1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зачнување со сперма од донатор

Дискусија во 'Бременост' започната од SkopjeGirl, 27 јуни 2018.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зошто некоја која се одлучила на ваков чекор би се грижела за осудите од страна на општеството. Од каде општеството би знаело на каков начин е зачнато детето? Мора ли на сите отчет да им се даде? Може ете некоја случајно забременила и таткото на детето ја напуштил, да не треба да се откаже од него само за да не расте без татко? Искрено јас лично не верувам дека некоја на 25 год. би превзела ваков чекор, повеќе ми оди во глава дека тоа веројатно би била некоја на возраст на која нема долго време за чекање и барање на соодветен партнер. Сигурно на 35-40 год. не би се правдала на некого за мои лични одлуки. Да имам можности, финансиски добро да стојам и да ми е решено стамбено прашање ич око не би ми трепнало за мислењето на роднините или комшиите. Што се однесува до зачнување со пријател/познаник, не би ми паднало ни на крај памет. Во денешно време ни во роден брат човек не треба да има доверба а не пак во пријател. Од каде да знам дека утре нема да ми оспори старателство, да фати врски и да проба да ми земе дете? Се се може кај нас. Може ќе си го види детето па ќе смени мислење, сепак негово е. А реално никој не би се ни нафатил на такво нешто оти секакви жени има, некоја ќе му побара издржување или некоја ќе му дојде на врата после некоја година со дете за рака а он може веќе оформил семејство па ете му после проблем.
     
    На BabyStyle, poenta, *Bridget Jones* и 13 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.526
    Пол:
    Женски
    Не би се нафатила на вакво нешто. Добра опција за оние кои сакаат да бидат самохрани мајки. Искрено, повеќе ми се допаѓа идејата да се најде некој познаник да ти направи дете, без обврски.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Ок те сфаќам. Но, за мене е утеха и едното и другото. Колку да не биде сама, жената ќе роди дете, таа ќе се реализира како мајка, но себичноста е во тоа што на детето ќе му фали татко за се. Не дека другите што имаат татковци им е идеално, но сепак се знае што е идеално за едно дете, да има дом, мајка и татко кои го сакаат и се грижат за него. Ако мајката почине, баба, дедо исто од страната на мајката, што со детето? Си требаат два стабилни родители за воспитување и гледање на дете. Се друго е утеха. На детето ќе му фали родител. Јас сега да ми кажат дека сум од епрувета, ќе се чувствувам грозно во своја кожа. Ќе мислам дека некоја себична жена ме родила само колку мајка да биде без да води сметка за детето, што во иднина. Сепак, луѓе сме, а не роботи. Не се откажувајте, барајте партнер за вас.

    Не се работи за осуда, не е важна осудата, важни се емоциите кај тоа дете. Кога ќе тргне на школо, а ќе знае дека нема татко. Имам случај на дете со разведени родители кое му вели на таткото дека сите деца му се смеат на училиште затоа што само мајка му го земала по часови, а не и татко како и сите други. Детето од мало трпи трауми заради одлуките на родителите. Сама жена не може лесно да изгледа дете денес, посебно ако нема се обезбедено. Од практични причини, таткото му е потребен на детето, за се. за да го однесе на лекар кога треба, да го земе од градинка, школо, кога мајката е на работа, да му обезбеди средства за живот, наследство за во иднина.
     
    Последна измена од модератор: 30 јуни 2018
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Детето нема да е ни епрувета, ни вештачко, туку едноставно ќе биди дете. Доколку е правилно одгледано, со многу љубов, внимание -- нема да има проблем во каква личност ќе порасни.

    Апсолутно поддржувам ако некоја сака дете без татко да роди дете. Детето значи среќа за некои личности, па зошто да се зема тоа од нив, особено ако имаат љубов да ја посветат на тоа дете?

    Према мене дете со пријател без обврска изгледа попримамливо, ама баш зошто е пријател и не е формална ситуација некогаш можат да се искомплицираат односите. Едно е да знај некој дека оставил сперма и можеби ќе има дете, а друго е пријателот да е близок и да го гледа тоа дете, да знае дека е негово.

    И за крај, зошто живееме во такво уназадено општество, дур одеше брат ми во градинка кога го носев се збораше за девојче кое одеше исто таму и е уствари од донор. Уште тогаш ми беше океј, а тоа беше одамна. Искрено, не сакав ни да знам, ама секој ден кога го оставав тоа се шушкаше. Оставете ги луѓето да живеат онака како шо се среќни. Живејте онака како што сте среќни. А јас мајката која е толку храбра да чува дете сама, а сепак е оговарана и омаловажувана - јас ѝ посакувам се најдобро и сигурно е пресреќна зошто покрај себе го има она шо најмногу го сака. И општо некоја ако сака дете ама се плаши од околината -- немој! Ако нешто сакаш, кога ќе го имаш покрај себе, околината е најмалку важна.
     
