Зачнување со сперма од донатор

Дискусија во 'Бременост' започната од SkopjeGirl, 27 јуни 2018.

  1. SkopjeGirl

    SkopjeGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Zdravo, dali znaete nekoja singl devojka da ima pocnato familija na vakov nacin, preku donator na sperma, vo Makedonija? Sto mislite za ovaa opcija? Dali e premnogu crazy za nasata sredina?
     
    На Martka и Lolo5 им се допаѓа ова.
  2. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.988
    Пол:
    Женски
    Знам, не лично, но пријателка на пријателка роди, а за уште две знам дека се обидуваа, за жал до сега со неуспешни ин витро постапки. Сите се над 40 години.
    Јас бев сингл до доцни 30-ти години и да бев попаметна немаше да чекам толку за дете, со овој памет би се обидела сама, со донорска сперма, околу 35-тата. Подобро да имав дете со еден непознат родител, отколку воопшто да немам деца.
    Лично, ги поддржувам сите жени што ќе се одлучат на овој чекор, одлуката кога и како да се има дете е неоспорно и апсолутно право на секој од нас, секој треба да си одлучи самостојно, без "асистирање" од средината. Уосталом, средината и не треба да ја интересира кој, како, кога и со кого зачнал дете. Ако некоја жена нема среќа во партнерските односи, не треба да биде осудена поради тоа и да нема деца.
    Има самохрани мајки на деца со познати татковци кои не сакаат да си ги гледаат децата, татковци што не ги признаваат децата, посвоени деца кои не ги знаат и двата свои биолошки родители, па сите се живи и здрави, израснати, формираат свои семејства, така да не знам зошто и децата зачнати со донорска сперма би биле различни од останатите.
     
    На Milobebence, Vojdana, BabyStyle и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Meckicja

    Meckicja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    6.515
    Пол:
    Женски
    Zasto da e crazy ima mnogu takvi primeri samo mislam oti donorot se plaka nez tocno kolku plus I da odete na IVF preku fzom donorot si go plakate vie
     
    На Milobebence, Martka, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  4. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    18.665
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто crazy. Си има банка на сперма,си бираш кој партнер ти одговара според описот негов. Не сум сигурна точно за цена но многу е скапо ако не се лажам околу 4000-5000евра.
     
    На Martka, BabyStyle, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Meckicja

    Meckicja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    6.515
    Пол:
    Женски
    Bas pred nekojden sofija88 pisa oti za donor plakale 3000evra na stranata na new born klinik pisese kolku e ama ne zabelezav dotolku
     
    На cresa-jagoda, Darko009, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    389
    Систина е 3000 евра новата цена. Инаку не е лудост да си најдеш донор, знам многу самохрани мајки кои супер се, среќни и си имаат прекрасни деца. Дури и поефтината опција два ти е да најдеш некој пријател кој е здрав и да се договорите без обврски да ти направи дете (најтранспарентно, но стрингс атачд). Еве за вторава опција знам дека жива ќе ме изедат некои, ама реално, зошто да не ја имаш како опција кога има безброј случаи со договор. Трето е, да си посвоиш некое душиче.
     
    На Milobebence, LollySky, BabyStyle и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Meckicja

    Meckicja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    4.881
    Допаѓања:
    6.515
    Пол:
    Женски
    Nema zasto ziva da te izedat taa odluka e licno tvoja I na prijatelot to ako imas uslovi da go gledas deteto ti I da si samohrana majka nema tuka sto da se kaze
     
    На Martka, Lolo5, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. SkopjeGirl

    SkopjeGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    E bas mi e milo deka lugeto tuka se dosta open minded na ovaa tema. Jas ziveev vo stranstvo, tamu ova e dosta prifateno, ama ne bev sigurna tuka kako bi se prifatila vakva odluka.
     
    На Milobebence, LollySky, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.248
    Пол:
    Машки
    Нема да имам ништо против ако мојата сперма би се донирала на овие луѓе. Ама сметам дека сме далеку од ова, некако луѓето го гледаат како настрано. За легнување со друга за дете да и направам некако ми е ту мач.

    Реално и цениве се на стероиди за овие луѓе кои имаат проблем со зачнување. Би требало да ги спуштат малку. Илјадници евра ќе дадеш, а не си сигурен и дека ќе го добиеш тоа што го бараш.
     
    На Milobebence, LollySky, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.156
    Допаѓања:
    65.203
    Пол:
    Женски
    Имаше мислам некаква тема за ова, ако не се лажам Деловна жена, ваучер за инвитро (така некако беше темата).

    И јас би поддржала пријателка или било која блиска особа која би го сакала ова.
     
    На Milobebence, WildMk, La.loca и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    136.837
    Поарно да ми направи дете некој пријател или да ми донира сперма, отколку од некој непознат..
    Утре за не дај боже, подобро е да знаеш барем кој му е татко на детето... според мене.

    А доколку не постои опција за пријател, т.е никој не сака, би размислила за непознат донатор..
     
