиште за секого и за неа не би требало да се плаќа за ништо што се случува во неа, а притоа Црквата си држи таков ценовник што само една свеќа е 10ден, а да не зборуваме за останатите и поголеми случувања како што се крштевки и венчавања.
    Некој можеби ги нема тие пари за да може да го направи тоа. Како што разбрв во последно време, дури забранија и по манастирите да се официјализира брак бидејќи таму не се плаќало? Всушност, го забрануваат оние кои самите го проповедаат.
    Од овде мене најлогично ми е (иако не е така, ама така излегува) дека ако не и платиш на Црквата за да го официјализира бракот, ти всушност живееш во грев.

    Апсурдно е тоа што го прават (ако си и ти дел од оваа вера, апсурдно е она што го напиша)! Си се посрамотувате, а „верниците“ се толку верници што прават што им каже Црквата и свештените лица без да размислат за тоа. Уште и кога прочитав дека еден вели едно, друг друго и овде читам трето, сосема се збунив и во исто време ми се разјаснија неколку работи.

    Но сепак, убаво напишал daylight
    Дури и да не е по некакви убедувања, ова е одговор кој е најприфатлив, реален и составен со свест со оглед на многу околности.
    Дури и едно бебе и не само да е зачнато според сите Закони на црквата туку и да се роди во црковен брак, ако во тој брак нема разбирање, хармонија и толеранција, има потреба да напишам што мислам? Очигледно е.

    Секако дека секоја вера си има свое убедување, ама повеќето од „верниците“ ги знаат или избираат дел од работите. Останатите работи, можеби не ги знаат, а поголем дел не се обидуваат да ги дознаат. А и ако ги дознаат, одбираат да ги игнорираат.
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    3.100
    Пол:
    Машки
    Така е ecapereca, на двајцата ни беше на духовна корист и за спознавање на нашите велики гревови и прегрешенија оваа наша преписка.

    @ludoto19 иако не сум на исповед ќе ти одговорам, со Божја помош се чувам од блуд.

    За @daylight, како претставник на заедницата Прахристијански Универзален Живот, добро е да се знае, дека тие не веруваат во Евангелието, а апостолот за нив е најголем фалсификатор. Ама затоа се` што ќе им каже фрау Габриеле така е! Таа е поголема и побезгрешна и од самиот римски папа(кој има право да го надополнува и менува апостолот, но не и Христа).

    @OmniaVanitas, пак сиротата има магиски пристап, за разлика од припадниците на Црквата кои имаат светотаински пристап. Тоа веќе го докажа на многу места.
    Само едно треба да се знае, оние кои живеат литургиски живот ако немаат пари ќе бидат венчани и бесплатно. А Бог ја прима нашата молитва и ако не запалиме свеќа, или не оставиме пари во корпето до иконата.
     
    На Witchman и hermosa им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    Ако е зачнато со љубов, во една убава и хармонична врска, нека е и за пост, отколку да е обратно. :)

    Децата се Божји благослов, и ако Бог го даде тој благослов за време на пост, значи не било ништо страшно и забрането. :)

    Ама, тука сакав да кажам нешто од поинаков аспект.
    Многу е добро кога родителите пред да се трудат да зачнат бебе, се прочистат. И со мислите, ама и на физички план, да јадат поздрава храна, да избегнуваат месо и алкохол.
    Сето тоа влијае на самото бебе (од еден подлабок аспект).
    Затоа, напротив, постот е и одлично време да се искористи тоа. :)
     
    На friendy и daylight им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    10.924
    Пол:
    Женски
    Од религиозна гледна точка е грев да се зачне дете во пост . Барем јас така знам. Само јас лично не го гледам како грев, дете е плод на љубов , најголем дар во живот и мојот ум не може да го свати тоа како грев .
    Што се однесува за дете зачнато надвор од брак , моите не се венчани во црква само граѓански брак ( социјализам тогаш тоа не се практикувало толку ) , па така според некој ние сме родени во грев и безаконие , иако сме крстени .
    Дали тоа ги прави моите родители грешници ? Можеби , по некои канони и правила . Дали се добри луѓе и христијани во вистинска смисла на зборот ? За мене да , тие се мои идоли и едни од најдобрите луѓе што ги знам .
    Може и во пост сме зачнати ама кој гледал тоа :D
    Зборот ми беше верата се носи во срцето , јас сум православна ама повеќе ради традиција празнувам празници и се радувам на нив како мало дете , верувам во Бог . Ама за мене Бог има друга димензија, не одам во црква да се молам , се молам дома . Не верувам дека Бог е во некоја зграда , тој е присутен секогаш со нас и кога ги отвараме вратите на нашето срце за него .

    Како беше приказната за човекот кој не го примиле во рајот барал објаснување и велел ама јас живеев по сите твои правила и никогаш не направив лошо . Кога го прашале дали направил некогаш некому добро . Тој молчел . ;)
     
    На theowndemon, mariatim, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350
    А армас на прв ден Велигден, што ќе кажете на тоа?
     
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    1.020
    И овде ќе почнеш со етикетирање? Ниту ме знаеш, ниту знаеш во што и дали верувам. Ама се' за да се дојде до оцрнување на оној кој ти ги изнел фактиите. Не знам каде живееш ти, но во многу градови, не сум видела ниту една венчавка која е бесплатна. Знам и дека не се дава венчаницата доколку не се доплати одредена сума, а ти ми велиш бесплатно? Ова е буквално лажење.

    А прашањата кои не ти одговараат, постојано ги одбегнуваш. Во овој случај делот со тоа зошто почна да се плаќа (или се забрани) официјализирањето на брак во Манастир? И уште по нешто што постојано го исбегнуваш во секоја тема каде што те има. И сето ова повторно се сведува на зачнување без официјализирање, а мора да се плати за тоа. Ама јас сум „сирота“ и јас имам не - знам - какви пристапи.

    Orthophill, прекини со навредите. Сирота ќе сум доколку немам ништо во мене и на мене, а тоа не е така (или и на ова пак ќе ми ставиш етикета по не знам кој пат?). Ова не ти е прв пат да ме навредиш само со една цел - да ги огрдиш оние кои не се согласуваат со тебе. Срамота е и не знам како можеш да проповедаш дека секоја религија е прифатена според твоите убадувања, а да го правиш спротивното - ги навредуваш оние со различни пристапи.

    Искрено, ме запрепасти делот со зачнувањето и навистина не знам што е тоа што е исправно во кое ти толку се огледуваш. Но тоа не предизвика навреди кон тебе од моја страна. Мислење е едно, навреда е друго! Барем обрни се кон тоа што си ти за да можеш секого да нарекуваш како што сакаш.
    Зачнувањето прв пат прочитав дека не е добра работа, кога сите го велат спротивното. Ниту од свештено лице не сум слушнала се до сега. Само и само доколку се плати. Така излегува работата. Ти колку и да кажуваш дека не е така, знам од сите околу мене дека е така.

    Бог ја прима, ама свештените лица ти велат дека мора да оставиш 150ден. ако сакаш да си ја подигнеш панагијата и ти вадат лоши зборови проследени со викање ако ги повикаш да прочитаат за умрениот. Можеби имате и Закони и канони ама ретко кој се придржува до тоа.