    На eliesaab, Skyfall, poenta и 7 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Ни една мајка не можеш да ја наречеш себична, без разлика дали одлучила да биде самохрана мајка или да роди дете во брак.
    Секоја мајка е херој. Секоја мајка се бори за своето чедо цел живот, не дозволува влакно да му фали, за своето чедо е спремна да се бори против сите, спремна е да работи многу за да му овозможи пристоен живот, колку и да е уморна, болна не се жали...

    А што е со оние деца на кои таткото починал и мајката останува да се грижи за нив? Што ако и нејзе и се случи нешто?
    Што е со оние деца на кои и двајцата родители им загинуваат во некоја на пример сообраќајна несреќа?
    Не можеш под претпоставка дека нешто ќе и се случи на мајката па ќе нема кој да се грижи за детето, ти да ја етикетираш како себична мајка.

    Кои одлуки? Одлуката да се разведат? Епа подобро среќен развод, отколку несреќен брак. Сакаш да кажеш дека не треба да се разведат, само за детето да не биде етикетирано и да живее и со мајка и со татко? Подобро нека биде етикетирано дека е дете на разведени родители, повеќе ќе биде среќно ако живее само со мајката, отколку да живее во несреќен брак и да доживува секојдневно стресови и да слуша кавги, да биде сведок на малтретирање, тоа е траума за детето, а рекла казала ќе зборат луѓето и на крај ќе престанат, но барем детето ќе биде спокојно во својот дом.


    ***************************

    Туку мене друго ме загрижува, кога станува збор за донатор, кој не знаеш кој е.
    Тој донатор ќе си оформи семејство и ќе си има деца.

    Што ако детето (без разлика дали женско/машко) кое ќе го роди некоја жена со сперма од донатор, еден ден по игра на судбината, без да знае никој ништо, се запознае со дете на донаторот (полубрат/полусестра) и се заљубат, отпочнат врска, па дури и да се земат. Што тогаш?
     
    На 5678m, eliesaab, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Од материјален аспект мајката способна е сама да обезбеди се. Може да има ете од дома добра поткрепа и имот, добар бизнис/работа која ќе и носи многу повеќе финансиски средства отколку на пример некој пар што работи за минимални плати. По однос на обврски, исто така мајката може да се погоди да има време самостојно да си ги врши или пак да побара помош од некого како на пример од нејзините родители или пак да ангажира некоја помошничка да речеме. Има татковци што со прст не мрднале околу децата, се жените трчаат по нив. Ги има ама исто како да ги нема, само проблеми прават и одмагаат наместо да помогнат. А зајадливите невоспитани деца збореле и ќе зборат, ќе најдат тие причина за да чепкаат некое друго дете. Ако му се пружи на детето љубов, мирен и убав живот, мислам дека тие повремени коментари нема да бидат траума за него.
     
    На Nausicaa, Annath, Желба и 4 други им се допаѓа ова.
  7. *Bridget Jones*

    *Bridget Jones* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми е многу жал што вака размислуваш
    Дете од епрувета?????
    Дали секоја жена заслужува да биде мајка?
    Твоето размислување е крајно себично и конзервативно, жално за една млада девојка/жена
     
    На Vojdana, eliesaab, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Дете кое е на тој начин создадено е од епрувета, не е зачнато по природен пат, и тука терминот е јасен, нема ништо спорно, ниту навредливо.

