Ова не е точно. Би било добро најпрвин подобро дасе запознаеш со учењето на духовната заедница Универзален живот во која дејствува пророчицата Габриеле, а потоа да коментираш. Не велам дека мораш да го прифатиш тоа учење, но барем коментарите да ти бидат поиздржани. @hermosa За да не бидам постојано офф топик разговорот и мојата реплика го пренасочувам во темата „Буквално се што сакате да знаете за религија„. Еве линк: http://forum.femina.mk/religija/bukvalno-se-sto-sakate-da-znaete-vo-vrska-so-religija-t6828/190.html
Оф топик Простете ми што се мешам, но само да дадам еден одговор. Беше поставено прашањето, зошто е забранет бракот во манастирите? Не е за парите, туку за нешто друго. Еден од најстрашните гревови е гревот на блудот. Сите монаси не се двественици, но има некои кои имале сопруга, има некои кои имале порано девојки... Односно во манастирите живеат монаси кои побегнале од светот за да живеат во пост и молитва. Ние, факт е дека сме во светот и можеби никогаш нема да ја дознаеме таа борба што ја имаат тие. Бидејќи на чинот на Светата Тајна венчавка сите жени нема да дојдат скромно облечени, туку нажалост морам да кажам нескромно. Ова го кажувам од најблизок извор на отец кој посакувал да не биде таму во оној миг кога некоја девојка во минич и длабоко деколте се наведне да земе од бонбончињата што ги фрлаат кумовите на младите . Можете да ја замислите таа слика. Ова е само една причина, но ги има и безброј други. Но првенствено тука е духовноста, зашто ние не знаеме што е тоа монаштво и можеби никогаш нема да дознаеме. Тие личности живеат за да се молат за нас и ние не треба многу да не им се мешаме во монашкиот живот и да не бидеме постојано во манастирите . Он топик Ако сопружниците живеат во целомудрие и во бракот ја чуваат брачната постела чиста, иако се случи тие да бидат сплотени телесно, што е волјата Божја тоа ќе биде. Ние и колку да посакуваме нешто, тоа нема да се случи додека Бог не го благослови доаѓањето на тој нов живот .
Едни мои пријатели се обидуваа да добијат дете долги години, но се ближеа постите. Разбовараа со нивниот отец, м рече дека можат да постат и да се обидуваат за бебе во тој период, и секако ги причести. Тој ги ослободил, или така некако беше изразот. претпоставувам дека може,но со благослов претходен. Инаку пријателите веднаш по постот, зачнаа и имаат две деца.
Јас воопшто не би ни прашувала дали смее ова. Годината има 365 дена, зарем за време на пост да зачнам? Кај мене тоа нема да може.
И јас знам од отец кажано дека за време на пост не е убаво да се зачни бидеќи заради тоа се раѓале деца со некоја аномалија Спрема месет кога сум родена јас сум зачната во пост па здрава жива а братми не е за време на пост па има проблем Господ да не чува сите не знам што да речам ама за да не ни биди шубе има и други денови и почекавне да не биди во пост