    На LollySky, SummerGirl, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    18.665
    Пол:
    Женски
    Кај нас може и се подразбира потребата да знаеш кој му е татко,бидејќи кај нас секој со секого се знае и секој за секого повеќе знае од самата личност за себе. Но во странство намерно постојат банки за сперма со што донаторот е заштитен од момент утре дете да ми тропне на врата и му рече јас сум поризвод на твојот дониран производ.
    Инаку во банката за сеперма се знае донаторот,опис,професија,интереси и ти сама си бираш.
    Друг момент за знаење на таткото т.е. е познат/пријател што него не го заштитува во ситуацијава во секој момент жената може да побара судски да и исплаќа алиментација бидејќи според днк т.е. тест за татковство детето ќе испадне негово а на суд тој нема да може да докаже како испаднало да е негово. Многу широка тема за дискусија е. Оправдувам од пријател материјал доколу правно се одговорат и тој и таа како ќе постапуваат во иднина еден кон друг,од аспект да нема злоупотреби и од 2те страни една кон друга а најмалку кон детето.
     
    На Milobebence, LollySky, Желба и 11 други им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Знам за неколку примери во околина. Сите беа жени на околу 40 години горе долу кога се одлучија за ваква опција. Сега си се среќни самохрани мајки. КОлку и како им е тешко и слично не знам, ама полесно им е отколу на разведени самохрани мајки од она што го слушам и од такви и од такви примери.
     
    На Milobebence, Martka, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  14. SkopjeGirl

    SkopjeGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Pa spored mene najdobro e da se ima dete vo sreken brak, no ne sekoj e sreken da najde nekoj so koj ke bide vo sreken brak. I sreknite brakovi se dosta retki. Pa, ovaa opcija so dinoran materjal mislam deka e naj dobra od site ostanati opcii, kako na primer da si vo nesreken brak so dete ili razvedena so dete.
     
    На Milobebence, Someonespecial, makedonkamak и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    5.973
    Која е процедурата за немажени кои сакаат бебе од непознат донатор? Некоја искуство?
     
    На WildMk и Lolo5 им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Не би направила вакво нешто. Себично е некое дете да го донесеш на свет и да му кажеш дека е од епрувета. Детето треба да расте во среќен брак, а татко му треба цел живот, не само колку да го направи. Сакам да родам дете со маж кој ми се допаѓа и да бидам во брак, а не да бидам мајка по секоја цена. Квалитетот на живот е многу важен. Од тоа зависи какво дете ќе израстеш.
     
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    23.475
    Пол:
    Женски
    Se izvinuvam za latinicata pred se. Jas licno celosno poddrzuvam vakva odluka. Se znae deka za sekoe dete najubavo e koga raste pokraj dvajca roditeli no vo slucaj koga stanuva zbor za funkcionalen brak vo koj ima ljubov I razbiranje. Sekoja zena nema prilika da najde dobar soprug, ne znaci deka treba da ja sobere prvata dzukela za oploduvanje koja utre ke I pravi trista problemi I okolu dete I okolu se. Znam nekolku zeni koi biloskiot casovnik vekje gi gazi a nemaat so koj da formiraat semejstvo. Gospod ni dal blagodet da mozeme da ragjame, ako jas tolku mnogu sakam dete a nemam so koj togas I toa kako bi se odlucila na vakov cekor. Podobro sama da se grizam za nego otkolku radi-reda da soberam nekoj samo kolku da se rece deka ima tatko. Ima deca I bez roditeli sto rastat pa nikomu nisto, smetam deka nisto ne be mu nedostigalo I samo so majka.
     
    На eliesaab, Annath, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    54.438
    Пол:
    Женски
    Ем ти иска, ем ти стиска - работава.

    Нема што ние да мислиме, ако ти можеш да се справиш со погледите и осудите од ова општество, а и сама треба да си свесна дека ке добиеш еден куп негативни коментари, тогаш направи го тоа. Доколку си свесна за целиот процес и си спремна да се бориш со сите предизвици на мајчинството, претпоставувам без татко во приказната, тогаш со среќа.

    За нашата средина е крејзи да си атеист, а тоа кажува многу.
     
    На Milobebence, Annath, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    25.118
    Пол:
    Женски
    Не е себично.
    Лошо е ако само за да има детето татко се омажиш со некој и имаш лош брак, брак во кој постојано ќе има кавги, психички/физички малтретирања. Џабе ако детето има татко, а трпи стресови дома.
    Секој сака да има среќен брак, но кога не може да најде некој со кој ќе основа среќно семејство, зошто на ваков начин да не се оствари како родител-мајка? Нема ништо лошо во тоа.
    Што дека некои знаат кој им е татко, па дури и живеат со него, кога не е татко во вистинска смисла на зборот, туку се однесува како некој странец и не му се важни ни дете ни жена.

    И да млада сум и не знам што ми носи животот, сакам да станам еден ден мајка, но не сакам по секоја цена да сум во брак, само за детето да има татко.
     
    На eliesaab, Annath, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  20. SkopjeGirl

    SkopjeGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Pa dobro, ako momentalno nemam partner ne znaci deka za sekogas ke nemam. Moze ponatamu ke najdam nekoj sto mi odgovara i toj bi bil tatko na deteto (iako ne bioloski). Fintata e sto covek mora pred 40 godini da si rodi deca, a partner moze bilo koga da se najde. Ne znaes koga ke ti ispadne srekata.
     
    На WildMk, Желба, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.