    Секоја жена доколку сака заслужува да биде мајка, и да има среќен брак, дете, маж кој ја поддржува. Се друго е утеха, демек ќе му создаде услови, ќе му надомести се, но реално не е исто, со два и со еден родител. Да не се повикуваме на изговори од типот, има татковци кои не се грижат за децата. Има на тон и мајки и татковци, и жално е. За мене среќата на едно дете е пред се, дури и пред желбата на жената да биде мајка. На зборови се е лесно, но во пракса е тешко. Ретки се тие жени кои самостојно без проблем ќе гледаат дете, да бидеме реални. Имам пример од бивша колешка која на 40 години останала трудна, со партнер кој не сакал подоцна да има обврски откако дошло на свет. Таа 47, а детето само 7 години. Жената веќе не можеше да најде работа, а и бараше да работи само прва смена за да го чека детето дома по школо и да учи со него, готви и слично. На 47 жената имаше 100 брчки од стресови. И додека работеше секој ден беше расеана од проблеми, родителите веќе починале и нема помош, братот си гледа свој живот. Едвај и таа работа што ја имаше за мала плата ја вршеше затоа што паметот и беше на друго место, како да ги реши проблемите. Имаше и колешки кои ја кодошеа дека не си ги завршила работните обврски, ја нарекуваа бабата, вака и вака, збореа кај шефот. Личен избор е, но таа жена што ќе се реши на ваков чекор треба да знае дека цел шлепер со обврски ќе има на грбот во кои тешко ќе плива. Едно е да се каже, друго е да се направи. Викате децата ако го задеваат демек не е важно, јас знам сериозна жена која има трајни последици по психичкото здравје затоа што се вратила од запад и нагло пропаднале, овде биле зафркавана и понижувана во училиште дека е сиромашна, и ден денес тоа го раскажува на сите, не се осамостои, не се омажи, не сака да има деца, не бара работа, како возрасно дете е, и паѓала во депресија баш поради тој шок. Се си остава траги на човека и тоа е за цел живот.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Не ме сфаќаш. Не зборам за околината, тргни ја околината на страна, трауми трпат децата. Детето се срами дека само мајка му го зема од градинка и чувствува дека се двои од другите, дека не е исто среќно како нив. Тоа дете е мало, ајде објасни му дека е подобро да се разведат родителите и дека бракот не оди? Има ли начин да се објасни? На таа возраст не, а кога ќе порасне само ќе сфати. Инаку вториот проблем кој го наметна ти е сериозен. Може да се случи инцест. Може утре без знаење да се венча со сестра пример.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    @Tanjamm , тоа што на школо ги исмеваат децата и што некоја жена ја оговарале и кодошеле на работа, не е проблем оти е самохрана мајка и оти детето нема татко кој со него живее... проблемот се таквите како тебе. Ти и твои деца сте оние кои би им го правеле тежок животот на тие мајки и деца.
    Ако ти немаш такви размислувања, нема ни децата да си ги научиш да му се смеат на некое дете оти татко му не го земал од градинка. Децата учат такви работи од возрасните, не им текнува ним такви глупости.


    Што се однесува до темата.
    Сосема поддржувам. Секоја жена за себе ќе си одлучи како е најдобро.
    Со донор, ми забоде очи само астрономската сума... не знам зошто е толкава?

    Со пријател, и тоа се решава лесно. Со нотарски/судски договор може да се утврдат правата на едниот и другиот во иднина. Ако со време си потпишат споразумен договор дека таткото, во иднина, нема да се обидува да добие старателство врз детето, и дека мајката, во иднина, нема да бара издршка од таткото... проблемот е решен.
     
    На nena2010, Vojdana, SV1911 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    И после тој да бара права за детето и муабети дека ти направил дете. Вака непознат најдобро, ни го знаеш кој е ни тој тебе и детето. Мирна глава цел живот.
     
    На *Bridget Jones*, Meckicja и Ticaa им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Има и за тоа решение, пишав во постот пред твојот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm ете самата пишуваш дека некоја жена била исмевана на училиште дека била сиромашна, значи имала два родитела, а сепак била исмевана. Децата знаат да бидат окрутни и да исмеваат сиромашни деца, деца со постари родители, деца на разведени родители, деца со големи уши или нос, деца што носат фармерки кои не се во мода и да не набројувам, не им треба многу на децата за да исмеваат друго дете.
    И затоа постојат возрасните, да им објаснат како треба да се однесуваат и дека не треба да исмејуваат никого, а не да им префрламе на една огромна група на луѓе зошто родиле деца кои стануваат мета на потсмев на невоспитаните. Според твоево размислување, тогаш ајде и луѓето со мали примања да не раѓаат, бидејќи веројатно и нивните деца ќе ги исмеваат во школо дека се сиромашни.
    Децата треба да ги воспитуваме да знаат како да се ценат и да знаат да се завземат за себе, а не да не ги раѓаме затоа што некој би можел да ги исмева.

    Според мене, таква можност не е апсолутно исклучена, но е толку минимална, што е навистина занемарлива. Колку што знам, за да може една земја да има банка на сперма, треба да има мислам најмалку 4 000 000 жители. Македонија од тие причини не може да има таква банка и нашите клиники соработуваат со странски банки, мислам дека материјалот што го носат кај нас најчесто е од Данска.
    Не знам како е кај нас, но во странските клиники има еден дел од донатори кои даваат согласност еден ден да бидат контактирани, односно да им се знае индентитетот во случај подоцна детето од било која причина да сака да го запознае биолошкиот татко. Секако, во секој случај нема никакви правни обврски према детето.
    Но и да е сокриен идентитетот на донаторот, шансата да детето зачнато од неговата сперма, во некоја друга земја утре се сретне со некое друго негово биолошко дете, според мене е многу помала од на пример шансата жена во брак да има љубовник и да забремени, а потоа да роди дете кое ќе има полубраќа или полусестри за кои нема да знае, бидејќи ќе расте во заблуда во врска со тоа кој му е биолошки татко.

    И да додадам околу тоа дали мајките што зачнуваат со донорска сперма се себични.
    Ако така гледаме, секое родителство е себично, ниедно неродено дете не побарало да биде родено, туку прво се јавува желбата да се има дете кај идниот родител, па потоа доаѓа бременоста и раѓањето.
    Мислам дека ниедно дете нема да ја осуди мајката дека го родила, туку кога ќе биде зрел човек ќе и биде благодарен дека сакала да го има и дека му подарила живот.
     
    Последна измена: 1 јули 2018
    На eliesaab, Ketchup, CaraMia и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Не, не би учела дете да се однесува така. Лошо е тоа. Но, денес децата се многу поневоспитани од порано и исмеваат дури од мали нозе кој како е облечен, што кога јас бев дете беше релативно ретка појава. Не може и жената да биде one man show и да стигне секогаш и секаде. Практично не е можно. Пак ќе кажам, да се каже може, но да се направи нешто е многу потешко. Плус голем ризик е тоа со сперма од донор. Создадени сме да бидеме луѓе, не роботи кои со пари купуваат дури и сперма. Некои работи не треба да се купуваат со пари, туку да се создаде дете од љубов, и од тоа подобар начин нема. Цело е кога има се, се друго за мене лично е само една утеха што може да резултира со негативни ефекти. Мои соседи не му кажуваа на своето дете дека е посвоено од страв да не избега од дома, да не им побегне во очај, а што да се каже на дете од донор утре?
     
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.383
    Пол:
    Женски
    Децата од родителите учат. И да слушнало од друго дете, пак родителот ќе реагира и нема веќе да се потсмева. Инаку, и од епрувета, детето се создава од љубов. Љубовта има многу облици, не само тие што ги знае нашето сиромашко општество. На сиромашко, не мислам на стандард.
     
    На SV1911, Ketchup, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.526
    Пол:
    Женски
    И тоа може да се среди. А јас сакам да знам кој му е татко на детето. Доколку се нафатам на таков чекор.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Исто имаше воспитани и невоспитани деца и порано... барем јас кога бев дете во 80тите и 90тите. Се' зависи од домашното воспитување.
    Има жени кои се финансиски 'добро потковани'. Ако може да плати 3000 евра за донација на сперма, претпоставувам, ќе може да плати и жена за чување. Ионака, најзахтевна обрврската околу децата, е првите неколку години, што се однесува до чување и постојано внимание. Можеби и има некој близок кој би и' помагал, како што пиша некој предходно.

    За 'негативни ефекти'.... во сите видови на семејства има деца со различни проблеми во однесувањето. Децата, освен тоа, си наоѓаат и рол-модели кои им ги 'пополнуваат' празните улоги. Не мора секогаш да биде таткото father figure и мајката mother figure.

    Што се однесува за 'утеха', можам слободно да кажам, според мене, секое дете кое го имаме, без разлика по каков пат е зачнато, е сосема себична одлука :) Знам дека има такви кои ќе 'ми спукаат', но е. Немаме деца од алтруизам кон човештвото или планетата, туку затоа што ние сакаме.
     
    На Желба, SV1911, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  18. *Bridget Jones*

    *Bridget Jones* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Моја премногу блиска пријателка роди дете од донатор
    Не навлегувам премногу во нејзината интима и до детали
    , тоа е нејзина лична работа,
    меѓутоа сега ќерка и има 5год. Животот и го разубави, ја подмлади што би се рекло
    Правам муабет за жена со скромни примања, која животот го посвети на својата ќерка и сега можам да кажам дека посреќна и поисполнета не била никогаш......
    А и пресреќно дете со таква мајка...
    Но сепак постојат и луѓе кој тоа прекрасно и среќно дете би го нарекле "дете од епрувета"
    .....Нашиот менталитет со такво размислување дека деца мора да бидат плод од брак итн итн е премногу назад за жал, и тоа многу Жал!
     
    На mariz, Vojdana, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Она "дете од епрувета"ептен ми боди очи. А детето кое е по "природен"пат добиено како го викате? Дете од путка? :^)
     
    На m346, mariz, Annora и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Што доколку маж на 35 реши да има дете и сам да си го расне без жена /сопруга, или неможе да има дете со сопругата од разни причини?
    Дали може пријателка да му го роди, или некоја непозната женска особа?
    Во Систина има ли таква опција и колку чини?